Пожарникари и нивните деца настрадаа на забава- Им се урнала терасата на глава (ВИДЕО)

Најмалку 20 лица , од кои повеќето пожарникари се повредени , кога паднале тераси една врз друга на трикатна куќа во време кога се одржувала годишната забава на пожарникарите вио Њу Џерси.

Меѓу повредените , врз кои паднале терасите има најмалку три деца. Сите биле пренесени вио болница и за нивната здравствена состојба нема детални информации. Несреќата се случила вчеравечер по локално време.

Не е јасно колку луѓе имало на или под терасите во тоа време, или колкумина од нив биле пожарникари, но властите соопштија дека тие што биле затрупани , биле набргу извлечени.

Годишната конвенција привлекува илјадници сегашни и поранешни пожарникари во оваа куќа за одмор во Њу Џерси.

Регионалниот здравствен комплекс  Кејп Меј соопшти дека 21 лице биле однесени кај нив, а најмалку три биле деца. Единаесет пациенти биле пуштени на домашно лекување , вклучувајќи ги и сите деца кои биле примени, изјави портпаролката на болницата, Сузан Стагер.

Регионалниот медицински центар во Атлантик Сити соопшти дека најмалку едно повредено лице е однесено кај нив.

Трамп и ЕУ неочекувано најавија прекуатлантски трговски договор

Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен неочекувано објавија во Давос подготвеност да склучат трговски договор во наредните недели, со што треба да се смират духовите од обете страни на Атлантикот.

„Планираме да добиеме договор за неколку недели што ќе може да го потпишеме“, рече Урсула фон дер Лејен, вчера во Швајцарија, на ден по средбата со Доналд Трамп, без да открие други детали.

Целта е да се елиминира опасноста од трговска војна со Вашингтон, а особено постојаната закана на Доналд Трамп да наметне данок од 25 проценти за европските автомобили.

Трансатлантските врски се влошија од доаѓањето на Доналд Трамп, кој го стави американскиот трговски дефицит на врвот на неговиот список со приоритети.

Неименуван европски извор смета дека не станува збор за голем билатерален трговски договор што е технички невозможно да се склучи за неколку недели, но спомнува можност за потпишување на „политичка изјава меѓу Фон дер Лејен и Трамп“, како онаа што беше потпишана во јули 2018 година од Трамп и поранешниот претседател на Европската Комисијата Жан-Клод Јункер.

Фон дер Лејен треба да го посети Вашингтон во наредните недели.

Во 2018 година, САД беа првиот трговски партнер на ЕУ со размена во вредност од 674,1 милијарди евра, а вториот има суфицит од 138 милијарди.

Комесарот за трговија Фил Хоган денеска изјави во Давос дека договорот може да ги опфати технологијата и енергијата. Преговорите ќе траат „недели“ и „месеци“, но „ние зборуваме за 2020 година“, рече тој.

Британец бил ставен во карантин поради коронавирусот : Ме одвлекоа доктори во скафандери

Британец кој ги добил симптомите на инфекција со коронавирус и кој бил ставен во карантин на почетокот од оваа недела, ракажа како е да се биде во изолација.

Крег Дилон од Лондон поминал 12 часа во болница откако се вратил дома од Австралија преку Кина и поминал многу тестови. Резултатите на крајот покажале дека тој е негативен за новиот вид коронавирус и дека всушност на патувањето добил пневмонија.

"Се вратив во Велика Британија во понеделникот. Поминав одмор во Австралија и Тајланд, а на враќање на летав прво во Кина, а од таму во Англија. Се чувствував лошо недела или две. Отидов на работа во средата, но се чувствував полошо и полошо. На крајот, се јавив во службата за итни случаи и ми рекоа веднаш да дојдам во болница “, изјави Дилон за Скај њуз.

„Кога пристигнав во болницата „Ст. Томас“, му реков на мојот лекар дека бев во Кина и Тајланд и дека имам симптоми на грип. Докторот буквално ме извлече од болницата и веднаш ми стави маска за лице. Потоа ме однесе во просторијата за изолација, во карантин , и ми рече да влезам. Чекав таму 30 минути. Беше прилично страшно “, се сеќава тој.

"Докторот и медицинската сестра набргу влегоа во собата облечени во скафандери. Тие беа со мене во собата два часа и ми направија некои тестови. Тешко беше да се разбере сè што кажуваа затоа што носеа маски. Ми правеа повеќе пати тестови на крвта, зедоа брис. од уста и нос. Напишаа сè на хартија и потоа ги ставаа тие белешки на стаклото за да можат лекарите надвор од собата да ги прочитаат. Чекаа со мене за резултатите. За среќа, моите наоди беа негативни на коронавирусот ", рече младиот Британец.

Во Скопје одбележано потпишувањето на Елисејскиот договор помеѓу Франција и Германија

Историското помирување меѓу Германија и Франција пред 57 години познато како Елисејски договор денеска го одбележаа амбасадите на двете земји со проекција на еколошкиот филм „Тајната на шумата" од Лик Жаке.

Амбасадорот на Германија во Скопје, Томас Герберих истакна дека Договорот е основа на историското помирување меѓу двете земји, врз основа на кој сојузната канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Мануел Макрон минатата година го потпишаа договорот за соработка и интеграција во Ахен.

-Со нив сакаме да се справиме со последиците од 21 век. По тој повод, денеска ќе го погледнеме филмот „Тајните на шумата" од Лик Жаке кој ја раскажува приказната за една тропска шума. Темата е интересна за сите нас, за Германија и Франција, но и за Македонија бидејќи покажува колку е фрагилен нашиот свет и колку е значајно, имајќи го предвид уништувањето на животната средина која зема замав, сите ние да покажеме поголемо внимание во односот со нашите ограничени ресорси, порача Герберих.

Првиот советник во Амбасадата на Франција и вршител на должност во отсуство на амбасадорот, Станислас Мрозек нагласи дека Договорот за Француско-германското пријателство е момент на блискост и спојување.

-Бевме сведоци на несогласување и на тензични моменти, проширувањето на ЕУ беше едно од нив, но и едно од најважните. Токму денес повторно ја наоѓаме автентичноста и цврстината на нашите односи. Се прикажува филмот на Жаке прво затоа што е кинематографија, а токму преку седмата уметност Северна Македонија е препознатлива во светот со номинирањето на „Медена земја" за Оскар. „Тајната на шумата" ја покажува посветената битка која ја водат Франција и Германија против климатските вонредни состојби, истакна Мрозек.

Темата на филмот „Тајната на шумата" е џунглата како еколошки систем. Врз основа на густите шуми во Франција, Перу и Габон, се гледа во историјата на еволуцијата, но, исто така, се упатува на опасноста што се крие во иднината доколку природата не се заштити соодветно. 

притисни ентер