Селекторот на бугарската репрезентација си поднесе оставка

Тренерот Красимир Балаков поднесе оставка од местото селектор на фудбалската репрезентација на Бугарија.

Бугарија во понеделкикот во Софија изгуби од Англија со 0:6, во квалификациите за Европското првенство 2020 година.

Тој меч е во два наврати прекинуван заради тоа што домашните навивачи ги навредувале англиските фудбалери по расна основа.

„Не сум повеќе селектор на државниот тим. На наредниот селектор му посакувам среќа, моменталната ситуација не е ни малку розова“, рекол Балаков по состанокот во Фудбалскиот сојуз на Бугарија.

Кинески милијардер во САД призна дека давал нелегални политички донации

Кинескиот милијардер Хуи Чин се изјасни за виновен за незаконско канализирање на пари за политички донации на функционер од Њујорк и конгресмен во Претставничкиот дом на САД, што е кршење на изборниот закон на Соединетите држави.

Филмскиот магнат призна дека регрутирал и плаќал луѓе за да даваат политички донации за него во Њујорк во 2021 година.

Не е познато кој кандидат Кин го поддржал, но се верува дека тоа е градоначалникот Ерик Адамс, чиј адвокат одговори дека неговата кампања не знаела за такви донации.

Обвинителите тврдеа дека Кин собирал донации на ист начин за член на Претставничкиот дом на САД од Њујорк, како и за кандидат за американскиот Конгрес од Род Ајленд.

Кин, исто така, призна дека поднел лажна апликација за статус на постојан жител во Америка во 2019 година, користејќи го лажното име Мук Лам Ли, со придружни документи од кинески службеник.

Користејќи лажен идентитет, префрлил пет милијарди долари на сметка во американска банка, кои ги потрошил на луксузен стан на Менхетен. Кин се откажа од правото да живее во Америка и ќе биде депортиран во Кина.

Банка на Јапонија ги укина негативните каматни стапки

 Банка на Јапонија (БОЈ) денеска, по осум години, ги укинува негативните каматни стапки. 

Иако тоа ќе биде прво зголемување на каматните стапки во изминатите 17 години, истите ќе се држат близу нула бидејќи кревкото економското закрепнување ја принудува централната банка да го забави понатамошното зголемување на трошоците за задолжување.

Со одлуката, БОЈ се откажува од политиката воведена во 2016 година – надомест од 0,1 проценти за одредени финансиски институции кои имале вишок резерви во Банка на Јапонија.

Централната банка исто така ја напушта контролата на приносите, политика што се применуваше од 2016 година и која ги ограничувапше долгорочните каматни стапки околу нула.

Бојмацалиев: 27 милиони денари вложени во објектот на ЕВР Гази Баба

Во делокругот на кривичните дела на подрачје на ЕВР Гази Баба случени се 248 кривични дела кои се гонат по службена должност, каде за истите се сочинети 40 кривични пријави против 61 сторител и расчистени се 43 кривични дела, информираше Бојмацалиев.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, денеска имал работна средба со раководството на Единицата за внатрешни работи Гази Баба, каде што беше брифиран за активностите и изготвените планови од СВР Скопје, а по кои постапуваат полициските службеници од оваа организациска единица, во насока на гарантирање на безбедноста на училиштата, јавниот превоз, сузбивање мигранти, обезбедување спортски натпревари, итн.

-Во делокругот на кривичните дела на подрачје на ЕВР Гази Баба случени се 248 кривични дела кои се гонат по службена должност, каде за истите се сочинети 40 кривични пријави против 61 сторител и расчистени се 43 кривични дела, информираше Бојмацалиев. Притоа, како што се наведува во соопштението од МВР, тој истакнал дека вработените во ЕВР Гази Баба имаат драстично подобрени работни услови преку реконструираниот објект во вредност од 27 милиони денари.

-Кога станува збор за ЕВР Гази Баба целиот објект е квалитетно решен и просторниот проблем на Отсекот за оружје, експлозивни и опасни материи-Скопје при Одделот за граѓански работи, но и на Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје, унапредувајќи го квалитативното ниво на работа на овие организациони единици кои се од исклучителна важност, рече Бојмацалиев.

Бојмацалиев ги посетил и раководителите на организациските единици во рамки на СВР Скопје кои во моментот во ЕВР Гази Баба слушаат обука „Улогата на полицијата за време на изборите 2024”, во насока на гарарантирање на безбеден и мирен изборен процес.

-Уверен сум дека колегите на обуката ќе ги утврдат веќе стекнатите знаења кои ги демонстрирале и во претходните изборни циклуси. Можам да кажам дека МВР е целосно подготвено за спроведување на фер, слободни и демократски избори по европски терк, рече Бојмацалиев, се наведува во соопштението од МВР.

притисни ентер