Макрон го пречека Претседателот Пендаровски

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски беше пречекан во Париз од страна на Францускиот претседател Емануел Макрон.

Претседателот Пендаровски на Фејсбук објави фотографии од ракувањето со Марон.

„Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата во пресрет на Парискиот мировен форум, на покана на францускиот претседател Емануел Макрон, заедно со шефовите на држави и учесници на Форумот, на кој ќе дискутираме за потребата од заеднички решенија за справување со глобалните предизвици“, напиша Пендаровски во објавата.

Инаку официјалната средба на Макрон и Пендаровски е закажана за утре.

Убави зборови од Трамп за Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на Иран за „многу праведните преговори“ околу размената на затвореници меѓу двете земји во затегнати односи.

„Гледате дека заедно може да постигнеме договор“, напишал Трамп на Твитер.

Иран и САД денес разменија затвореници. Американец со кинеско потекло заробен на три година со обвинение за шпионажа за заробен Иранец.

Тлото не се смирува, нов земјотрес на Крит

Земјотрес со јачина од 4,4 степени денеска попладне го погоди грчкиот остров Крит, соопшти Институтот за геодинамика од националната опсерваторија во Атина.

Епицентарот на потресот бил на 30 километри длабочина во водите јужно од Крит, пренесува „АНА“.

На овој земјотрес му претходеа серија потреси во зоната на Крит, со јачина меѓу 3 и 4,4 степени, се наведува на сајтот на Европско-Медитеранскиот сеизмолошки центар.

Ирански војник со огнено оружје убил три полицајци

Ирански војник со огнено оружје убил три полицајци на југот од земјата, јавува агенцијата „Фарс“.

Агенцијата додава дека инцидентот се случил во пристанишниот град Бандар Ленгех на околу 1.000 километри од Техеран.

„Фарс“ додава дека војникот веднаш е уапсен но не се наведува мотивот за убиството.

Иранските медиуми повремено известуваат за такви инциденти. Еден војник во 2016 година извршил самоубиство откако убил тројца војници на југот од Иран.

Одредени експерти сметаат дека незадоволството кај војниците е предизвикано од обврзувачкиот воен рок од две години.

притисни ентер