16- годишно чудо од дете го засени и Меси во Барселона

16- годишниот Ансумане фати го живее својот најубав сон.

Момчето од Гвинеја Бисао вчеравечер постигна гол и во седум минути асистираше за уште еден во големата победа на барса против Валенсија со 5: 2.

Чудесниот Фати го започна натпреварот во Ноу Камп од првата минута, постигнувајќи веќе во третата водечки гол за Барселона. Френки де Јонг ја смести топката десно на 11 јарди, а Фати истрча во и уфрли топката во долниот десен агол како искусен напаѓач, на огромна радост од трибините.

Тоа беше негов втор гол во третиот натпревар за Барса, а во седмата минута ја запиша и првата асистенција во дресот на шпанскиот шампион.

Фати пристигна во Барселона во 2012 година од Севиља како слободен играч, а на 24 јули минатата година го потпиша својот прв професионален договор до летото 2022 година. Тој ја оствари својата деби победа (5-2) против Бетис и на 16 години и 298 дена стана вториот најмлад играч во историјата на Каталонците, 18 дена постар од Виченцо Мартинез, рекордер од 1941 година.

Тој исто така постигна гол против Осасуна и на 16 години и 304 дена стана најмладиот стрелец во историјата на Барселона и трет најмлад во Ла Лига.

Наместо шут за пенал , на стадионот на Интер слета падобранец (ВИДЕО)

Додека Лукаку се подготвуваше да шутира пенал за 3:1 на натпреварот на Интер против Сасуоло во италијанската Серија А, среде стадионот слета падобранец.

Човек со падобран одеднаш слета во центарот на стадионот Мапеи во Реџо Емилија. Слетувањето помина без проблеми и падобранецот веднаш беше изнесен од теренот и одведен во притвор.

Локалната полиција приведе 36-годишник од Милано, кој зад себе има повеќе од 900 скокови со падобран, а кој е обвинет за загрозување на општата безбедност. Новинската агенција АНСА соопшти дека еден човек се јавил во полициска станица и рекол дека има проблем со падобранот и бара место за безбедно слетување.

„Не знаев дека се одвива натпревар. Не сакав никого да повредам. Барав широк простор за да слетам“, изјави падобранецот.

Маскирани и вооружени хулигани го прекинаа мечот меѓу Олимпијакос и Бајерн (ВИДЕО)

Тежок инцидент се случи во јуниорската Лига на шампионите , кога натпреварот во Атина меѓу екипите на Олимпијакос и Бајерн беше прекинат од вооружени и маскирани хулигани.

Хулиганите кои го следат Олимпијакос , во 88-та минута од натпреварот во Лигата на шампионите помеѓу младите на тој клуб и гостинскиот Баерн,маскирани истрчаа на теренот за да се справат со германските навивачи.

Тие ги нападнаа противничките навивачи со факели и палки, предизвикувајќи судијата да ја прекине играта.

Полициските службеници и чуварите сепак успеаја да го вратат редот на стадионот и на трибините, по што натпреварот заврши со победата на Баерн со 4-0.

Брутоално го претепа противникот, па се молеше за неговиот живот (ВИДЕО)

Еден од најбруталните нокаути годинава е забележан во познатата бразилска организација Future ММА на приредбата Jungle Fight 86 .

Џонас Билхарињо го нокаутираше Џуниор Дуарте со брутално летечко колено. Ривалот беше толку повреден што Билхарињо веднаш ја запре прославата, падна на колена и почна да се моли за Дуарте биде во ред.

За Билхарињо ова беше прва борба по три и пол години. Запиша седум победи во својата кариера, само еден пораз и едно реми. По неговиот единствен пораз, тој направи пауза до овој викенд , кој заврши со брутално претепување на  Дуарте.

притисни ентер