Надлежните алармираат да нема нов закон за зелените пазари

Нема потреба од закон за пазари со кој само се ставаат продавачите на трошок, сметаат од групацијата на организатори на пазари при Стопанската комора.

 Донесените измени на законот за трговија според кои тезгаџиите требаше да извадат лиценца од комората на трговци според стопанската комора е непотребно бидејќи сите области се регулирани со 11 другите закони, УЈП има увид кој се продава по пазарите што може да се регулира само со класична лиценца која нема да ги оптоварува пазарџиите заради што сметаат дека наместо да се применува од нова година да се укине законот за трговија на зелените пазари.

Од комората на трговци која треба по законот да ги издава лиценците и која од 2005 година се залагаше да се најде вакво законско решение за тезгаџиите  се зачудени од ставот на организаторите на пазарите кои работат по сосема други закони. Тие го повторија својот став дека законот е во полза на сите кои имаат тезги и дека е најдоброто решение кое успеале да го договорат со владата за да се сузбие сивата економија.

Ако почне да се применува од нова година одложениот закон тоа ќе значи дека секој тезгаџија треба да има лиценца која чини 60 евра за една тезга и по 40 евра за секоја дополнителна. Во земјава има околу 20 илјади тезги кои годишно државната каза ја полнат со околу 5 милиони евра а околу 800 илјади евра секоја година зема сивата економија.

Зекир Рамчиловиќ избран за потпретседател на Собранието –Жестока расправа на седницата

Зекир Рамчиловиќ е избран за потпретседател на Собранието, но на неговиот избор претходеше жестока собраниска дебата.

Власта прави политичка трговија во Собранието со изборот на Зекир Рамчиловиќ за нов потпретседател на СОБРАНИЕТО-ОБВИНИЈА пратениците ИД ВМРО-ДПМНЕ.. Според Милошоски, Рамчиловиќ доби мандат на краток рок бидејќи набрзо ќе ја изгубел поддршката од гласачите.

 ,,Довчерашниот соработник на Никола Груевски, на оваа позиција ќе биде избран како функционер на Зоран Заев. Задоволи го функцонерот, дај му позиција, а запостави ги гласачите кои му ги дале мандатот.

Критики на адреса на Рамчиловиќ упати и Ѓорчев кој му порача дека не поседува чест и чесност, по што доби предупредување од спикерот Талат Џафери дека не смее да употребува говор на омраза.

На поранешните сопартијци од ВМРО ДПМНЕ, Рамчиловиќ им рече дека се лицемерни и се борат за ситни партиски интереси. За неговите постапки, меѓу кои беше и гласот за уставните измени, вели дека има поддршка од бошњачката заедница.

Зекир Рамчиловиќ на почетокот на месецов ја напушти пратеничката група од опозицијата и стана независен пратеник. Мотив за неговата одлука било недобивањето датум за преговори со ЕУ, и вели дека на овој начин ќе придонесе повеќе за реформите во земјава.

Бугарин низ Хрватска ,,летал” со 193 км/час во Ламборџини

Хрватската полиција вчеравечер запрела автомобил Ламборџини на автопатот А3 на делницата Брегана- Загреб-Липовац.

Ламборџини со бугарски таблички, возел од правец од Липовац со брзина од 193 км на час, а го управувал 60-годишен бугарски државјанин.

Поради прекршок за надминување на максимално дозволената брзина, на возачот му е изречена задолжителна прекршочна потерница и парична казна од 5.000 куни (670 евра) и заштитна мерка забрана за управување со моторни возила од Б категорија на територијата на Република Хрватска во рок од  еден месец, jaвуваат хрватските медиуми. 

Мас: Мора да се најде начин како Македонија што побрзо да ги почне преговорите со ЕУ

Се уште нема договорена методологија како ќе течат преговорите со земјите кандидати за членство во Европската Унија.

Ова го изјави Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас кој е во официјална посета на земјава. Предлогот на официјален Париз се уште никој  во Германија не го видел, но сојузната влада смета дека мора да се најде начин како Македонија што побрзо да ги почне преговорите...

Сличен е ставот и министерот Димитров, кој кажа праведно Европската Унија да ја цени секоја држава според заслуженото, бидејќи во спротивно се губи целата смислам во однос на спроведување на бараните критериуми.

По вчерашната информации од Париз, според кој францускиот претседател Макрон на Пендаровски му рекол дека очекува до март да биде усогласена нова процедура за водење преговори, во земјава се подграа надежите дека е можно на пролетниот самит на Унијата во Заграб да биде донесена одлука за почнување на преговорите. Порака дека земјава треба да продолжи по евроинтегративниот пат, а Германија ќе застане силно за Македонија, Мас му пренесе и лично  на претседателот Пендаровски.

притисни ентер