Полицаец уби девојка , која дошла да ја чува својата болна мајка (ВИДЕО)

Американката Ататијана Џеферсон (28) пред неколку месеци се преселила во друг град, Форт Ворт во Тексас за да се грижи за својата мајка.

Ноќта кога била убиена , си играла видео игри со својот внук , додека мајка и била во болница.

Полицицаецот пукал во неа низ прозорецот во спалната соба околу 2 часот по полноќ во саботата, убивајќи ја додека била покрај нејзиниот 8-годишен внук.

Мајката на Ататијана Џеферсон била во болницата кога загрижена сосетка забележала дека вратата кон нејзината куќа е отворена среде ноќ. Повикала полицијата, која наскоро пристигнала.

Снимките на камерата од полициската униформа прикажуваат дека полицаецот пукал кон Џеферсон само две секунди откако ја предупредил дека ќе отвори оган.

„Подигнете ги рацете! Покажете ги рацете!“, Се слуша како вика полицаец кој не се идентификувал.

Две секунди по предупредувањето, се гледа како полицаецот пука низ прозорецот. Ататијана Џеферсон беше прогласена за мртва неколку минути подоцна.

Полициското одделение во Форт Ворт соопшти дека офицерот пукал со пиштол откако „забележал закана“, но не кажаа зошто се чувствувал загрозен.

„Ова нема смисла“, рече таткото на Ататијана, Маркис Џеферсон.

„Тие мораа да помислат дека таа е нечија ќерка, дека некој ја сакал. Мора да има подобар начин. Не мораше да дојде до ова“, додаде тој.

Ататијана имала диплома по биологија од универзитетот Ксавиер. По дипломирањето, работела за компанија која продава медицинска опрема.

„Полицискиот службеник кој го застрела Џеферсон поднесе оставка и може да се соочи со судска постапка“, рече денеска шефот на полицијата, Ед Краус.

Градоначалникот на Форт Ворт, Бетси Прајс рече дека убиството е неоправдано.

ЕУ. Неколку закони во Р. Српска го поткопуваат европскиот пат на БиХ

Законите за избори, референдуми, имунитет и странски агенти на Република Српска го поткопуваат европскиот пат на БиХ

Европската Унија ги повика властите во Република Српска да ги прекинат постапките за усвојување на неколку законски иницијативи, особено нацрт-законите за избори, за референдуми, за имунитет и за „странски агенти“, бидејќи со нив би се поткопале евроинтеграциските напори на Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Брисел.

- Овие законски иницијативи за кои расправа Народното собрание на Република Српска, би го поткопале уставниот поредок на земјата, функционалноста на нејзините институции и основните слободи и би биле против заложбите на Босна и Херцеговина за нејзин пат кон ЕУ, соопшти денеска Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Во соопштението се додава дека ЕУ нагласува оти мора да се почитуваат суверенитетот, територијалниот интегритет, уставниот поредок, вклучително и одлуките на Уставниот суд и меѓународната личност на Босна и Херцеговина.

- Секоја активност против овие принципи ќе доведе до сериозни последици, како што веќе јасно најави Европската Унија, се нагласува во соопштението.

ЕЕАС потсетува дека по одлуката на Европскиот совет од минатиот месец за отворање на пристапните преговорите со БиХ, ЕУ очекува земјата, вклучително и нејзиниот ентитет Република Српска, да прават чекори напред, наместо да преземаат активност што се во спротивност со нејзиниот европски пат.

- Одлуката на Европскиот совет докажа дека дијалогот наместо ескалацијата дава резултати. Ги повикуваме сите лидери во Босна и Херцеговина да ги исполнат своите обврски и очекувањата на граѓаните и да се вратат на преговарачка маса за доброто на луѓето во земјата и нејзината иднина во ЕУ, се додава во соопштението.

Во Црна Гора уапсена директорката на Агенција за спречување корупција

Директорката на Агенција за спречување корупција на Црна Гора,Јелена Перовиќ,  вчера била уапсена, соопштија црногорските медиуми.

Како што се наведува, Перовиќ е уапсена под сомнение дека ја злоупотребила службената положба, соопшти Специјалното државно обвинителство.

Службеници на специјалното полициско одделение вчера ја блокирале зградата на Агенцијата и по претресот на просториите, како и службениот автомобил на директорката, Перовиќ е лишена од слобода.

„По извршениот претрес во канцеларијата и службеното возило, по наредба на Специјалното државно обвинителство, службениците на Специјалното полициско одделение поради основи на сомнение ја лишиле од слобода директорката на Агенцијата за спречување корупција на Ј.П. дека во текот на изминатата година и до април годинава сторила продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба“, соопштија од Специјалното полициско одделение.

Црногорските медиуми пренесуваат дека полицијата вршела и претрес во нејзиниот стан и во други простории, со цел пронаоѓање други траги и предмети од кривичното дело.

Во Велес исчезна 56-годишен маж

Секторот за внатрешни работи Велес информира дека вчера, 17 април, во 14:30 часот од страна на 66 годишниот Б.С било пријавено дека неговиот 56 годишен брат Г.С се оддалечил од домот.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето, информира портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.

притисни ентер