Пендаровски: ИФФК „Браќа Манаки" репрезент на македонската филмската уметност во Европа и во Светот

ИФФК „Браќа Манаки" четири децении доследно го чува и почитува наследството што го оставија Јанаки и Милтон Манаки.

,,Ви честитам бидејќи сте вистинските репрезенти и афирматори на филмската уметност и воопшто, на културата во Република Северна Македонија, во Европа и во Светот, истакна претеседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски и свечено го отвори јубилејното 40-то фестивалско издание.

Во своето обраќање до публиката од државата и странство Пендаровски, кој воедно е покровител на ИФФК „Браќа Манаки", рече дека штом еден фестивал ќе доживее 40 години, тогаш за него не велиме дека е стар, туку дека го пронашол трајно своето место во културата на една држава, на еден народ.

-Четириесетгодишниот јубилеј, секако, е резултат и на прецизно конципираниот репертоар низ годините. Филмската уметност е ангажирана уметност која, меѓу другото, зборува и за совеста на општеството. За мене и за многумина, филмските уметници се контракултурните херои кои на филмското платно адресираат дел од најгорливите прашања на нашето време ‒социјалната неправда, човечкото достоинство, бегалците, дискриминацијата, екологијата… Доволно е да ја прелистаме програмата, за да видиме дека огромен број од филмовите се посветени на доминантните теми во светот и кај нас. Тие не само што нè замислуваат, туки и нè охрабруваат да се бориме против рамнодушноста и исклученоста од животот, нè инспирираат да ја почитуваме различноста и со тоа да создаваме општество на еднакви граѓани, кое нуди иста шанса за сите. На сите оние што на каков било начин биле или се денес дел од фестивалот, најмалку што ви посакувам е и во следните 40 години „Браќа Манаки" да биде водечки фестивал во филмската уметност не само во нашата земја туку и надвор од неа, нагласи шефот на државата Стево Пендаровски.

На сцената во Битола со долготраен аплауз беше поздравен лауреатот од САД кинематограферот Едвард Лакман кој со одлука на фестивалот ја доби наградата Златна „Камера 300" за животно дело, а ДФРМ го награди композиторот Љупчо Константинов кој го доби прознанието „Голема ѕвезда на македонскиот филм".

За делото на браќата Манаки, за фотографското и филмско наследство, за придонесот на македонската филмска уметност во светот вечерва во Битола говореа и министерот за култура Хусни Исмаили и градоначалничката Наташа Петровска.

Според програмата, во НУ Центар за култура-Битола беше одржана  проекција на филмот во конкуренција „Болка и слава" на Педро Алмодовар.

Костадинов од граѓанската трибина во Тетово: На 12 април ќе донесеме победа голема како Шар Планина!

Душата ми трепери кога го гледам Тетово сплотено, сите заедно Македонци, Албанци, Турци, Власи, Бошњаци, и други во една цел, да го продолжиме правиот пат. 

Сме сработиле многу. Затоа, на 12 ти април да им покажеме што сме сработиле, дека не ги бива и дека сме многу подобри од нив.

Ова го истакна членот на ИО на СДСМ Костадин Костадинов, вечерва на трибината „На прав пат" во Тетово, додавајќи дека на 12 април ќе донесеме победа голема како Шар планина.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски тврдат дека се патриоти, а на 27 април влегоа во собранието со намера да убијат, рече Костадинов, додавајќи дека се лицемерни.

Бараат пари за опашката на бикот, а само за опашки потрошиле 1 милион евра, истакна Костадинов. Тој додаде дека за 2021 сите ние треба да вратиме 980 милиони евра, за спомениците, барокни фасади, жални врби, сега сакале или не мора да ги враќаме и ги враќаме.

Тетово е парадигма на концептот за едно општество за сите, истакна Костадинов, додавајќи дека за тој едноставен концептот ни требаа цели 11 години да им докажеме на ВМРО - ДПМНЕ дека нема ништо лошо Македонец и Албанец да седат заедно.

Најважно од се е дека успеавме а ја стабилизираме економијата. Од минус 1.8% економијата има раст од 4,1%, рече Костадинов.

Минималната плата ја покачивме на 14.500 денари, планираме да достигне 16.000 денари а просечната 30.000 денари. Пак ќе излеземе пред граѓаните и ќе им погледнеме во очи, бидејќи сме на прав пат, заклучи Костадин Костадинов, вечерва на трибината „На прав пат" во Тетово,се наведува во соопштението на СДСМ.

Сан Франциско забранува приватни возила во центарот на градот

Од следната година во центарот на Сан Франциско ќе бидат дозволени да се возат само такси возила и градскиот превоз.

Поради сообраќајниот метеж на улицата Маркет, Сан Франциско ќе го забрани сообраќајот за приватни автомобили, а градските власти го направија овој чекор затоа што сакаат да го намалат загадувањето, да го направат сообраќајот побрз, да ги направат улиците побезбедни и да станат главно шеталиште.

Ќе бидат забранети „Убер“, „Лифт“ и други начини на транспорт , а пешаците ќе можат само да повикаат такси или да патуваат со јавен превоз, додека приватните возила ќе можат да се движат само по улиците што минуваат преку улицата Маркет, но доколку свртат по неа, ќе бидат казнети.

Џонсон : Ќе направиме пауза за Брегзит , следуваат консултации со ЕУ

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва изјави дека ќе  направи пауза кога станува збор за усвјување на законот за Брегзит .

Вечерва британските пратеници за прв пат го прифатија законот за Брегзит , но гласаа против негово усвојување за краток временски рок.

Говорејќи откако Парламентот го отфрли планираниот временски распоред на владата за донесување на законот, Џонсон рече дека ќе се консултира со лидерите на ЕУ и ја повика Унијата да одлучи како ќе одговори на барањето на Парламентот за одложување на Брегзит.

притисни ентер