Кошаркарките од КК„Крива Паланка" со победа ја отворија сезоната

Со победа од 89 наспрема 24 против екипата на КК „Спорт тим” од Неготино, кошаркарките од Кошаркарски клуб „Крива Паланка” ја почнаа новата сезона натпреварувања во младинските лиги на Кошаркарската федерација на државава.

Мечот се одигра во спортската сала „Бранители 2001", каде КК „Крива Паланка” ги одигрува домашните натпревари.

-И оваа сезона клубот пријави сениорски тим во првата лига жени, но и три младински екипи, две во женска конкуренција, до 16 и до 14 години, како и екипа машки, генерација 2007/08, кои ќе ги бранат боите на клубот.Сите екипи работат интензивно, отворањето на сезоната со победата на првиот натпревар, против „Спорт тим” е само еден чекор кон остварување на сите зацртани планови оваа сезона, 2019/20, во која сме носени од поддршката на повеќе чинители, на локалната самоуправа, локални институции и секако нашите спонзори, чијшто учинок е стимул за постигнување резултати. Сезоната е пред нас, ќе бидеме доследни на нашиот стил на работа и игра,а резултатите ќе дојдат со упорна работа и посветеност, истакна првиот човек на КК „Крива Паланка”, Ведран Белешковски.

Тренерот Мирослав Ивановски рече дека резултатите од минатата сезона, државни прваци до 14 години во женска конкуренција и третото место до 16 години, добрата позиционира ист на прволигашката табела, се нешто што ги задолжува и обврзува да се работи уште по посветено и макотрпно.

Кривопаланечките кошаркарки денеска ќе го одиграат и првиот меч од Прва лига жени, со почеток во 16 часот, на гостински терен,кај екипата на ЖКК “Бдел 1862″, Скопје. Во натпреварувачката сезона 2019/20 КК Крива Паланка настапува и во „Спорт клуб кидс” лига, со машка и женска екипа генерација 2007/08, како и со екипа машки 2003/04 и женски 2005/06 во “Вардар лига”. /МИА

Во пријателски натпревар „Пирин" Благоевград подобар од ФК „Каменица Саса"

Во пријателска средба одиграна на стадионот Христо Ботев во Благоевград, екипата на „Каменица Саса" загуби од домашната екипа на Пирин со 2:0.

Головите на натпреварот беа постигнати во второто полувреме кога домаќините беа понадмоќни од гостите од М.Каменица.

Стрелец на првиот погодок за домашната екипа беше поранешниот играч на Арсенал, Колин Хендерсон кој постигна ефектен погодок од 30-35 метри во 55 минута од натпреварот. Победата ја потврди В’лчанов петнаесет минути пред крај на средбата./МИА

Унгарците го отворија спектакуларниот стадион во Будимпешта (ВИДЕО)

Со пријателски натпревар меѓу Унгарија и Уругвај во Будимпешта е отворен новиот стадион, „Пушкаш Арената“ со капацитет од 68.000 гледачи.

Стадионот, кој има најголем рејтинг со четири sвездички од  УЕФА, беше распродаден и натпреварот заврши со победа од 2-1 на гостите . Головите за Уругвај ги постигнаа Единсон Кавани (15 мин) и Брајан Родригез (21 мин), додека голот за Унгарија го постигна Адам Шалаи (24 мин).

Изградбата на „Пушкаш Арената“ чинеше неверојатни 620 милиони евра, двојно повеќе од проценетата цена.

Стадионот е изграден на местото на стариот Непстадион, кој беше отворен во 1953 година и беше целосно срушен пред три години. Пушкаш Арена е именувана по најдобриот унгарски фудбалер на сите времиња, Ференц Пушкаш.

Интересно е што почетниот удар го изведе 93-годишниот Никита Симонјан, кој исто така го отвори Непстадион во 1953 година на натпревар помеѓу Хонведо и Спартак Москва.

Претстојното Европско првенство во фудбал во 2020 година ќе има четири натпревари на „Пушкаш Арената“ - три во групната фаза и еден дуел во осмина финалето.

Унгарската репрезентација во вторник ја чека последното коло од квалификациите за ЕУРО 2020, на гостувањето во Кардиф против Велс .

Жељко Обрадовиќ со пцуење и навреди кон своите играчи (ВИДЕО)

Фенербахче во 8. коло на Европлигата загуби на гости од ЦСКА со 88: 70 и има лош вкупен резултат 2-6.

Тимот предводен од Жељко Обрадовиќ играше изедначено во првото полувреме, но се распадна доцна во третата и последната четвртина. Легендарниот српски тренер, познат по својот темперамент, не издржа најдобро на паузата на своите кошаркари , па во еден момент тој целосно го загуби темпераментот и ги навредуваше сите.

„Мислите дека сте добри момци, нели? Е...те се сите! Е..те се ! ОК? Сакате да ве повторам милион пати? Е.. се  Џиџи Датом! Срами се! И ти Махмутоглу исто !„ викаше Обрадовиќ на  своите играчи.

притисни ентер