Колку црна ќе биде кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ?

Официјалниот почетокот на предизборната кампања за предвремени избори напролет е далеку. 

Но, слушајќи ги говорите на партиските лидери и размената на обвинувања за криминал и корупција меѓу власта и опозицијата се чини во пресрет на овие избори ќе ја следиме една од најцрните кампањи досега.

Следејќи ги прес конференциите на претставниците на власта и СДСМ во изминатиот период се очекува дека во говорите често ќе се слуша обвинувањето дека Мицкоски е само продолжена рака на Груевски, ќе се споменуваат хидроцентралите кои ги поседувал лидерот на опозицијата. Ќе се обвинува ВМРО ДПМНЕ за изолација, национализам и виновни за оценката за земјава како заробена држава. Предметите кои ги отвори специјалното обвинителство, Скопје 2014. Опозицијата ќе биде удар и поради упадот во Собранието а 27-ми април, а ќе продолжат и прашањата дали бизнисменот Орце Камчев, осомничен во предметот „Империја“ ја финансира опозицијата.

Актуелниот случај „Рекет“ во кој „падна“ екс специјалната обвинителка Катица Јанева, улогите на „Кики“ и „Фрики“ во милионскиот рекет, како и т.н. Рекет 2 – ќе бидат главните аргументи на опозицијата во оцрнувањето на СДСМ и премиерот Заев. „Името се промени, а нема датум за ЕУ“, се очекува да биде една од најчесто споменуваните реченици заедно со тоа дека Владата на Заев ги стави на распродажба историјата и идентитетот. Опозицијата, не пропушта во кој настап да потседети и на аферата со тендерот во кој се инволвира генералниот секретар на Владата, Рашковски, непотимзот и примерот на Мира Дизел, како и актуелниот Закон за канабис. „Кацарска судството и Русковска обвинителство“ – како синоним за потреба од реформи во правосудството ќе се слушаат често на собирите на ВМРО ДПМНЕ.

Оцрнувачките говори од плоштадите секако ќе бидат неизбежни, велат политички аналитичари, но апелираат партиите акцент да стават и на понудат на решенија за проблемите на граѓаните и за иднината на државата. 

Кржаловски очекува веќе од следната недела партии да влезат во неофицијална кампања засилувајќи ги активностите и заострувајќи ја реториката.

ВМРО-ДПМНЕ: Измамникот Заев денеска повторно пред Форумот на Жени на СДСМ лажеше

Зоран Заев повторно ветува прогрес, а ги погази достоинството и перспективите на сите во Македонија.

Следниот пат кога Радмила Шекеринска ќе му пишува говор нека спомене барем збор за одговорноста на власта за аферата Леонардо, за тендерите на Анѓушев, за концесиите и марихуаната на кланот Заеви, за торбата Луј Витон со рекетираните милиони.

Во овој говор на Заев не слушнавме ни збор за 500 000 граѓани кои живеат во сиромаштија, за иселувањето на младите, за очајните земјоделци, за пропаднатото здравство, колабираното образование и за тоа што СДСМ направи за надминување на проблемите на граѓаните.

Тоа е реалноста со која се соочуваат и жените и мажите и младите и возрасните во Македонија. Наспроти розевите очила на Заев, граѓаните живеат со јадот и чемерот како да го преживеат месецот.

Заев може да бега од одговори, но нема да побегне од одговорноста. Одговорноста ќе го стаса како катастрофален пораз на претстојните избори.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Со три милиони денари од Министерството без ресор во Берово се подобрува патната инфраструктура во ромското маало

Во Берово означен крај на втората фаза од изградбата на улицата „Прохор Пчињски". 

За реализација на оваа активност, како што изјави денеска од Берово, пратеникот Самка Ибраимовски, Министерството без ресор одвои нешто повеќе од три милиони денари.

– Жителите од овој дел на градот конечно добиваат соодветна патна инфраструктура и достапност на итните служби за полесен пристап до градот. Со завршување на втората фаза и целосно поплочување на улицата, ќе следува и приклучување на централниот водовод на жителите од овој дел од градот, рече Ибраимовски.

Пратеникот подоцна во Општинската сала присуствуваше на форум-состанок на кој со размена на прашања и идеи се разговараше како преку поголема интеграција да се унапреди квалитетот на животот на ромското население во Берово и во целата држава.

– Во таа насока, Министерството без резор располага со сума од над 20 милиони денари кои се наменети за седум општини каде претежно живее ромско население. Преку проекти изработени од градоначалниците и општините овие средства ќе бидат наменети за решавање на проблемите на ромското население, додаде Ибраимовски.

Во следната година според планираното Министерството без ресор како што беше посочено на форум-состанокот има на располагање средства во висина од 40 милиони денари, со кои ќе се градат нови станбени куќи, додека над 20 милиони денари ќе бидат наменети за канализации, патишта и други инфраструктурни проекти./МИА

САД и Франција со поддршка за пристапувањето на Македонија во ЕУ

Американскиот државен секретар Мајк Помпео и францускиот министер за надворешни, Жан-Ив Ле Дриан, на маргините на министерскиот состанок на Глобалната коалиција за пораз на исламската држава, изразија поддршка за членство на Македонија во ЕУ.

Тоа го соопшти викендов Стејт департментот.

Освен за напорите за траен пораз на ИД, тие разговарале и за важноста на НАТО, за континуираната трансатлантска соработка за одговор на заканите по заедничките безбедносни интереси и за важноста од пристапувањето во ЕУ на Македонија и Албанија.

-Помпео и министерот за надворешни работи Ле Дриан разменија мислења за важноста од пристапувањето во ЕУ на Македонија и Албанија, за поддршката на Украина и за одговорноста на Иран за тековните провокации, се вели во соопштението од Стејт Департментот.

Државниот секратар ја искажал цврстата посветеност на Администрацијата во НАТО алијансата.

Глобалната коалиција за пораз на ИД е формиарана во 2014 година и вклучува средби на таканаречената Мала група за Сирија, во која учествуваат Франција, Велика Британија, Германија, САД, Саудиска Арабија, Јордан и Египет.

Во заедничка изјава се укажа дека групата дава цврста поддршка за Геир Педерсен, специјален претстваник на ОН во Сирија, за имплементација на резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН за запирање на насилствата во оваа земја./МИА

притисни ентер