Четири лица потешко повредени во сообраќајки во Скопје

Двајца возачи на патничко моторно возило, сопатник и еден пешак биле тешко повредени во четири од вкупно 30  сообраќајни незгоди што изминатиот викенд се случиле на подрачјето на СВР Скопје.

Во 16 сообраќајки полесно биле повредени 24 лица, а во 10 била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција санкционирала 69 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила 37 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 48 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и пет почетници, како и 36 нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и седум возачи кои поминале коловоз вон пешачки премин, седум возачи поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин, тројца возачи за неправилно престројување, четворица возачи за неправилно престигнување, A еден возач за не давање првенство на минување на возилата во зона на крстосница. Исто така, осуммина биле санкционирани за не користење заштитен шлем од страна на возачите на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, девет возачи за не носење сигурносен појас, како и 21 возач кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Санкционирани биле и седум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.

Затекнати биле 154 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак", отстранети биле 144 возила./МИА

Кавадарци одобри над два милиони денари за проекти на невладини организации

Општина Кавадарци одобри над два милиони денари за проекти на невладини организации. 

Во салата на општинската зграда, градоначалникот Митко Јанчев, заедно со претставници на граѓанските организации, денеска ги потпиша договорите за реализирање на проектните активности.

- Се работи за повеќе приоритетни области за 2024 година, согласно распишаниот јавен повик за прибирање на предлог проекти, наменети за организации, регистрирани на територијата на општината Кавадарци, појаснија од Општината.

Оттаму додадоа дека финансиски средства од локалниот буџет се одобрени на вкупно 22 организации, со одобрен буџет за финансирање од 2.210.000,00 денари. /МИА

О.Балкан и гласањето за Косово во СЕ „јаболко на раздорот“ меѓу Македонија и Србија

Џафери од Приштина најави дека Македонија ќе го поддржи членството на Косово во Советот на Европа.

Џафери од Приштина најави дека Македонија ќе го поддржи членството на Косово во Советот на Европа, во интервју за Приштинскиот економија онлајн Џафери вели дека делегацијата на Собранието на Република Македонија ги има сите инструкции да ја поддржи иницијативата, бидејќи смета дека Косово и земјите од регионот „треба да бидат членки на сите меѓународни организации“.

„Како земја која го поддржува Косово, ги дадовме сите инструкции што треба да ги дадат нашите претставници во надлежните органи. Конкретно, во Стразбур, делегацијата на Собранието на Република Македонија ги има сите инструкции да ја поддржи иницијативата и гласот за членство на Косово“.

Вели Џафери во интервјуто.Непосредно по нивната заедничка средба и косовската претседателка Османи соопшти дека Џафери дал целосна поддршка за членството на Косово во Советот на Европа.

Речиси во истовреме во Скопје на прес конференција министерот Бујар Османи пак најави дека ќе и предложи на владата Македонија да ја напушти иницијативата Отворен Балкан, поради сомневањата дека Србија е инволвирана во инцидентот во Бањска.

За поранешниот амбасадор Јован Донев во овие чекори гледа тенденција на влошување на односите со Србија, што е најмалку потребно за регионот во актуелниот светски политички моментум.

На Парламентарното собрание во Стразбир денеска пратениците ќе се изјаснат околу документот подготвне од грчката пратеника Дора Бакојани, на што му претходеа и писмата што до европските лидери ги испрати српскиот претседател Вучиќ во кои ги повика уште еднаш да размислат за прифаќање на Косово во СЕ .

Инаку, во однос на Отворен Балкан албанскиот премиер Рама уште во декември кажа дека регионот сега треба да се фокусира на Берлинскиот процес.

Завршени 89 проценти од експропријацијата за автопатот Гостивар - Тетово, 70% за Битола- Прилеп

 За автопатите што ќе се градат на коридорите 8 и 10д во јануари годинава се спроведени геотехнички испитувања на делниците  Гостивар - Тетово,  Букојчани-Гостивар и Битола-Прилеп.

На делниците Букојчани-Гостивар и Битола-Прилеп имало и земјени работи, а делницата Ќафасан-Требеништа-Струга нема никакви активности, покажува Извештајот на надзорот за прогресот на изградба на автопатите што ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

Во текот на јануари годинава, изведувачот работел претежно на експропријација, геодетска мрежа, топографски премер, геотехнички испитувања, спецификации и дизајн на автопат.

Извештајот покажува дека за делницата Гостивар Тетово извршена е експропријација на 89 проценти од имотот, за Букојчани – Гостивар на 27 проценти, а за делницата Битола Прилеп на 70 проценти. За Гостивар-Тетово се изготвени 88 проценти од урбанистичките проекти, за Букојчани Гостивар 28 проценти, а за Битола-Прилеп 75 проценти. За Гостивар Тетово и Букојчани Гостивар се спроведени и 75 проценти од топографските истражувања, а такви активности нема за останатите две делници. Направени се 61 процент од потребните геотехнички испитувања за патната секција Гостивар-Тетово, 49 проценти за Букојчани-Гостивар и 34 проценти за делницата Битола – Прилеп. Напредокот на работите за спецификација и проектирање на автопатот до крајот на јануари годинава на првата делница изнесува 23 проценти, на втората седум, а на четвртата девет проценти.

Во претходниот извештај за прогресот на работите за периодот од 1 ноември до 31 декември лани беше наведено дека целосно се завршени 58 проценти од проекциите за експропријација, како и 33 проценти од геотехничките истражувања.

Договорот со „Бехтел и Енка“ во вредност од 1,3 милијарди евра беше потпишан во март минатата година. Со него треба да се изгради автопатска мрежа во вкупна должина од 109 километри.

Од другите автопати во изградба, Собранието минатиот месец изгласа законски дополнувања со кои 31 декември 2026 година е утврден како краен рок за завршување на автопатот Кичево-Охрид во должина од 57 километри, што се гради од 2014 година. - Пролонгирањето е поради појавени 13 нови свлечишта на трасата, како резултат на првичниот несоодветен проект и предвремен почеток на изградба на оваа делница, образложи Владата за проектот што го гради кинески „Синохидро“.

Од автопатот во изградба Скопје-Блаце во вкупна должина од 12,5 километри, во завршна фаза е изградбата на првите два километри, а за останатите од втората фаза во тек е евалуација на понудите за избор на изведувач.

притисни ентер