Сноуден , кој се крие во Русија , се надева Макрон да му даде азил во Франција

Американскиот свиркач Едвард Сноуден се надева дека Франција ќе му даде азил , вели во интервју за француското радио Интер што ќе биде објавено утре.

Сноуден вели дека би сакал францускиот претседател Емануел Макрон да му овозможи живот во неговата земја. За сега не се знае кога и каде е направено интервјуто.  

- Не е само Франција, туку западниот свет, системот во кој живееме. Заштита на свиркачи не е непријателски чин. Да се прифати некој како мене, не значи напад на САД “, рече Сноуден за изјавите.

Сноуден, американски свиркач, живее во Русија од 2013 година, каде што избегал и добил азил и добил дозвола за престој до 2020 година.

Многу активисти за човекови права го сметаат за херој, а американските власти сакаат да го тужат за објавување класифицирани информации и го обвинија за шпионажа и откривање државни тајни.

На 17 септември Сноуден ќе ги објави своите мемоари во дваесетина земји, вклучувајќи ги САД, Франција, Германија, Велика Британија, Бразил, Тајван.

Костадинов од граѓанската трибина во Тетово: На 12 април ќе донесеме победа голема како Шар Планина!

Душата ми трепери кога го гледам Тетово сплотено, сите заедно Македонци, Албанци, Турци, Власи, Бошњаци, и други во една цел, да го продолжиме правиот пат. 

Сме сработиле многу. Затоа, на 12 ти април да им покажеме што сме сработиле, дека не ги бива и дека сме многу подобри од нив.

Ова го истакна членот на ИО на СДСМ Костадин Костадинов, вечерва на трибината „На прав пат" во Тетово, додавајќи дека на 12 април ќе донесеме победа голема како Шар планина.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски тврдат дека се патриоти, а на 27 април влегоа во собранието со намера да убијат, рече Костадинов, додавајќи дека се лицемерни.

Бараат пари за опашката на бикот, а само за опашки потрошиле 1 милион евра, истакна Костадинов. Тој додаде дека за 2021 сите ние треба да вратиме 980 милиони евра, за спомениците, барокни фасади, жални врби, сега сакале или не мора да ги враќаме и ги враќаме.

Тетово е парадигма на концептот за едно општество за сите, истакна Костадинов, додавајќи дека за тој едноставен концептот ни требаа цели 11 години да им докажеме на ВМРО - ДПМНЕ дека нема ништо лошо Македонец и Албанец да седат заедно.

Најважно од се е дека успеавме а ја стабилизираме економијата. Од минус 1.8% економијата има раст од 4,1%, рече Костадинов.

Минималната плата ја покачивме на 14.500 денари, планираме да достигне 16.000 денари а просечната 30.000 денари. Пак ќе излеземе пред граѓаните и ќе им погледнеме во очи, бидејќи сме на прав пат, заклучи Костадин Костадинов, вечерва на трибината „На прав пат" во Тетово,се наведува во соопштението на СДСМ.

Сан Франциско забранува приватни возила во центарот на градот

Од следната година во центарот на Сан Франциско ќе бидат дозволени да се возат само такси возила и градскиот превоз.

Поради сообраќајниот метеж на улицата Маркет, Сан Франциско ќе го забрани сообраќајот за приватни автомобили, а градските власти го направија овој чекор затоа што сакаат да го намалат загадувањето, да го направат сообраќајот побрз, да ги направат улиците побезбедни и да станат главно шеталиште.

Ќе бидат забранети „Убер“, „Лифт“ и други начини на транспорт , а пешаците ќе можат само да повикаат такси или да патуваат со јавен превоз, додека приватните возила ќе можат да се движат само по улиците што минуваат преку улицата Маркет, но доколку свртат по неа, ќе бидат казнети.

Џонсон : Ќе направиме пауза за Брегзит , следуваат консултации со ЕУ

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва изјави дека ќе  направи пауза кога станува збор за усвјување на законот за Брегзит .

Вечерва британските пратеници за прв пат го прифатија законот за Брегзит , но гласаа против негово усвојување за краток временски рок.

Говорејќи откако Парламентот го отфрли планираниот временски распоред на владата за донесување на законот, Џонсон рече дека ќе се консултира со лидерите на ЕУ и ја повика Унијата да одлучи како ќе одговори на барањето на Парламентот за одложување на Брегзит.

притисни ентер