Загадувањето на воздухот во Европа во 2016 предизвикало 400 000 предвремени смртни случаи

Загадувањето на воздухот во 2016 предизвикало 400 000 предвремени смртни случаи , а речиси секој жител на Европа , кој живее во градовите е изложен на загадување над дозволеното.

Овие страшни податоци се наведени во извешртајот на Европската агенција за заштита на животната средина (ЕЕА), што беше објавен денеска.

,,Загадувањето на воздухот во моментов е најголем ризик за животната средина кога станува збор за здравјето на луѓето“, се наведува во извештајот на ЕЕА.

Авторот на извештајот, специјалистот за квалитет на воздухот на ЕЕА, Алберто Гонзалез Ортиз, вели дека иако нивоата на опасни и штетни честички се намалуваат во европските градови, тоа не напредува со доволна брзина.

„Сè уште не сме достигнале до стандардите на ЕУ и далеку сме да ги достигнеме стандардите на Светската здравствена организација (СЗО)“, рече Гонзалес Ортиз.

Правните служби на ЕУ моментално бараат од земјите-членки да го проценат нивото на низа загадувачи, вклучително и озонот и честичките, и да преземат соодветни активности доколку се достигнат одредени надминувања.

Загадувањето во градовите стана предмет на поостри ограничувања откако Судот на правда на ЕУ донесе одлука во јуни дека градовите треба да постапуваат навремено веднаш штом нивоата на загадување се надминати дури и во една „црна точка“, а не со просечни вредности за поширок регион.

Во јули, Европската комисија, извршно тело на ЕУ, побара од Европскиот суд на правдата да преземе соодветни мерки против Шпанија и Бугарија поради лошиот квалитет на воздухот во двете земји, предупредувајќи дека нивните власти не успеваат да ги заштитат своите граѓани од загадување.

Границите утврдени од ЕУ ги определува загадувачот. Во текот на 2017 година, 16 од 28 земји-членки на ЕУ пријавиле барем еден случај што сугерира дека нивоата на азотниот диоксид, токсичниот гас од издувните гасови од возилата, се повисоки од законската просечна годишна концентрација во Европската унија.

На списокот се најдоа и Франција, Белгија, Холандија, Шпанија, Германија и Велика Британија.

На пример, на некои лондонски станици биле забележани нивоа на азот диоксид во износ поголем од 50 микрограми на метар кубен воздух. За споредба, законската просечна годишна концентрација во земјите на ЕУ е 40 микрограми.

Британската влада во вторникот изгласа нов предлог закон за животна средина кој содржи законски обврзувачки цели - да се намалат честичките во воздухот и да ги принудат производителите на возила да ги повлечат автомобилите што не се во согласност со регулативата поврзана со загадувачките емисии.

Намалувањето на бројот на автомобили е важен фактор во напорите да се намали загадувањето на воздухот во градовите, особено азотниот диоксид, посочува Гонзалес Ортиз.

"Кога се бориме против загадувањето, ние се бориме и против климатските промени, но исто така и против бучавата и промовираме поздраво однесување. Тоа е вин-вин ситуација", додаде тој.

Фустаните на принцезата Дијана се изложени во Хонг Конг, пред да се продадат на аукција (ФОТО)

Светло жолта јакна, обложена на рамената и украсена со блескави позлатени копчиња, што ја носеше принцезата Дијана на патувањето во Хонг Конг во 1989 година, ќе биде една од шесте нејзини парчиња облека, изложени во поранешната британска колонија.

Колекцијата на фустани, чевли и чанти на принцезата од Велс е изложена во трговскиот центар во Хонг Конг во следните 12 дена, пред колекцијата да се пресели во Ирска до аукцијата на 27 јуни. Принцезата Дијана, која загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година, ја диктираше модата „секогаш кога се облекуваше и излегуваше“, рече Мартин Нолан, директор на Џулиенс, аукциска куќа со седиште во Калифорнија.

Познатата јакна на дизајнерката Кетрин Вокер би можела да достигне цена од 50.000 долари, додека вечерниот фустан со сини ѕвездички би можел да достигне цена од 400.000 долари. Принцезата го носеше овој фустан од дизајнерот Мареј Арбејд на премиерата на „Фантом од операта“ во 1986 година во Вест Енд, Лондон.

Изложена е и вечерна тоалета од свила и тантела од дизајнерот Виктор Еделштајн, каки и цветен фустан на Кетрин Вокер, кој Дијана го носеше во 1991 година на бдеењето на нејзиниот близок пријател Адријан Вард Џексон.

Многу луѓе се натрупаа во малиот изложбен простор. Еден од посетителите, 69-годишниот Фунг, се сеќава како толпата ги преполнила улиците на Хонг Конг кога Дијана пристигнала во тој град во 1989 година. "Таа беше харизматична, грижлива и посветена на добротворната работа. Затоа е исклучително почитувана во Хонг Конг", вели Фунг.

Во 2023 година, аукциската куќа Julien's продаде вечерен фустан на принцезата Дијана за рекордни 1,14 милиони долари.

Ристовски: Уценувачката екстремистичка политика на ДУИ мора да биде сосечена во корен

Коалицијата „Храбро за Македонија“ денеска ја започна  кампањата во изборната единица 3 каде носител е докторот на ветеринарна медицина,  Јордан Николов. 

Претседателот на ИНТЕГРА во Велес истакна дека се битни две работи од програмата на кои ќе се фокусираат –излез од сиромаштијата и враќање на достоинството.

„Вие знаете дека се е во рацете на ДУИ, а СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат се повеќе аргументи и ги прифаќаат нивните екстремизми. ДУИ и Бујар Османи ги разоруваат односите на Македонија со соседите, имаат негативна предавничка улога во однос на Преспанскиот договор во однос на Бугарската спогодба, во однос на сегашниот момент и проблемите што ги раѓа Францускиот предлог и притисокот за промена на Уставот, а ги загрозуваат односите и со Србија, ваквата уценувачка екстремистичка политика на ДУИ мора да биде сосечена во корен“.

„Немаме перспектива со изборот помеѓу СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, и двете партии се седнати во скутот на ДУИ и нема да можат да се отргнат заради желбата по секоја цена да се на власт, да се докопаат до буџетот и да ги трошат буџетските пари. Нив не ги интересира Македонија ниту македонскиот стратегиски интерес“, рече Љупчо Ристовски, претседател на ИНТЕГРА.

Во однос на сиромаштијата во која тоне Македонија, тој кажа дека многу семејства живеат со под 100 денари на ден, луѓето се плашат дали ќе го преживеат следниот ден.

„Ние ја таргетираме сржта на проблемот, покрај огромната корупција, државата не успеа да даде одговор за животниот стандард на населението. Коалицијата нуди решителен одговор, ќе се намалат даноците на три основни производи-лебот, млекото и маслото за јадење“, се наведува во партиското соопштение.

Десетици повредени, откако траект удри во пристаништето во Неапол (ВИДЕО)

Триесет лица се повредени денеска во несреќа на траект што пловел кон италијанското копно од островот Капри во Средоземното Море, соопштија спасувачите.

Се уште нема официјално објаснување за настанот, но според првите информации брзиот брод Isola di Procida по пристигнувањето во градот Неапол удрил во пристаништето.

Иако има голем број повредени, никој нема посериозни повреди, соопшти спасувачката служба.

На островот Капри во Неаполскиот залив од вчера се одржува состанок на министрите за надворешни работи на Г7.

Капри е една од најпопуларните туристички дестинации во Италија. Овој остров, кој има помалку од 15.000 постојани жители, привлекува десетици илјади посетители секој ден во текот на сезоната.

притисни ентер