Фото: Необична честитка за роденден од најпознатата навивачка на Барселона до Ким Кардашијан

Сузи Кортез, најпознатата навивачка на Барселона, повторно е во фокусот на јавноста.

Овој пат заради начинот на кој и честиташе роденден на познатата старлета Ким Кардашијан.

Таа направила реплика од нејзината позната фотографија кога гола се фотографира во огледало, а потоа таа слика ја објавила цензурирана.ѓ

Кортез е позната и по тоа дека ги прогонувала играчите не Барселона, а нејзин миленик е Лионел Меси, кој на крајот ја блокирал затоа што му праќала премногу експлицитни фотографии.

Меѓутоа, Сузи не се поколебала поради тоа, таа после секој добар потег на познатиот фудбалер објавува по некој а секси фотографија со неговиот дрес.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

✅ 2015 Messi ganhou ✅ 2015 Eu ganhei o Miss Bumbum ✅ 2019 Messi ganhou ✅ 2019 Eu ? 🤔

A post shared by 𝙎𝙪𝙯𝙮 𝘾𝙤𝙧𝙩𝙚𝙯 (@suzycortezoficial) on

Плејбој зајачица позираше со лемур на рамо , па доживеа незгода (ВИДЕО)

Само неколку месеци откако имаше незгода со слон , зајачицата на Плејбој сега западна во неволја со далеку помало животно.

Френсија Џејмс на Инстаграм сподели видео на кое се гледа лемур како ја турка главата меѓу нејзините гради. Снимката собра повеќе од 400.000 прегледи од вчера, како и бројни реакции.

Колумбискиот модел посети засолниште за животни на Флорида, а за време на посетата се обиде да се фотографира со симпатичен лемур на рамото. Но, наскоро љубопитниот лемур сакаше да ја искористи ситуацијата. "О, Боже, што правиш? Што да правам сега ?", вели моделот во видеото.

Таа ја сподели снимката со нејзините над 3,2 милиони обожаватели на Инстаграм кои прашуваат дали лемурите се навистина толку непослушни.

„Не гледам проблем, лемур има вкус. И јас би го сторил истото“, е само еден од коментарите. Но, многумина ја критикуваа поранешната Плејбој зајачица велејќи дека таа се сликала само за да стане повторно популарна на Инстаграм , како неодамна кога само ги шокирала купувачите во трговски центар, кога правела склекови со мал алигатор на грбот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Be honest with me, should I start posting more selfies?😍 What’s your favorite 1 or 2????

A post shared by Francia James (@francety) on

Маск најави каде ќе ја гради првата европска фабрика на Тесла

За локација на првата фабрика за изработка на авотмобилите на Тесла во Европа , Илон Маск ја одбра Германија.

„Сите знаат дека Германците се несомнено мајстори за инженерство. Тоа е една од причините зошто ја одбравме Германија за локацијата на нашата Гигафабрика во Европа“, рече Маск на церемонија за доделување награди за автомобили во Германија.

"Berlin rocks", рече Маск, додавајќи дека ќе формира центар за инженерство и дизајн во Берлин, „затоа што берлинската уметност е меѓу најдобрите во светот“.

Според AutoExpress, дополнителен мотив за избор на Германија е излегувањето на Велика Британија од Европската Унија.

„Поради неизвесноста што ја создаде Брегзит, беше премногу ризично за идна локација да ја избереме Велика Британија“, рече Маск.

Германија се најде во фокусот заради растечката тенденција на европските купувачи за електрични автомобили, забележа Би-Би-Си.

Наредните години најголемите фабрики за електрични автомобили ќе се градат во Германија, Франција, Шпанија и Италија, покажуваат анализите во авто индустријата.

БиБиСи исто така забележува дека до 2023 година, според најавите во Европа, треба да се изградат 16 големи фабрики за склопување на литиум-јонски батерии кои треба да бидат оперативни.

Teсла ќе произведува батерии, оски и возила во објектот близу берлинскиот аеродром, започнувајќи со малку поевтиниот Model Y SUV. Претходно, тие најавија дека планираат да започнат со производство во Европа во 2021 година.

Компанијата веќе гради Гигафабрика во Шангај за производство на Model 3 и Model Y.

Инвеститорите сè уште се воздржани кон американскиот производител на електрични автомобили бидејќи од година во година работи со загуба. Добрата вест доаѓа во последните два квартали од 2018 година кога е забележан позитивен деловен резултат.

Ферари елегантно го најави новиот супер- автомобил

Италијанскиот Ферари го најави новиот модел со мистериозна фотографија на Иснтаграм.

На фотографијата се наоѓаат само филџан со кафе и елегантни темни женски очила на маса во кафуле.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Timeless elegance, beauty and high performance. We are ready for La Nuova Dolce Vita. #Ferrari #LaNuovaDolceVita

A post shared by Ferrari (@ferrari) on

Меѓутоа, во отсјајот на стаклото на очилата се гледа сребрен супер- автомобил.

„Ние сме подготвени за ново уживање“, порачаа од Ферари.

Се претпоставува дека новото Ферари во себе ќе има 3.8 литарски „V8“ агрегат со 600 коњски сили што ќе му овозможат убрзување од 0 до 100км/ч за само 3,5 секунди.

Од Ферари најавија дека нема да прават поевтин модел со „V6“ мотор од 150.000 долари како наследник на моделот Дино.

Ферари во следните години ќе се фокусира на ексклузивните супер- автомобили, а се очекува и првиот кросовер од оваа компанија.

притисни ентер