„Сум бил на секој континент , вклучувајќи го и Антарктикот. Мојата мисија е да ја посетам секоја земја на планетата“, изјави Тони Џајлс во интервју за ББЦ.
Тој е слеп и тешко слуша на двете уши, но страста на Џајлс за патување го однела во повеќе од 130 земји.
„Некои луѓе ќе речат дека не сум способен за патување. Само им порачувам дека можете да го гледате светот на поинаков начин“, вели овој четириесетгодишен англиски патник.
Новинарите на БиБиСи, го запознале за време на неодамнешното патување во Етиопија.
„Слушам како луѓето зборуваат, се качуваат по планини и одат надолу, можам да чувствувам сè преку мојата кожа и нозете. Тоа е начинот на кој ја гледам некоја земја“, вели тој.
Џајлс ги поминал последните 20 години патувајќи и истражувајќи нови места.
За време на едно патување, тој се запознал со сегашната девојка од Грција , која исто така е слепа.
Минатата година тој отишол со неа во Русија и патувале преку големата земја со воз.
Но, на повеќето патувања тој оди сам, само со ранец на грбот.
Патувањата ги финансира пензискиот фонд на неговиот татко.
Неговата мајка му помага да резервира авионски билети затоа што тој вели дека веб-страниците на повеќето авиокомпании не се многу достапни за слепите лица.
Контактира и со луѓето преку страници кои можат да му помогнат за време на неговиот престој во одредена земја.
„Не можам само да земам книга и да одлучам:„ Да одиме на ова или на тоа место “.Откако ќе пристигне, оринтирањето во непознат град му предизвикува чувство на возбуда.
„Понекогаш не знам со кого ќе се сретнам и што ќе се случи следно. За мене, тоа е авантура“.
Со години наназад Џајлс дава интервјуа во кои раскажува за своите авантури , кои се неверојатни за повеќето патници.Едно од поинтересните патувања му се случи пред две години.