Мотоциклист прегазил полицаец на должност

Во населбата Хиподром , 45- годишен мотоциклист удрил во полицаец на должност , кој бил повреден и пренесен во клиничкиот центар.

Вчеравечер во 22.30 часот на Железнички премин на ул.„Благоја Стефковски“ во населба Хиподром, Скопје, З.П.(45) од Скопје, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во полициски службеник кој извршувал службении дејствија.

Во незгодата полицискиот службеник се здобил со повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, соопшти МВР. 

Во јуни државата Франција изгубила судски спор поради загадувањето!

Мајка и ќерка во јуни 2019 добиле судски спор бидејќи државата не успеала да се справи со загадувањето.

Француската држава не успеа да стори доволно за да го ограничи загадувањето на воздухот околу Париз, се вели во пресудата откако мајка и ќерка со респираторни проблемија тужеле државата.

Ова е прв случај од ваков вид, во кој Фарида (52) и нејзината 16 годишна ќерка ја тужеле државата Франција за влијанијата од живеењето близу париската обиколница.

Мајката и ќерката со години боледувале од респираторни болести а кога решиле да се преселат од Парис во Орлеанс нивните симптоми прекинале.

Случајот, пред управниот суд во Монтреал е прв кој приватни лица го покренуваат против францускта држава поради здравствени проблеми предизвикани од загадување на воздухот. Случајот бил подржан и од повеќе групи активисти.

„Државата направи грешка со недоволно преземање на мерки во однос на квалитетот на воздухот“, се вели во соопштението од судот.

Помеѓу 2012 и 2016 државата не успеала да преземе мерки потребни за да ја намаликонцентрацијата на штетните честички во воздухот кои ги надминуваат гранците.

Но, судот ја отфрлил побарувачката за оштета на жената од 160.000 евра, велејќи дека не може да најде директна врска помеѓу нивните здравствени проблеми и неуспесите на државата.

„Ова е историска пресуда за 67.000 Французи кои умираат предвремено секоја година заради загадувањето на воздухот. Денес жртвите од загадувањето не треба да се плашат да одат на суд за да го одбранат своето здравје“, рекол Надир Сафи, Еко активист, по пресудата.

Силен земјотрес ја погоди Индонезија

Силен земјотрес со јачина од 6 степени денес ја погоди најисточната провинција во Индонезија, Папуa, соопшти американската служба за геолошки надзор.

Епицентарот на земјотресот бил на 141 километар западно од градот Абепура, на длабочина од 33,6 километри, се наведува во соопштението.

Индонезискиот центар за земјотреси и цунами соопштил дека земјотресот не може да предизвика цунами  затоа што се случил во внатрешноста на земјата, но ги предупредиле граѓаните да избегнуваат брда поради можно лизгање на земјиштето.

За сега нема извештаи за штета или повредени.

Светската награда за хуманизам за 2020 врачена на академик Георги Старделов

Во предвечерието на големиот христијански празник Богојавление вечерва во Охрид врачена годинешната 14-та по ред Светска награда за хуманизам, за прв пат на македонски лауреат, академик проф. Георги Старделов.

На пригодната свеченост во Куќата на Уранија пред присутните за годинешниот добитник беседа одржа претседателот на Комисијата за доделување на наградата, амбасадор Јордан Плевнеш. То истакна дека преку Светската награда на хуманизмот секој 18 јануари наспроти Богојавление се пренесува идејата за првата Школа на хуманизмот во Средновековна Европа, создадена од Свети Климент и Свети Наум учениците на светите Кирил и Методиј, прогласени за заштитници на Европа 11 века после нивната смрт.

– Академик Старделов станува првиот добитник на Светската награда за хуманизам од Македонија, како автор кој припаѓа на врвот на светската цивилизација, оттаму што кога тој ќе ја изговори парадигмата „Велт шмерц", и македонскиот станува дел од светскиот бол. Кога Вие ќе изговорите светска филозофија, Македонија ја добива со Вас потпорната Архимедова точка, кога ќе речете светска историја го одредувате местото на Македонија…Вашата трајна база се светите Климент и Наум, Света Софија, климентовиот и наумовиот манастир, Курбиново, Бгомилите, народното творештво со сите негов форми и се она што го создал македонскиот творечки дух, рече меѓу другото амбасадорот Плевнеш.

Наградата на лауреатот му ја врачи градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, кој рече дека на вечерта кога сме најблиску до Бога, Охрид со чиста љубов и мисла се поклонува пред делото на академик Старделов, кој со своите величенствени троречки достигнувања успеа да ја извиши оваа земја Македонија до највисоките културни меридијани.

– Старделов е автор со импозантен опус дела од доменот на филозофијата, естетиката и критичката мисла, објавени на многу јазици на сите пет континенти, рече тој заблагодарувајќи се на Академијата на хуманизмот што преку организирањето на оваа величенствена манифестација се активира генетскиот код и колективната меморија на првата Средновековна Школа на хуманизмот на Светите Кирил и Методиј.

Лауреатот Старделов своето обраќање пред присустните посочи на предизвикот со кој се соочува човекот во денешницата, дека по Хирошима се одвива големата ако не и најголемата глобална криза, што ги загрозува сите облици на животот како таков.

– Веќе нема на земјата такво забрането овошје и зелена фиданка која човекот на се обидел да ја скине или оскврнави. Со тоа стана јасно дека се е од и до човекот. Затоа и решението треба да се бара во надминувањето на стариот, излетениот дури и лицемерен хуманизм, со еден нов охридски, со еден животворен природен хуманизам кој ќе го надвладее времето на изгубената човекова блискост со природата и луѓето, време во кое ќе може да се дојде до неминовно освествување на човекот, својот опстој на планетата Земја да го здружи со природата во едно неразлачно единство и со нова надеж љубов и взаемна искрена почит, рече Старделов.

На свеченоста беше прочитана и пораката како и поемата што за годинешниот лауреат ја напиша и испрати Жан-Патрик Конрад, професор на „Ројал колеџ" од Лондон и претседател на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите.

Во рамки на годинешните чествувања на хуманизмот, со посебно признание ќе му биде оддадена почит на неодамна починатиот бугарски академик Светлин Русев, добитник на Светската награда за хуманизам во 2014 година, автор на спомен обележјето „Охрид – Центар на светскиот хуманизам" што ќе биде свечено поставено на плоштадот „Долна Порта".

притисни ентер