Водоинсталатер го воодушеви светот – му донираа 80 000 фунти за хуманоста

За само неколку дена Британците собраа 80 000 фунти и му ги донираа на скромниот водоинсталатер , кој не сакал да им наплатува за поправките на пензионери , иако бил пред банкрот.

Водоинсталатерот Џејмс Андерсон од местото Барнли ризикувал да банкротира , кога ја затворил занаетчиската фирма и ја отворил непрофитната организација ,, Depher” , за да може да им помага на луѓето низ Ланкашир.

Тој стана популарен во Британија пред неколку дена кога на социјалните мрежи се појави сметката од нула фунти за поправки што ги направил во домот на 91 годишна старица , болна од леукемија.

Наеднаш , од целиот свет почнаа да пристигнуваат донации, со кои може да си ги отплати долговите ,а луѓето го канат да дојде кај нив на одмор.

„Луѓето сакаат да започнат со ова во Америка, Франција и Австралија и сите ме контактираа за совет за тоа како да го направат тоа во нивните земји“, рече Андерсон. „Се надевам дека можеме да ги собереме сите заедници за една заедничка цел низ целиот свет, така што сите стари и инвалидни лица, не само во Велика Британија, можат да имаат корист од вакво нешто во општеството“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

THE END HAS COME Depher common interest community company. Delivered life saving emergency repairs to every elderly and disabled person and family that contacted us for urgent help. Today was the last job, JOB NUMBER 2304. During our short lived initiative over 2 years we done what is listed below. 1, Saved 346 people from gas leaks. 2, Saved 149 people from carbon monoxide. 3, Saved 249 people from dangerous boilers. 4, Saved 92 people from rogue traders. 5, Helped 1384 families with plumbing repairs. 6, Helped 15 families with bailiff payments. 7, Helped 11 families with gas and electric. 8, Helped 16 families with free boilers. 9, Helped 27 families with free radiators 10, Helped 12 families with boiler controls. 11, Donated £900 to truan sands children's charity 12, Donated £1320 to the lancashire regiment 13, Donated £534 to The crime prevention magazine. 14, Donated £494 of tinned food to the community kitchen. 15, Donated £165 of clothing to the community kitchen. 16, Donated clothes, toys and vouchers to 2 local community centres. 17, Free plumbing repairs to the community kitchen to keep it open and available. For you all to use. 18, Free plumbing repairs to Gannow lane community centre. We have estimated to have used £87,442,36 This figure is estimated and could be higher. We are proud of what we have done and we are proud about who we have helped We have a bigger family now and you will forever be part of our lives, memories and most importantly our community family. The winter will soon arrive and if i can ask you for one thing only, please i beg you to look in on your elderly or disabled relative, neighbour's and friends. We will not be in a position to help them but you will be, it takes one call to save a life, i know this because i have witnessed it for myself many times. I wish you all the best for the future and i send my love to you all, i will always be on the end of the phone to give you advice if you ever need to ask me about anything. Thank you so much James Anderson #love #community #humanity

A post shared by Mr James Anderson (@depheruk) on

Андерсон, кој досега им помогнал на илјадници луѓе, потврди дека од понеделникот примил 79.767 фунти, велејќи дека пред да стане славен на интернет преку ноќ, тој едвај ги плаќал своите основни сметки. Сега сака да ги искористи донациите за да го прошири својот бизнис низ целата земја.

„Ова е само почеток на нешто што може да биде глобално“.

Се појави најмалиот персонален компјутер на светот (ВИДЕО)

iLife MP8 Micro PC е вистинскиот џуџест персонален компјутер.

Има димензии од 50х50х40 милиметри и може лесно да се изгуби поради минијатурните димензии.

„Mini box“, сепак, со помош на Wi-Fi приклучок , безжична тастатура и маус, станува персонален компјутер со прилично цврста конфигурација за неговата големина, дизајниран за основни работи.

Ова „џуџе“ се напојува со процесор Intel Celeron N4100. Опремен е со 4 GB RAM меморија и 64 GB внатрешно складирање eMMC.

Слот за microSD, порта за HDMI, две порти за USB 3.1, аудио излез од 3,5 мм и приклучок за напојување USB Type-C се одговорни за проширување на меморискиот капацитет и поврзување со други уреди.

ILife MP8 Micro PC го користи оперативниот систем Виндоус 10 и веројатно е во моментов еден од најмалите Win 10 компјутери.

Бидејќи неодамна имаше премиера во матичниот Хонг Конг, цената сè уште не е позната.

Ќерката на Ума Турман објави снимка на која е гола и пијана (ВИДЕО)

Ќерката на Ума Турман и на Итан Хок , Маја, ги шокираше фановите на Инстаграм , каде објави снимка како шета гола и пијана низ студијата во Лос Анџелес.

"Еј, добредојдовте во животот на филмска sвезда. Ако некогаш сте се запрашале како е да се биде славен, еве ви. Тоа е многу гламурозно и секси и сите сакаат да спијат со вас и да ве сакаат цело време", зборува Маја во бизарно видео.

„Луѓето ви даваат многу бесплатна храна и бесплатна облека и бесплатен алкохол. Јас скоро никогаш не плаќам за ништо“, продолжува таа.

21-годишната актерка исто така призна дека се снимала пијана, а се верува дека се појавила на сетот на нејзиниот нов филм „Мејнстрим“, кој треба да излезе следната година. Инаку, Маја се појави во серијалот Stranger Things и во хитот на Тарантино Once Upon a Time in Hollywood.

Американка намерно го попарила тригодишното дете со врела вода (ВИДЕО)

Мајката на четири деца , Патриша Бухан од Њу Џерси признала дека тригодишното дете намерно го попарила со жешка вода.

Таа наводно сакала да го казни детенцето зашто се измокрило на подот на нивниот стан.

Патриша Бухан призна денеска во судот дека му наредила на детето да ја соблече облеката и да влезе во када, по што го потурила со зовриена вода од тенџере и му нанела изгореници од втор степен, јавува Њујорк пост. Според извештајот на обвинителот, Патриша Бухан не била поврзана со момчето.

„Детето ги живееше првите три години од својот живот во куќа на ужасот“, рече помошникот на окружниот правобранител Мајкл Морис и заклучи дека откако го добил признанието, случајот во декември ќе биде решен.

Мајката на момчето, Наташа Смит, живеела со Патриша Бухан и уште тројца возрасни во станот, и сите се обвинети за напад и загрозување на благосостојба на детето.

Пресудата за Бухан се очекува на 6 декември и таа се соочува со шестгодишна затворска казна, додека обвиненијата се во тек против другите лица кои живееле во истиот стан.

притисни ентер