Ќерката на Ума Турман објави снимка на која е гола и пијана (ВИДЕО)

Ќерката на Ума Турман и на Итан Хок , Маја, ги шокираше фановите на Инстаграм , каде објави снимка како шета гола и пијана низ студијата во Лос Анџелес.

"Еј, добредојдовте во животот на филмска sвезда. Ако некогаш сте се запрашале како е да се биде славен, еве ви. Тоа е многу гламурозно и секси и сите сакаат да спијат со вас и да ве сакаат цело време", зборува Маја во бизарно видео.

„Луѓето ви даваат многу бесплатна храна и бесплатна облека и бесплатен алкохол. Јас скоро никогаш не плаќам за ништо“, продолжува таа.

21-годишната актерка исто така призна дека се снимала пијана, а се верува дека се појавила на сетот на нејзиниот нов филм „Мејнстрим“, кој треба да излезе следната година. Инаку, Маја се појави во серијалот Stranger Things и во хитот на Тарантино Once Upon a Time in Hollywood.

Во Виетнам се појави животно , за кое се мислело дека е изумрено пред 30 години (ВИДЕО)

Еден вид на џуџест елен , што не бил виден над 30 години и се мислело дека е исчезнат , пред неколку дена бил снимен со скриена камера во шума на југот на Виетнам.

„Немавме претстава што може да очекуваме, па затоа бевме многу изненадени и среќни кога ги проверив скриените камери и видов фотографии од ова тешко животно , тешко за ловење“, изјави  Ан Нгујен, раководител на тимот за наука и заштита на дивиот свет.

Видот за прв пат е опишан во 1910 година и оттогаш е прогласен за еден од најретките видови елени, поради што беше вброен на списокот на 25 наретки изгубени видови.

И покрај нивното име и изглед, овие животни не се ниту глувци ниту елени, туку се најмалите копитари на планетата, а научниците веруваат дека ова е многу важно откритие затоа што сега ќе може да ги заштитат од истребување.

Научниците ја започнале експедицијата со тоа што прво дознале од  локалното население за место каде последен пат го виделе ова животно, по што поставиле скриени камери во шумата.

„Клучен аспект на идните истражувања за„ изгубените видови “е соработката со локалното население, како што докажавме со овој проект. Вклучувањето на локалното население и нивното знаење беше клучно за нашата работа. Оваа стратегија, исто така, може да се покаже како многу успешна за истражување на други видови низ светот “, заклучија научниците.

Суперавтомобил без покрив и со воздух наместо ветробранско стакло (ВИДЕО)

Мек Ларен го претстави својот нов суперавтомобил Елва, чија почетна цена е 1,7 милиони долари без вградени системи како звучници или бочни панели од карбонски влакна.

Сепак , една опција никако не е достапна , а тоа е покривот.  Суперавтомобилот  Елва не е отворен роудстер, или автомобил кој воопшто нема покрив. Може да се плати дополнително за шофершајбна. За да се спречи ветрот да го удара возачот во лице, се вклучува системот за управување со воздух кога автомобилот вози побрзо од 40 километри на час. Системот го пренасочува воздухот околу кабината за да создаде „меур на тишината“ околу патниците. Воздухот се канализира низ предниот дел на возилото и излегува со голема брзина во форма на завеса десно од кабината.

Така, воздухот функционира како ветробранско стакло, насочувајќи го воздухот околу кабината. Малиот рутер за насочување на ветер, се крева пред возилото, насочувајќи го протокот на воздухот околу патничкиот простор.

Во случај на превртување на автомобилот при судир, патниците ќе бидат заштитени со автоматски систем за заштита од превртување. Мекларен не даде подетален опис освен дека системот за заштита од превртување вклучува силни метални шипки кои се сместени околу патничкиот простор во моментот кога сензорите откриваат дека возилото ќе се преврти.

Elvа е придвижуван од турбополнач V4 мотор со 804 коњски сили, кој се наоѓа зад седиштето и може да забрза до 100 километри на час за три секунди.

Мекларен најави дека ќе бидат произведени само 399 Елви, а првиот ќе биде доставен кон крајот на 2020 година. Британската компанија нуди и малку поприфатливи спортски автомобили, на пример, цената на „Мекларен 570S“ започнува од 200.000 американски долари, а „Мекларен ГТ“ може да се купи за околу 20 000 долари повеќе.

Британски монструм врзал жена и ја принудил да гледа како и ги силува синот и ќерката (ВИДЕО)

За време на денешното судење на Џозеф Мекен , осомничен сериски силувач, беше посведочено дека врзал жена и ја принудил да ги слуша врисоците на нејзиниот син и ќерка додека ги силува.

Неколку часа по овој монструозен чин, Мекен заробил 71-  годишна жена и 13 – годишно девојче , кои сексуално ги злоставувал.

Мекен, од Хароу, северен Лондон, се приближил до полицајците по ова признание и му рекол : „Ако ме фатевте за првите две силувања, останатите немаше да се случат“.

Мекен (34) е обвинет за силување, сексуална злоупотреба и киднапирање на 11 жени и деца, на возраст од 11 до 71 година. Тој ги изврши овие напади помеѓу 20 април и 5 мај годинава низ Лондон, Манчестер, Ланкашир и Чешир.

Во текот на вториот ден од судењето, јавноста дозна дека Мекен бил уапсен на 6 мај. Поточно, еден ден пред тоа се сретнал со мајка на две деца во еден бар во Хаслинген и се возел со неа до нејзината куќа. Кога стигнале таму, тој ја врзал со жица за креветот.

Потоа ги разбудил 17-годишната ќерка и 11-годишниот син и ги силувал и двајцата во соседната соба. Ќерката некако успеала да избега и да скокне гола низ прозорецот и да повика полиција од куќата на соседите.

Потоа Мекен го напуштил нивниот дом, киднапирал пензионерка на 71 годишна возраст и ја принудил со нејзиниот автомобил да го вози наоколу додека барал нова жртва. Тогаш, тој грабнал 13-годишно девојче и ја присилил жената да го преземе воланот додека сексуално ја злоставувал тинејџерката.

На денот на неговото апсење, тој застанал на бензинска пумпа за да купи кондом, бидејќи киднапирал две тинејџерки и имал намера да ги силува. Кога го забележал полицискиот автомобил, удрил со своето возило во друг автомобил и излегол и почнал да бега , додека тинејџерите останале во  автомобилот.

Тој при бегањето украл велосипед и се обидел да и избега на полицијата, но наскоро бил уапсен.

притисни ентер