Богаташи

Серијата „Богаташи“ секој  работен ден во 19:30. само на Канал 5 ТВ.

Џансу е најмладата ќерка на познатата богата фамилија Коран. Има се што може да посака, но не и љубовта од нејзината мајка. Што и да направи не е доволно да добие една искрена мајчинска прегратка. Разочарана и сама, одлучува да започне нов живот следејќи ги сигналите што и ги испраќа судбината. И покрај целото богатсво, Џансу ќе се вработи како продавачка во маркет и ќе го крие вистинскиот идентитет.

Керем е син единец. Цел живот работи за една богата фамилија. Во еден момент, кога ќе помисли дека е време да застане на свои нозе и да не зависи од никого, неговиот богат другар од детство Мерт ќе му понуди на месец дена да го заменат идентитетот. Во тој момент неизбежна ќе биде средбата на Џансу и Керем. Во светот во кои и двајцата го кријат минатото, можеби судбината ќе вмеша прсти. 

притисни ентер