Меси е најдобриот фудбалер на светот

Меѓународната фудбалска федерација го прогласи Лионел Меси за најдобар играч на светот во сезоната 2018/19 .

Фудбалерот на Барселона и на репрезентацијата на Аргентина ја доби наградата за најдобар  играч на гала вечерта во миланскиот  Театро ала Скала, , со што го наследи Лука Модриќ како најдобар играч на светот.

Меси ги освои гласовите на националните селектори ,капетани и новинари ширум светот.

Тој триумфираше пред Виргил ван Дијк и Кристијано Роналдо. Португалецот дури и не присуствуваше на церемонијата на доделување награди.

ФИФА ја доделува оваа награда заснована на перформансите на играчите во натпреварувачката сезона која е зад нас (2018/2019), а не во календарската година како што беше порано.

Потсетуваме дека наградите за Светски фудбалер на годината на ФИФА до сега ги добиле Лотар Матјус (1991), Марко ван Бастен (1992), Роберто Баџо (1993), Ромарио (1994), Џорџ Веј (1995), Роналдо (1996, 1997 и 2002), Зинедин Зидан (1998, 2000 и 2003), Ривалдо (1999), Луис Фиго (2001), Роналдињо (2004 и 2005), Фабио Канаваро (2006) .), Кака (2007), Кристијано Роналдо (2008, 2013, 2014, 2016 и 2017), Лионел Меси (2009, 2010, 2011, 2012 и 2015) и Лука Модриќ ( 2018).

Алисон (Ливерпул / Бразил) беше прогласен за најдобар голман, а Јирген Клоп (Ливерпул) стана најдобриот тренер на светот.

Во најдобрата екипа се Алисон (Ливерпул / Бразил), Марсело (Реал Мадрид / Бразил), Серхио Рамос (Реал Мадрид / Шпанија), Виргил ван Дијк (Ливерпул / Холандија), Матијс де Лигт (Ајакс, Јувентус / Холандија), Лука Модриќ (Реал Мадрид / Хрватска), Френки де Јонг (Ајакс, Барселона / Холандија), Еден Хазард (Челси, Реал Мадрид / Белгија), Кристијано Роналдо (Јувентус / Португалија), Килијан Мбапе (ПСЖ / Франција) и Лионел Меси (Барселона / Аргентина).

Фудбалерот на Дебрецен, Даниел Шори ја доби наградата за најдобар шут во сезоната.

Наградата за фер-плеј му припадна на менаџерот на Лидс, Марсело Биелс, кој му нареди на неговиот тим да му прости гол на Астон Вила, бидејќи неговите играчи поведоа,  додека еден од нивните противници лежеше на тревата. Лидс не влезе во Премиер лигата заради тој примен гол.

Што се однесува до добитниците на женски фудбал, најдобар играч е Алекс Морган (Орландо Прајдс / САД), а најдобар тренер е Џил Елис (САД).

Наместо шут за пенал , на стадионот на Интер слета падобранец (ВИДЕО)

Додека Лукаку се подготвуваше да шутира пенал за 3:1 на натпреварот на Интер против Сасуоло во италијанската Серија А, среде стадионот слета падобранец.

Човек со падобран одеднаш слета во центарот на стадионот Мапеи во Реџо Емилија. Слетувањето помина без проблеми и падобранецот веднаш беше изнесен од теренот и одведен во притвор.

Локалната полиција приведе 36-годишник од Милано, кој зад себе има повеќе од 900 скокови со падобран, а кој е обвинет за загрозување на општата безбедност. Новинската агенција АНСА соопшти дека еден човек се јавил во полициска станица и рекол дека има проблем со падобранот и бара место за безбедно слетување.

„Не знаев дека се одвива натпревар. Не сакав никого да повредам. Барав широк простор за да слетам“, изјави падобранецот.

Маскирани и вооружени хулигани го прекинаа мечот меѓу Олимпијакос и Бајерн (ВИДЕО)

Тежок инцидент се случи во јуниорската Лига на шампионите , кога натпреварот во Атина меѓу екипите на Олимпијакос и Бајерн беше прекинат од вооружени и маскирани хулигани.

Хулиганите кои го следат Олимпијакос , во 88-та минута од натпреварот во Лигата на шампионите помеѓу младите на тој клуб и гостинскиот Баерн,маскирани истрчаа на теренот за да се справат со германските навивачи.

Тие ги нападнаа противничките навивачи со факели и палки, предизвикувајќи судијата да ја прекине играта.

Полициските службеници и чуварите сепак успеаја да го вратат редот на стадионот и на трибините, по што натпреварот заврши со победата на Баерн со 4-0.

Брутоално го претепа противникот, па се молеше за неговиот живот (ВИДЕО)

Еден од најбруталните нокаути годинава е забележан во познатата бразилска организација Future ММА на приредбата Jungle Fight 86 .

Џонас Билхарињо го нокаутираше Џуниор Дуарте со брутално летечко колено. Ривалот беше толку повреден што Билхарињо веднаш ја запре прославата, падна на колена и почна да се моли за Дуарте биде во ред.

За Билхарињо ова беше прва борба по три и пол години. Запиша седум победи во својата кариера, само еден пораз и едно реми. По неговиот единствен пораз, тој направи пауза до овој викенд , кој заврши со брутално претепување на  Дуарте.

притисни ентер