Крваво црвено небо во Индонезија (ВИДЕО)

Во Индонезија е забележан редок природен феномен со крваво црвено небо.

Небото стана темно црвено поради гиолемиот број пожари што ја зафатија провнцијата Џамби.

Секоја година пожарите во Индонезија создаваат магла која може да го покрие целиот регион на Југоисточна Азија. Може да биде црвена по боја заради феноменот наречен ,,Расејување на светлината’ , исто како што предизвикува сина нијанса на небото во текот на денот, а црвена на зајдисонце. Тоа е расејување на светлината што се случува кога електромагнетните бранови се судираат со честички во атмосферата.

"Во маглата од чад има претежно честички од околу 1 микрометар, но тие не се одговорни за промена на бојата на светлината. Овие се помали честички, од околу 0,05 микрометар или помалку. Не постојат многу, но доволно од нив да ја претвори дифузната светлина од сина во друга боја “, рече климатологот Кох Тие Јонг од универзитетот во Сингапур.

"Поради фактот дека фотографиите се направени околу пладне, небото изгледа уште поцрвено. Ако сонцето е над вас и погледнете нагоре, ќе погледнете во линијата на сонцето, така што поголемиот дел од небото се чини дека е црвено", рече тој.

Доктор за младешкиот изглед на Анџелина Џоли (48): „Тоа се должи на една операција“

Анџелина Џоли го привлече вниманиото на неодамнешната премиера на Бродвеј на мјузиклот „The Outsiders“, чиј продуцент е и таа.

Нејзините фотографии од овој настан се проширија на социјалните мрежи, а фановите ја опсипуваа со коментари и напишаа дека е „најубавата жена на светот“ и дека изгледа „се помладо“.

Британскиот пластичен хирург Џони Бетериџ, кој често ги анализира лицата на познатите на социјалните мрежи, во видео на Инстаграм ја коментираше безвременската убавина на 48-годишната актерка.

„Анџелина има неверојатно убави црти на лицето“, истакна тој.

Тој ги спореди нејзините стари и нови фотографии и заклучи дека се видливи траги од естетската хирургија. Тој верува дека младешкиот изглед на Анџелина се должи на операцијата наречена „deep plane facelift“, која дава природен изглед. Имено, се работи за хируршка процедура која се користи за подмладување на лицето и вратот.

Џони претходно го анализираше лицето на Бред Пит откако луѓето на социјалните мрежи напишаа дека не им се верува колку добро изгледа актерот на 60 години.

Извор: Индекс.хр

Ндика ја напушти болницата „без срцева патологија“

Дефанзивецот на Рома, Еван Ндика (24), кој колабираше на теренот поради болки во градите на натпреварот против Удинезе во неделата, ја напушти болницата во Удине.

„Новите прегледи покажаа дека тој не боледува од срцева патологија“, соопшти вечерва неговиот клуб.

Ндика колабираше на теренот со болки во градите во 72. минута од натпреварот. Медицинската служба веднаш влезе на теренот, опремена со дефибрилатор, кој не беше употребен. Фудбалерот од Брегот на Слонова коска беше изнесен на носилки, во свесна состојба и веднаш беше пренесен во локалната болница, а натпреварот прекинат.

- На првиот и вториот степен на кардиолошки прегледи кои беа извршени не е откриена срцева патологија. Со оглед на последните прегледи направени во понеделник наутро, клиничката слика е компатибилна со градна траума со минимален лев пневмоторакс. Нови прегледи ќе бидат направени подоцна во Рим“, соопшти Рома.

Дуелот беше прекинат при резултат 1-1, а италијанската лига до крајот на неделата мора да го објави датумот на завршување на натпреварот кој е важен за двете екипи. Рома е во трка за пласман во Лигата на шампионите, а Удинезе се бори за опстанок во Серија А. /МИА

Педри сака да остане во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец Педри потврди денеска дека неговите планови се да остане во Барселона,

„Многу сум смирен бидејќи знам дека Барселона ќе го исполни тоа што ми го вети. Веќе разговаравме за новиот договор. Барса отсекогаш бил клубот од моите соништа“, изјави 21-годишниот шпанскиот репрезентативец.

За новиот договор меѓу Барселона и Педри, според добро информираниот италијанскиот новинар Фабрицио Романо, ќе се разговара во наредните недели.

Педри дојде во Барселона од Лас Палмас во 2020 година./МИА

притисни ентер