Големи протести во Либан , земјата парализирана (ВИДЕО)

Либанските сили за безбедност се обидуваат да гиубедат демонстрантите повторно да ги отворат патиштата низ земјата , за да нема насилство , откако целата држава е парализирана во антивладините протести.

За да не дојде до ескалација на протестите , владата на премиерот Саад ал- Харири најави сет мерки , меѓу кои и долго најавуваните мерки против корупцијата.

Стотици илјади протестираат од четвртокот на улиците на Либан, обвинувајќи ја политичката елита дека ја води економијата во пропаст.

Банките и училиштата сè уште се затворени. Рано наутро, бројот на демонстранти во центарот на Бејрут и северниот град Триполи се чинеше дека е помал од порано.

Протестите се главно мирни од петокот вечер кога безбедносните сили се судрија во центарот на Бејрут.

Доцна вчеравечер, војниците во Бејрут се судрија со млади луѓе со мотоцикли кои ги носеа знамињата на Хезболах и Амал.

Протестите ги обединија Либанците од сите фракции и не ги предводи ниту една доминантна политичка партија.

Некои големи патишта денеска беа отворени повторно за сообраќај, но други сепак останаа блокирани.

Реформите што вчера ги најави Харири вклучуваат симболично намалување на платите на министрите и пратениците, како и мерки за балансирање на јавните финансии кои беа одложувани подолго време.

Либан е меѓу најзадолжените земји во светот, со невработеност од 37 проценти. Економијата е лошо погодена од политичката криза и регионалните конфликти.

Церар за ,,малиот Шенген” : Добра идеја , но не може да биде замена за интеграцијата во ЕУ

На најавата за формирање балкански „мал шенген“ како најавено поврзување на Србија, Албанија и Македонија, чија цел е да се олесни преминувањето на границата за државјаните на овие земји, денеска реагираше словенечкиот министер за надворешни работи.

Министерот за надворешни работи , Миро Церар смета дека тоа е добра идеја, но не може да ги замени насоките на оние земји чија крајна цел е да се приклучат кон Европската Унија.

„Колку повеќе соработуваат овие земји, ќе се зајакне стабилноста, безбедноста, деловното опкружување и можностите за словенечките компании. Но, ние веруваме дека најдобриот начин за приближување на овие земји е да се приклучат кон Европската Унија “, изјави Церар на седницата на парламентарната комисија за надворешна политика, запрашан што мисли за споменатата регионална иницијатива.

„Словенија е за процесот на интеграција на овие земји во ЕУ и ние ќе продолжиме да го правиме тоа и во иднина. Самите овие земји не можат да ги постигнат истите ефекти како што можат во заедништво со Европската Унија “, истакна словенечкиот министер за надворешни работи во парламентот, каде одговараше на парламентарните прашања за тековните настани во меѓународното опкружување.

Во врска со одлуката на шефовите на европските дипломатии, кои оваа недела усвоија законска рамка за санкции против поединци и компании во Турција, и разгледувајќи ги интензивните односи на Словенија, Церар најави прагматична акција.

„Словенија мора да дејствува многу мудро, но повторно во согласност со нашата принципиелна позиција како членка на Европската Унија“, рече Церар.

Тој додаде дека Словенија и Турција имаат договор за стратешко партнерство и добра економска соработка.

„Ова е од големо значење за нашата економија и нашите општи односи со Турција, која е значајна регионална суперсила“, рече Церар, потсетувајќи дека заедничката словенечко-турска меѓувладина комисија се состанува во Љубљана.

„Добро е оваа соработка да продолжи и ние ќе ја искористиме оваа можност да размениме политички ставови“, рече Церар на седницата на парламентарниот комитет за надворешни работи.

Капетанот на владиниот Лирџет пријавил ситуација на итност поради предните тркала, авионот безбедно приземјен

Поради проблем со предното тркало капетанот на владиниот Лирџет пријавил ситуација на итност,но сепак авионот ,кој бил само со летечкиот екипаж, попладнево безбедно слетал на скопскиот аеродром, на летот од Солун за Скопје.

Владиониот авион попладнево кружел над Скопскиот аеродром. Пилотите на лирџетот немале никаква потврда дека е спуштено предното тркало, па останале во воздух. Веднаш на пистата се упатиле и противпожарни екипи, но откако било утврдено дека се е во ред, авионот кој патувал од Солун, без патници, конечно и безбедно слетал.

Направен е низок прелет над пистата на Скопскиот аеродром со цел, контролата на летање да потврди дека се е во ред со тркалата при процесот на слетување. По добиениот позитивен и потврден одговор од страна на контролата на летање дека се е во ред со тркалата, пилотите слетаа на Скопскиот аеродром, велат од Владата.

Оттаму дополнуваат дека расипан бил микропрекинувач, кој не давал сигнал во кабината дека предното тркало е спуштено, а додека не се поправи дефектот и не се извршат дополнителни тестови авионот останува на земја.

-Капетанот пријавил ... ситуација на итност и побарал од контролорите да изврши низок прелет со цел визуелна проверка за извлечени тркала. По прелетот контролорите го информирале пилотот дека тркалата се извлечени, потврдува и директорот на М-НАВ, Николче Тасевски.

Инаку летово, владиниот лирџет беше на поправка во Нирнберг, а функционерите често можеа да бидат забележани во авионите на редовни линии.

Oд Владата засега нема одговор дали со воздухопловот се планирaло премиерот Заев да отпатува за Солун, каде утре за време на солунскиот самит треба да оствари средба со неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис.

Зекир Рамчиловиќ избран за потпретседател на Собранието –Жестока расправа на седницата

Зекир Рамчиловиќ е избран за потпретседател на Собранието, но на неговиот избор претходеше жестока собраниска дебата.

Власта прави политичка трговија во Собранието со изборот на Зекир Рамчиловиќ за нов потпретседател на СОБРАНИЕТО-ОБВИНИЈА пратениците ИД ВМРО-ДПМНЕ.. Според Милошоски, Рамчиловиќ доби мандат на краток рок бидејќи набрзо ќе ја изгубел поддршката од гласачите.

 ,,Довчерашниот соработник на Никола Груевски, на оваа позиција ќе биде избран како функционер на Зоран Заев. Задоволи го функцонерот, дај му позиција, а запостави ги гласачите кои му ги дале мандатот.

Критики на адреса на Рамчиловиќ упати и Ѓорчев кој му порача дека не поседува чест и чесност, по што доби предупредување од спикерот Талат Џафери дека не смее да употребува говор на омраза.

На поранешните сопартијци од ВМРО ДПМНЕ, Рамчиловиќ им рече дека се лицемерни и се борат за ситни партиски интереси. За неговите постапки, меѓу кои беше и гласот за уставните измени, вели дека има поддршка од бошњачката заедница.

Зекир Рамчиловиќ на почетокот на месецов ја напушти пратеничката група од опозицијата и стана независен пратеник. Мотив за неговата одлука било недобивањето датум за преговори со ЕУ, и вели дека на овој начин ќе придонесе повеќе за реформите во земјава.

притисни ентер