Дрон „улови“ потпалувач на земјоделски отпад во Сарај

Падна првата пријава против потпалувач, регистриран со помош на дрон на град Скопје.. 

За запален растителен отпад од пластеници земјоделец од сарај ја заработи првата прекршочна пријава за загадување. Фатен на дело со снимки од дрон, земјоделецот кој за отпадот наместо да ги повика службите на градот да го исфрлат бесплатно се одлучил како и во повеќе случаи досега да ги запали заработи казна од илјада евра за палење оган на отворено. Со вонреден иснпекциски надзор со примена на современи технологии кои подразбираат снимање со употреба на дрон инспекторите го идентификувале лицето против кого е поднесена пријавата за прекршок од законот за управување со отпад. Од град Скопје најавуваат дека ова е само почеток на битката со палењето отпад и стрништа бидејќи дронот ќе биде секојдневно ангажиран да ги лови прекршителите од воздух.

-На дронот има и камера за ноќно снимање, па со него ќе се вршат прелети и во текот на ноќта за лоцирање на критичните точки кои предизвикуваат загадување. Инспекторите се континуирано на терен, организирани во дежурства, и ја следат состојбата со загадувачите на животната средина, се вели во ставот на град скопје

Надлежните од град Скопје уште еднаш апелираа до сите земјоделци од скопските општини дека на располагање им стои бесплатна служба која ќе дојде и ќе им ги исфрли растителните отпадоци од нивите или од стрништата само да не се палат. Тоа може да се пријави на телефонскиот број 071 395 395 секој работен ден од 8 до 20 часот, а градот по претходно утврден план и редослед, реонски, бесплатно ќе го собере нивниот растителен отпад и ќе го исфли во „Дрисла“.

Во оваа акција за исфлање отпад првично се пријавиле 38 лица. Досега градот има расчистено 25 стрништа од каде со камиони е собрано 100 кубни метри растителен отпад само да се спречат палењата на стрништа кои се казниви и кои освен што се штетни за земјоделската почва тие се и една од честите причини за појава на пожари и загадување.

Царинските службеници во Грција ќе одржат 48-часовен штрајк следната седмица

Од Федерацијата на царински службеници на Грција соопштија дека цариниците од Независната управа за јавни приходи како и од Министерството за финансии ќе одржат 48-часовен штрајк.

Дводневен штрајк за 2 и 3 април закажаа грчките царинските службеници, што ќе влијае и на сообраќајот на граничните премини од Грција кон соседните земји, меѓу кои и Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Федерацијата на царински службеници на Грција соопштија дека цариниците од Независната управа за јавни приходи како и од Министерството за финансии ќе одржат 48-часовен штрајк, а од Синдикатот на вработени во јавниот сектор преку соопштение изразија поддршка за штрајкот.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, поради 48-часовниот штрајк на цариниците целосно ќе биде во прекин сообраќајот на граничните премини од и кон Грција за товарните возила и секаков вид пратки, додека пак во однос на автомобилите, не е исклучена можноста возилата повремено да се пропуштаат, нешто што ќе се дефинира и појасни непосредно пред почетокот на штрајкот.

Паоло Малдини би можел да се врати во Милан

Легендата на Милан, Паоло Малдини може да се врати во клубот.

Според „pianetamilan.it“ под фотографијата објавена од сопругата на Малдини, Адријана, се појавило прашање дали да го очекуваме функционерот во клубот од Милано. Сопругата на Малдини стави смајли што може да се протолкува како „наскоро“.

Милан го отпушти Малдини во летото 2023 година. Неговите играчки денови во Милан траеја од 1984 до 2009 година. Во овој период со клубот освои 26 трофеи, од кои седум победи во италијанското првенство и пет во Лигата на шампионите.

Малдини ја презеде функцијата технички директор во 2019 година, а од 2018 година работи како директор за стратешки развој. Вкупно, тој помина 36 години во Милан во различни статуси.

Саудиска Арабија за прв пат учествува на изборот за Мис Универзум

Саудиска Арабија ќе учествува на изборот за Мис Универзум 2024 за прв пат во историјата на изборот.

Руми Алкахтани, 27-годишна манекенка и инфлуенсер родена во Ријад, ќе ја претставува Саудиска Арабија на изборот за убавина.

- Чест е да се учествува на изборот за Мис Универзум 2024. Ова е прво учество на Кралството Саудиска Арабија на изборот за Мис Универзум - објави таа на својот Инстаграм профил.

Освен што е крунисана за Мис Саудиска Арабија, Алкахтани ги носи и титулите Мис на Блискиот Исток, Мис на Арапскиот свет за мир 2021 година и Мис жена на Саудиска Арабија.

Таа претходно ја претставуваше Саудиска Арабија на неколку меѓународни натпревари, меѓу кои и оној за Мис Азија, кој се одржа во Малезија, пишува Index.hr.

притисни ентер