Фото: Моника Белучи има нова фризура!

Една од најубавите жени на светот, италијанската актерка Моника Белучи се потстрижа и стана опасна.

Убавата Моника  одлучила драстично да го промени својот имиџ.

Преубавата актерка која беше гостинка на ревијата на модната куќа „Долче и Габана“ во рамките на Неделата на модата во Милано, на црвениот тепих се прошета  со нова фризура.

Моника на црвениот тепих во Милано се појави во бел костум под кој носеше црна проѕирна кошула, но овој стајлинг сепак беше во сенка на нејзината нова фризура.

За оваа промена е заслужен познатиот фризер Џон Нолет, кој се грижи за фризурите на многу познати дами  во Холивуд.

Видео: Успешно полета роботот птица со вистински пердуви

Научници креираа робот со име „PigeonBot“, кој е составен од 40 вистински пердуви и неколку други компоненти.

Додека авионите маневрираат така што ја менуваат позицијата на крилните елементи, птиците тоа го прават со менување на обликот на крилото во зависност од тоа на кој начин летаат.

Токму на тој начин се зголемува ефикасноста на крилјата, па научниците посакаа тие елементи да ги вметнат во летачка машина.

„PigeonBot“ успешно полета и успешно се спушти, што е огромен чекор за еволуцијата на летачките објекти.

Овој летачки робот би тебало да им послужи како инспирација на оние кои конструираат летала но и на оние кои ги проучуваат птиците.

Фолксваген нема да присуствува на саемот во Париз

Германскиот автомобилски гигант и оваа година како во 2018 нема да присуствува на автомобилскиот саем во Париз.

Многу влијателни магазини ја пренесоа информацијата дека Фолксваген нема да се појави на авто- саемот во Париз 2020 годна, што е голем удар за изложбата на автомобили.

Јирген Стакман, еден од директорите за продажба во Фолксваген тоа го потврди во разговор со германските новинари.

„Најверојатно нема да се појавиме во Париз, едноставно имам други планови за оваа година“, кратко објасни Стакман.

ОВој саем секоја година се менува, во парните години е во Париз а вонепарните во Франкфурт.

Саемот во Франкфурт веќе со години губи посетители, на пример во 2017 година имало 810.000 посетители а додека во 2018 биле само 560.000. Поради неприсуството на Фолксваген и оваа година во Париз се очекува пад на посетеноста.

Само пред неколку дена Ламборџини објави дека нема да учествува на саемот во Женева кој е закажан за март месец.

Ова е уште еден доказ дека важноста од појавување на саемите за автомобили се намалува и дека произведувачите се повеќе се одлучуваат самостојно да ги промовираат своите модели и да креираат сопствени изложби.

Тоа се покажало и како поевтино а и помалку се води сметка околу конкурецијата чии штандови на саемите можат да привлечат повеќе внимание.

Инстаграм воведува опција која корисниците долго ја чекаа

Социјалната мрежа Инстаграм полека почна да ја воведува можноста за праќање директни пораки и преку веб страницата.

„The Verge“ пушува дека се работи за тест, а дека опцијата за праќање директни пораки на Инстаграм преку веб страницата ќе им биде овозможена на сите корисници нешто подоцна.

Моментално оваа опција им е достапна на мал процент на корисници.

Праќањето на директни пораки преку веб станицата на Инстаграм ќе функционира на ист начин како и преку апликацијата. Корисниците до директните пораки ќе можат да пристапат од профилот на страницата или преку посебна страница за директни пораки, баш како што е тоа случај со апликацијата. Десктоп нотификациите за директни пораки исто така ќе бидат достапни доколку корисникот ги овозможи во својот интернет пребарувач.

притисни ентер