Видео игрите наскоро ќе бидат сосема поинакви

Видео игрите може да станат многу поинакви во блиска иднина. Играње на кој било екран, во кое било време, на кое било место, без потреба од додатни уреди за игри, како компјутери или конзоли, благодарение на клауд играњето или стриминг видео игрите.

Ваквите услуги бараат брза и стабилна интернет конекција со екстремно ниска брзина на реакција, што ги обезбедува 5G.

Интернет-врската е неопходна за играње видео игри веќе некое време. Дури и игри со еден играч бараат Интернет врска од различни причини. Малку е иритирачко како кога среде натпреварот во Лигата на легендите прекинува врската или се зголемува латентноста што ги спречува играчите да играат нормално. Игрите исто така бараат повеќе простор, а преземањето повеќе од 100 GB во некои случаи може да одзема многу време, но наскоро и тоа ќе се реши.

Игрите секогаш биле потпомогнати од технолошкиот развој, и како што стојат работите сега, се соочуваме со една од најголемите пресвртници во индустријата за видео игри. Мајкрософт, Сони, Гугл и Електроник Арт се само некои од глобалните компании кои развиваат свои услуги за игри во клауд . Таквата услуга треба да им овозможи на играчите да играат видео игри на речиси секој екран поврзан на интернет. Игрите се контролирани на оддалечени сервери, а не на уредот на плеерот, но тој уред комуницира со серверот. Претходните конкуренти на пазарот за игри на конзоли Sony (PlayStation) и Microsoft (Xbox) ги здружија силите и соработуваат за развој на услугите на Project xCloud. Многумина ова го гледаат како крај на ерата на гејмерските конзоли, а претстојната Xbox и PlayStation 5 може да бидат последните конзоли за игри од ваков вид.

За да биде гејмерското искуство слично на она на што сме навикнале последниве години, потребна е брза и стабилна интернет-врска со ниска латентност. Ова му овозможува на плеерот да игра видео игри со висока резолуција доволно рамки на секунда и да внесува контроли во реално време, како на пример глувчето и тастатурата на компјутерот, контролер на конзола за игри или екран на допир на мобилните уреди. Сите овие предизвици треба да се решат со петтата генерација на мобилната мрежа - 5G.

Целта на латентната мрежа од 5G е под пет милисекунди, што е исклучително брзо, иако во пракса во земји каде што веќе се користи е малку поголема и нуди многу поголема брзина од нејзините претходници. Ваквата мрежа може да поддржува многу поголем број на корисници на метар квадратен од мрежата 4G, што исто така треба да обезбеди одлична покриеност. Национална мрежа 5G беше лансирана во Кина на 1 ноември оваа година и важи за најголема од ваков вид на светот. Германија ќе покрие 98 проценти од домаќинствата со 5G мрежи во 2022 година, а исто така се користи во земји како Финска и Јужна Кореја.

Балетски триптих „Молитви на моето тело“ на фестивалот „Танц фест Скопје“

Ќе настапи Женскиот младински хор при МКЦ под диригентство на Сашо Татарчевски.

Во Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведен балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ во рамки на 20. Иинтернационалниот фестивал „Танц фест Скопје 2024“, кој е инспириран од циклусот поезија со истоимен наслов од поетот Ацо Шопов.

-Поезијата на Шопов ќе биде „прочитана“ со јазикот на танцот создаден од тројца македонски кореографи на музика на тројца македонски композитори и останатите уметници. Во формат на триптих, балетската претстава „Молитви на моето тело“ претставува 90-минутно креативно „сплотување“ на тим од тринаесет уметници, сценски пренесено од првенците, солистите и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, соопшти Националната опера и балет.

Идејата за проектот и за костимите е на Александар Ношпал, драматург е Соња Здравкова-Џепароска, кореографи се Ивана Коцевска, Адријана Данчевска и Саша Евтимова, музиката е на Дарија Андовска, Александар Гроздановски и Александар Пејовски.

Ќе настапи Женскиот младински хор при МКЦ под диригентство на Сашо Татарчевски, сценограф е Михајло Стојановски, визуелен уметник - Флоријан Чанга од Албанија, камера и видеомонтажа на филм - Доријан Миловановиќ и мултимедија и графички дизајн - Лазе Трипков.

Пјонгјанг извршил симулација на нуклеарен контранапад

Северна Кореја денеска соопшти дека извела симулација на нуклеарен контранапад „во која учествувалe супер-големи ракетни артилериски лансери“.

Државната новинска агенција КЦНА јави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледувал вчерашното лансирање, првата демонстрација на новиот систем за управување и контрола на нуклеарното оружје на Пјонгјанг наречен „Haekbangashoe“ или „нуклеарен активирач“.

Според Генералштабот на Јужна Кореја, Северна Кореја во понеделникот истрелала неколку сомнителни балистички ракети кон отворено море.

На Северна Кореја и е забрането со резолуции на ОН да лансира, па дури и да тестира балистички ракети од кој било дострел.

Наводните ракети со краток дострел по лансирањето полетале околу 300 километри на исток од областа околу главниот град Пјонгјанг и паднале во морето.

Во зависност од дизајнот, балистичките ракети можат да бидат опремени и со нуклеарна боева глава. И покрај меѓународните санкции, Северна Кореја продолжува да тестира ракети со нуклеарни способности и други системи за оружје. Пјонгјанг во петокот соопшти дека неодамна тестирал боева глава за стратешка крстосувачка ракета и противвоздушни проектили. /МИА

Израел го критикуваше конечниот извештај за обвинувањата против УНРВА

 Израел го критикуваше извештајот за Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), главниот обезбедувач на хуманитарни услуги во Газа, пренесе ДПА.

Експертите задолжени за истрага на неутралноста на ОН во однос на наводите дека вработени во ОН биле вмешани во нападите врз Израел на 7 октомври препорачаа заострување на заштитните мерки во „осум критични области“.

Во исто време, во нивниот извештај се вели и дека Израел досега не доставил докази дека одредени вработени биле членови на терористички организации.

Извештајот „ја игнорира сериозноста на проблемот“, напиша портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи Орен Марморштајн на X.

- Проблемот со УНРВА-Газа не е во неколку лоши јаболка; тоа е гнило и отровно дрво чии корени се Хамас, напиша тој.

- Хамас толку длабоко се инфилтрира во УНРВА што веќе не е можно да се одреди каде завршува УНРВА, а каде почнува Хамас, напиша Марморштајн.

- Вака не изгледа вистински и темелен преглед. Вака изгледа обид да се избегне проблемот и да не се решава директно, нагласи тој и додаде дека „УНРВА беше дел од проблемот, а не дел од решението“.

- Постојат и други решенија. УНРВА не може да биде дел од решението во Газа ниту сега, ниту во иднина, изјави портпаролот на израелското МНР. /МИА

притисни ентер