Пензионер потрошил 30 000 фунти за судења за сообраќаен прекршок од 100 фунти

Британецот Ричард Кидвел (71) последните неколку години потошил 30 000 фунти на жалби поради казна за пребрзо возење од 100 фунти, па сепак го загубил случајот.

Проблемите на пензионираниот инженер Ричард Кидвел започнаа кон крајот на 2016 година кога беше снимен додека патувал во Ворчестер со 55 км на час во зоната за 50 км на час. Но, тој не се согласувал со тоа ,откако по неколку дена добил известување за тужба. Бил убеден дека не возел премногу брзо, па напишал во документот во кој требало да се изјасни за виновен дека „нема случај“.

 Покрај тоа, ангажирал експерти за видео и електроника за да докаже дека нешто не е во ред со полициската камера за брзина. Но, она што  не го очекувал е почеток на долга и скапа правна битка.

Во текот на последните неколку години, во обид да ја оспори казната од 100 фунти, Кидвел потроши „повеќе од 30 000 фунти“, вклучувајќи околу 21,000 фунти за адвокатски такси и 7,000 фунти во судски и патни трошоци.

Тој очекувал случајот да заврши многу брзо, но наскоро сфатил дека сè оди со многу побавно темпо отколку што замислувал. На пример, одел во Судот во Ворчестер четири пати пред да се сослуша неговата жалба.

Донел и експерт како сведок за да го убеди судот дека камерата за брзина можеби била во дефект или едноставно го снимила автомобилот во соседната лента, но судијата не сакал да ги слушне неговите аргументи.

„Жал ми е за количината пари. Само сакав правда“, вели Кидвел, додавајќи дека го потрошил најголемиот дел од она што сакал да им го остави како наследство на синовите. Иако ги потрошил парите , тој сè уште размислува да се жали на повисок суд.

„Уморен сум и болен од системот што толку ги мачи обичните луѓе“, заклучи пензионерот .

Видео: Успешно полета роботот птица со вистински пердуви

Научници креираа робот со име „PigeonBot“, кој е составен од 40 вистински пердуви и неколку други компоненти.

Додека авионите маневрираат така што ја менуваат позицијата на крилните елементи, птиците тоа го прават со менување на обликот на крилото во зависност од тоа на кој начин летаат.

Токму на тој начин се зголемува ефикасноста на крилјата, па научниците посакаа тие елементи да ги вметнат во летачка машина.

„PigeonBot“ успешно полета и успешно се спушти, што е огромен чекор за еволуцијата на летачките објекти.

Овој летачки робот би тебало да им послужи како инспирација на оние кои конструираат летала но и на оние кои ги проучуваат птиците.

Фолксваген нема да присуствува на саемот во Париз

Германскиот автомобилски гигант и оваа година како во 2018 нема да присуствува на автомобилскиот саем во Париз.

Многу влијателни магазини ја пренесоа информацијата дека Фолксваген нема да се појави на авто- саемот во Париз 2020 годна, што е голем удар за изложбата на автомобили.

Јирген Стакман, еден од директорите за продажба во Фолксваген тоа го потврди во разговор со германските новинари.

„Најверојатно нема да се појавиме во Париз, едноставно имам други планови за оваа година“, кратко објасни Стакман.

ОВој саем секоја година се менува, во парните години е во Париз а вонепарните во Франкфурт.

Саемот во Франкфурт веќе со години губи посетители, на пример во 2017 година имало 810.000 посетители а додека во 2018 биле само 560.000. Поради неприсуството на Фолксваген и оваа година во Париз се очекува пад на посетеноста.

Само пред неколку дена Ламборџини објави дека нема да учествува на саемот во Женева кој е закажан за март месец.

Ова е уште еден доказ дека важноста од појавување на саемите за автомобили се намалува и дека произведувачите се повеќе се одлучуваат самостојно да ги промовираат своите модели и да креираат сопствени изложби.

Тоа се покажало и како поевтино а и помалку се води сметка околу конкурецијата чии штандови на саемите можат да привлечат повеќе внимание.

Инстаграм воведува опција која корисниците долго ја чекаа

Социјалната мрежа Инстаграм полека почна да ја воведува можноста за праќање директни пораки и преку веб страницата.

„The Verge“ пушува дека се работи за тест, а дека опцијата за праќање директни пораки на Инстаграм преку веб страницата ќе им биде овозможена на сите корисници нешто подоцна.

Моментално оваа опција им е достапна на мал процент на корисници.

Праќањето на директни пораки преку веб станицата на Инстаграм ќе функционира на ист начин како и преку апликацијата. Корисниците до директните пораки ќе можат да пристапат од профилот на страницата или преку посебна страница за директни пораки, баш како што е тоа случај со апликацијата. Десктоп нотификациите за директни пораки исто така ќе бидат достапни доколку корисникот ги овозможи во својот интернет пребарувач.

притисни ентер