НАСА во 2022 ќе се обиде да пренасочи астероид (ВИДЕО)

Меѓународните вселенски агенции решија леталото на НАСА намерно да го судрат со астероидот Дидимос Б, помалиот во бинарниот астероиден сситем Дидимос , за да ја пренасочат траекторијата на астероидот.

На тој начин научниците сакаат да вежбаат заштита на нашата планета од иден можен судир со астероид.

Веројатно е дека многумина сега се присетија на разни научно-фантастични филмови со слична тема, во кои научниците се обидуваат да разнесат астероид и со тоа да го спасат светот. Во некои сценарија, тоа тргна наопаку, а во некои не. Но, сега веќе не е измислен заговор, туку вистински настан, а прашањето е - дали треба да се плашиме?

Европската вселенска агенција (ЕСА) и НАСА најавија уште во 2015 година започнување на заеднички проект за проценка на влијанието на астероидот и редирекција (АИДА), но неодамнешните откритија од други мисии на астероиди ги сменија некои од нивните концепти, пренесува Science Alert.

На пример, кога вселенското летало на ЈАХА, Хајабуса-2 го бомбардираше астероидот Рјугу во април годинава, тој направи многу поголем кратер од очекуваното. Покрај тоа, таа беше забележано дека материјалот на површината на астероидот се однесува како песок; што може да влијае на ефикасноста на кинетичката девијација.

"Кога Хајабуса-2 беше бомбардиран од астероид, тој не покажа кохезија на површината и реголитот се однесуваше како песок. За време на овој процес, гравитацијата беше доминантна, а не внатрешната јачина на материјалот од кој беше направен астероидот", објасни планетарниот научник Патрик Мишел од Францускиот национален центар за научни истражувања (CNRS).

"Ако гравитацијата е исто така доминантна на Дидимос Б, ние би можеле да завршиме со многу поголем кратер од предвиденото од моделите и лабораториските експерименти. Всушност, многу малку знаеме за однесувањето на помалите вселенски тела и тоа може да има големи последици за планетарната одбрана “, додаде тој.

Лансирањето на леталото на НАСА, Double Asteroid Redirection Test (DART) се очекува во јули 2021 година , а судирот со астероидот во септември 2022 година. Судирот ќе го сними мал уред ,кој ќе се одвои од DART пред него, а телескопите на Земјата ќе го следат последователното однесување на Дидимос Б за да утврдат дали е сменета неговата патека.

Ова е проследено со вториот дел од мисијата, кога во 2023 година ЕСА ќе ја испрати Хера, помало вселенско летало за набљудување , кое треба да стигне до Дидимос Б во 2027 година и подетално да го набљудува.

Бинарот на Дидимос, научниците го сметаат за совршено место за тестирање на редирекција на астероидната траекторија. Тоа е предмет што поминува близу Земјата , но чија патека не е насочена кон нашата планета, што значи дека тестирањето не треба да тргне по лошо.

Гласаат членовите на ИО кои заминуваат во странство за претседателските избори во дијаспората

Гласањето за претседателските избори почнува со членовите на 31 избирачки одбор кои треба да го спроведат гласањето во странство.

Тие денеска пред заминување во странство гласаат во просториите на државната изборна комисија станува збор за 191 лице.

Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии во вторник, на 23 април, на ден пред седмите претседателски избори во земјата, од 7 до 19 часот по локално време, врз основа на прифатените 2.571 пријави на наши државјани, гласање треба да се спроведе во триесеттина градови во странство.

Гласање за парламентарните избори на 8 мај нема да се спроведе бидејќи немаше доволен број пријавени наши државјани.

ДИК продолжува со организацијата на двојните избори. Се дистрибуира недоверливиот материјал, додека утре ќе започне дистрибуцијата на доверливиот материјал

Инаку, вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април.

Проекција на „Големата вода и „Црвените булки над ѕидовите“ во Кинотека

На 27 април, во Кинотеката ќе се одржи проекција на „400 удари“ на Франсоа Трифо, снимен во 1959 година.

Во рамки на концептот на Кинотеката насловен „Разлики кои не обединуваат“, на 25 април ќе биде прикажан долгометражниот игран филм на Иво Трајков „Големата вода“ снимен во 2004 година, а следниот ден, 26 април, „Црвените булки над ѕидовите“ од 1976 година во режија на Димитер Анагности.

На 27 април, во Кинотеката ќе се одржи проекција на „400 удари“ на Франсоа Трифо, снимен во 1959 година.

Како што соопштија од Кинотеката, овие филмови се, пред сè, избрани поради своите „сличности и паралели“ во тематиките, како и во нивната филмска обработка и пристап.

-Но, исто така, битно е да се истакне и дека „Црвените булки на ѕидовите“ неодамна е дигитализиран во 4К резолуција, а „Големата вода“ оваа година го прославува дваесетгодишниот јубилеј од својата премиера. И, се разбира, дека филмот „400 удари“ на Трифо, според францускиот филмски магазин „Cahiers du cinema“ (Каје де Синема) е повеќе од ремек-дело и станува збор за еден од најaмблематичните филмови во поствоениот период на француската филмска продукција, потенцираат од Кинотека. /МИА

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

притисни ентер