Фото: Стомачните мускули на 53- годишната Хали Бери

Таа е жена змеј на 53 годишна возраст нема проблем да го покаже своето тело на кое може да му позавидат двојно помладите девојки.

Оскаровката Хали Бери на Инстаграм се пофали со својата завидна става и неверојатните стомачни мускули.

Со оваа фотка меѓа популарната актерка покажува дека е подготвена за снимањето на својот нов филм „ Bruised"во кој ќе ја глуми ММА боксерката Џеки.

Хали со оваа фотографија покажа дека иако има 53 години и понатаму изгледа совршено.

-Еден од моите цели беше постигнување на изразени стомачни мускули, денеска  го постигнав тоа. Чувството е неверојатно, напиша Хали под фотката.

Фото: Ретро издание на Јелена Карлеуша!!!

Ново несекојдневно издание на провокативната пејачка Јелена Карлеуша.

Популарната Џеј Кеј сега ги изненади фановите на социјалните мрежи со ретро издание од 80-те, како што и самата напишала под фотографијата.

Скоро секој ден Карлеуша на социјалните мрежи се појавува во различни комбинации во кој во преден план се нејзините облини во секси фустани, комбинезони. Но, сега Јелена не е ниту во секси фустан, високи потпетици..., туку е во спортска варијанта со патики, кожна јакна, шорц и топ.

-Вибрации од осумдесеттите, напишала Јелена под фотките кои ги воодушевија нејзините фанови.

ИЈЗ: Регистрирани 73 заболени од грип

Во текот на изминатата недела (од 2 декември до 8 декември), пријавени се 73 заболени од грип.

Што е намалување за 33 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 109 заболени од грип, се наведува во извештајот што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, како што се истакнува, пристигнати се шест материјали за тестирање на грип. Сите тестирани материјали се негативни на присуство на вирусот на инфлуенца.

Бројот на пријавени лица изминатата недела споредено со истиот период минатата сезона (кога беа регистрирани 132 заболени) е намален за 44,7 отсто. Сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип, посочуваат од Институтот за јавно здравје.

Најголем број случаи (41) се пријавени во најголемата возрасната група од 15 до 64 години, додека највисока инциденца од 15,5 на 100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст до четири години.

Најголем број случаи се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје во Скопје (15), а највисока неделна инциденца (36 на 100.000 жители) е регистрирана во Подрачната единица во Дебар.

Во сезоната 2019/2020, вкупниот број заболени од грип изнесува 433. Од Институтот за јавно здравје препорачуваат граѓаните да се вакцинираат против грип, особено лицата на возраст над 65 години, децата на возраст од шест месеци до пет години, хронично болните, бремените жени и

здравствените работници. 

СВИНСКО МЕСО НА СЕЛСКИ НАЧИН

Рецепт на: ПАВЛИНА ТРАЈКОСКА

Потребни состојки :  1 кг. свинско месо, 1-2 главици кромид, 4 суви црвени пиперки, 2 лажички сол и масло по потреба.

Постапка:

Свинското месо се сече на поголеми коцки и се пржи во тава со масло.

По неколку минути месото се зачинува со 2 лажички сол и се продолжува со пржењето.

При крај се додава сечкан кромид и сечкани суви пиперки и се  продолжува со пржењето уште неколку минути.

притисни ентер