Фармацевтски компании ќе платат 260 милиони долари , поради зависност со лекови во Охајо

Четири големи фармацевтски компании постигнаа вчера договор со два округа во американската сојузна дрѓава Охајо да не одат на судење , туку да платат обештетување од 260 милиони долари поради улогата во епидемијата на бројот на зависници од леков

Сепак, фармацевтските компании AmerisourceBergen, Cardinal Health, McKesson и Teva не успеаја да постигнат порамнување во вредност од десетици милијарди долари што ќе ги завршеше сите парници што се водат против нив во моментов.

Четирите споменати компании дистрибуираат околу 90 проценти од лековите на рецепти во САД и ќе платат вкупно 215 милиони американски долари.

Израелската компанија Тева ќе плати 20 милиони долари во готовина, покрај 25 милиони долари преку лекот Субоксон што се користи како замена на опиоиди, изјави Хантер Школник, адвокат на двата окрузи во Охајо во овој спор.

Според Школник, Тева, најголемиот производител на генерички лекови во светот, ќе го плати надоместокот во рок од 18 месеци.

Округот Кујахога и Самит ги обвинија компаниите за зголемување на бројот на зависници од опиоиди.

Околу 400.000 Американци починале од предозирање поврзано со опиоиди помеѓу 1997 и 2017 година, се наведува во податоците на владата.

Во петокот разговори за вонсудски  договор за сите Соединети држави, кои доколку успеат ,четири компании ќе платат 48 милијарди долари обештетување.

Поднесени се вкупно 2.600 судски спорови во САД против фармацевтските компании за нивната улога во развојот на зависност од опиоиди.

Заев пред форумот на жени на СДСМ, Мицкоски на конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Партиските раководства на власта и опозицијата на два настани едни до друго си разменија пораки.

 Премиерот и претседател на СДСМ од 20-годишнината на Форумот на жени на СДСМ, а лидерот на ВМРО ДПМНЕ од 28-мата годишна конференција на Унијата на млади сили. Заев на своите сопартијки им вети дека ќе работи на унапредување на статусот на жените и нивните права. Од говорницата најави дека на кандидатските листи за претстојните избори ќе има еднаков број жени и мажи на кандидатските листи за пратеници.

„Нашата позиција како СДСМ е јасна: потребни се повеќе жени во политиката и тоа заедно со вас ќе го оствариме. Во нашиот Извршен одбор повеќе од половина членови се жени. Еднакви сме, можеме, тоа е пораката што ја испраќаме. Ние сме предводник во концептот 50-50 на застапеност на жени во политиката. Не како бројка туку суштински како квалитет. И тоа ќе го оствариме. На следните избори, СДСМ ќе има 50-50 отсто жени и мажи на листите, целосна еднаквост“, порача Заев.    

Претседателката Форумот, Снежана Калевска Ванчева порача дека жените мора да останат претпазливи и да не дозволат стекнатите права да бидат загрозени.

Мицкоски пред владите вети дека Владата која тој би ја предводел би се водела по строг морале кодекс. Вели  нема да толерира функционери бизнисмени, луксузирање со државни пари, реваншизам врз администрацијата и дека Европската Унија и НАТО остануваат стратешки цели. Опозицискиот лидер убеден во победа на 12-ти април.

„Следува Референдум за Македонија. 12-ти април 2020 година е тој ден. Македонија е нашето се. Да ги поразиме оние кои носат порази. Изборот е Зоран Заев или Македонија. Народот ќе ја одбере Македонија. Знам дека тоа е така“, рече Мицкоски.

Претседателот на УМС, Јован Јаулески рече дека актуелната власта не сторила ништо за да ги задржи младите и да ги подобри условите за образование и вработување.

Дали Мицотакис (ќе) го почитува Преспанскиот договор?

Откако пред неколку дена во Солун грчкиот премиер Мицотакис ја промовираше маркетиншката кампања „Macedonia the GReat“за грчките производи од регионот Македонија, премиерот Заев вели дека е уверен дека прашањето ќе се реши преку меѓународна експертиза

Според него, самостојно истакнување на амблем не е против Преспанскиот договор, а финалното решение за производите кои го носат името Македонија очекува да биде мост на поврзување на двете држави.

Oд македонското МНР вчера порачаа дека грчкиот слоган „Macedonia the Great“ jа подрива довербата меѓу двете земји и може негативно да се одрази врз односите меѓу двете држави.

„Ние цениме дека на ваквите прашања треба да им се пристапува преку дијалог и со советодавна и експертска асистенција на меѓународната група експерти за комерцијалните имиња, трговските марки и заштитни знаци. Унилатералеиот пристап може да доведе до подривање на меѓусебната доверба и да има негативно влијание врз досегашните напори и постигнати резултати меѓу двете држави“, велат од МНР.

Ваквиот развој на настаните за политичкиот аналитичар Петар Арсовски е последица на промената на власта во Грција и не доволните средби на мешовитата комисија за трговски марки. Според него на грчката провокација во моментов не треба да се возврати со иста мера.

Претседателот на македонската страна на комисијата за трговски марки Ѓорѓи Филипов, пред неколку дена посочи дека досега не постои пријавена или регистрирана трговска марка со името „Macedonia the GReat“, и додаде дека заради тоа, таа не може да биде ЗАСЕГА предмет на разгледување, ниту на грчкиот, ниту на македонскиот дел од меѓународната група на експерти. Согласно Преспанскиот договор, двете земји формираа заедничка мешовита комисија, која има рок до 2022 година да дојде до договор за трговските марки, ознаките и комерцијалните имиња за терминот Македонија или  Македонски.

Шилегов на ФБ: Подготовки за утрешното садење на јапонските цреши на Максим Горки

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на својот Фејсбук профил објави дека се вршат подготовки за садење на нови јапонски цреши на улицата Максим Горки.

„Подготовки за утрешното садење на јапонските цреши на Максим Горки. Дрвата мораа да бидат одстранети во петокот, заради болест (констатирана пролета 2017). Се обидовме да ги спасиме. Кога оваа пролет стана извесно дека нема да можеме да ги спасиме, набавивме нови и обновата на дрворедот ја испланиравме за оваа есен.

Очекувам дека “душегрижниците” и “сезнајковците” ќе се појават утре на засадувањето на дрворедот. Ако не се појават, ќе ги засадиме и без нив.

Се грижиме за градот и работиме плански,“напиша Шилегов на својот Фејсбук.

притисни ентер