Грчки медиуми ја анализираат поврзаноста на предвремените избори со Договорот од Преспа

Предвремените парламентарни избори кај нас, грчките медиуми, директно ги поврзуваат со иднината на Договорот од Преспа и пренесуваат „загриженост на Атина, за случувањата во Скопје".

„Избори во С. Македонија: „Сите сценарија за следниот ден",„Облаци над Договорот од Преспа", „Предвремени избори во Скопје: што важи за Договорот од Преспа и грчката загриженост", „С.Македонија: Што ќе се случи со Договорот од Преспа?", „С. Македонија во предизборна треска", „Во опасност Договорот од Преспа по ветото од на Макрон и ставот на ЕУ", „Северна Македонија: На 12 април предвремени избори", се дел од насловите во грчките медиуми за последните случувања кај нас, а новинарите во Грција известуваат за синоќешната лидерска средба и објавениот датум за предвремени парламентарни избори, со акцентот ставен на сценаријата за иднината на Договорот од Преспа, jави дописничката на МИА од Атина.

Иако грчката влада официјално не зазема позиција и не ги коментира внатрешно политичките случувања во соседната земја, како што изјави и самиот Мицотакис на прес конференцијата во Брисел во петокот, кога рече дека тоа е внатрешно прашање, сепак новинарите во Грција анализираат дека кај Атина постои загриженост за разврската кај нас и пишуваат за тоа какво влијание врз земјата би имале предвремените избори во Северна Македонија.

Мнозинството од коментарите на новинарите во Грција се поврзани со сценариото на власт да дојде ВМРО-ДПМНЕ и ставот што партијата го има во однос на Договорот од Преспа.

– Високи европски извори, но и кругови од грчката влада оценуваат дека доколку ВМРО победи на изборите, нема да го поништи Договорот од Преспа, но многу ќе го отежне неговото спроведување и точките на несогласување со Атина ќе се интензивираат. Уште повеќе, ако новата влада се чини дека нема да продолжи со клучните точки од договорот кои беа под преговори, како што се учебници и трговските ознаки. Јасно е дека до изборите на 12 април нема да има простор за преговори со владата на Северна Македонија – која од почетокот на годината ќе биде техничка- додека пак Договорот од Преспа ќе биде вклучен во конфронтациите во предизборната кампања на соседната земја, пишува информативниот портал „Њуз247".

– Во случај националистичкото ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски да ги добијат изборите, веројатно е да имаме пресврти во Договорот од Преспа. Иако не може да се поништи, сепак може да се доведе во прашање. Атина внимателно, но не и во паника ги следи случувањата. Не посакува враќање на националистичката реторика што би ја одбележало победата на ВМРО. Покрај тоа, потенцијалните проблеми на внатрешна кохезија во соседната земја се непожелни, пишува „Прото тема".

Анализирајќи ги можните последици за Атина, онлајн изданието на весникот „То вима", пишува дека се очекува да се отвори голема дискусија во Грција, меѓу владата и опозициската СИРИЗА во однос на Договорот од Преспа, но и дека грчката влада ја загрижува „опасноста од преземањето на власта од националистичкото ВМРО".

– Веројатноста да има политичка промена во С. Македонија ќе предизвика пресврт во Договорот од Преспа. Иако договорот не може да биде поништен, како што истакнуваат аналитичарите, сепак може да биде доведен во прашање од една, на пример, националистичка влада. Аналитичарите посочуваат дека во таков случај, аспектите на Договорот од Преспа што Грција се стреми да се спроведат, ќе останат неактивни или никогаш нема да се спроведат од една националистичката влада во Скопје, пишува онлајн изданието на весникот „То вима".

– Грција , како што е и логично, внимателно ги следи внатрешните случувања. Од нејзина страна, грчката влада не би сакала на изборите во април во С. Македонија да победи ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи во таков случај тоа би имало национална реторика во соседната земја. Од друга страна, дури и при можна победа на ВМРО-ДПМНЕ, Договорот од Преспа не може да се поништи, можеби би постоеле мали пресврти, пишува информативниот портал „Ајефимерида".

Грчките новинари коментираат дека ветото на Франција на минатонеделниот Самит на ЕУ и неможноста да се постигне договор за почеток на пристапни преговори за С. Македонија се причините за предвремените парламентарни избори.

Во однос на синоќешната лидерска средба, медиумите во Грција ги пренесуваат и вчерашните изјави како на претседателот Стево Пендаровски, така и на премиерот Зоран Заев, пишуваат дека постоело консензус и за европскиот пат на Македонија и договор изборите да се одржат на 12 април следната година. Паралелно објаснуваат и информираат дека на 100 дена пред изборите, односно на 3 јануари 2020 ќе биде формирана техничка влада.

„Гответе со Дракче“ - Риба во зеленчук

Во понеделник (18.03.2024) во емисијата гостин ни беше Бобан Цаневски.

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. риба

2 зелени пиперки

3 црвени домати

2 млади кромитчиња

масло за јадење

брашно, сол и зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

СДСМ: Милошоски да не го блокира Законот за рестриктивни мерки

Пратеникот Антонио Милошоски од ДПМНЕ да не го блокира Законот за рестриктивни мерки во македонското Собрание.

Последната одлуката на нашиот стратешки партнер, САД е уште една потврда зошто итно е потребно да се донесе овој закон и да се создаде можност сите вакви случаи наведени од нашите стратешки партнери да може да се процесираат преку домашното законодавство.

Милошоски кој раководи со собраниската Комисија за надворешна политика, веднаш да го стави на дневен ред Законот за рестриктивните мерки, Мицкоски и ДПМНЕ да го поддржат и законот да биде усвоен.

Нема компромиси во борбата против корупцијата и криминалот и не смее да има дополнителни одлагања.

Секој чекор поблиску до ЕУ ќе значи позасилена борба против високата корупција и во иднина значително ќе влијае на намалувањето на ваквите случаи и ќе придонесе во обезбедувањето правичен правосуден систем.

Скопје, 19 март 2024

СДСМ

Сирски: Развојот на беспилотни системи е мој приоритет

 Развојот на беспилотни системи или беспилотни летала е клучен за остварување на предноста на Киев во однос на „нумерички супериорните“ руски сили, рече командантот на украинските сили Олександар Сирски.

-Развојот на беспилотни системи е мој приоритет. Бараме асиметрични решенија за да добиеме квалитативна предност во однос на бројно супериорниот противник, рече Сирски на Телеграм по средбата со заменикот Вадим Сухаревски.

Зголемената употреба на беспилотни летала од двете страни го префрла конфликтот од бојното поле кон меѓусебни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура.

Претседателот Владимир Путин, кој во неделата доби уште шест години на власт по победата на претседателските избори во Русија, рече дека московските сили имаат предност на бојното поле во Украина и вети дека ќе ја продолжат воената операција.

Како дел од воените реформи, украинскиот претседател Володимир Зеленски нареди во февруари да се создаде посебен огранок на украинските вооружени сили посветен на беспилотните летала.

Воените аналитичари велат дека беспилотните летала потенцијално би можеле да и дадат на Украина технолошка предност во однос на Москва, со оглед на недостатокот на артилериски гранати и друго потрадиционално оружје. Но, руската индустрија за беспилотни летала исто така брзо се развива.

притисни ентер