Љубовните писна од авторот на Џејмс Бонд на аукција во Лондон

Љубовните писма кои Иан Флеминг, авторот на Џејмс Бонд и ги пишувал на својата партнерка Ен, ќе видат на аукција во Лондон во декември, соопшти куќата „Сотби“.

Вкупно 160 писма пратени во период од 20 години, ја опишуваат тајната идила која писателот ја имал со Ен Картерис, која тогаш била омажена за друг човек, се до нивната венчавка.

Иан и Ен се сретнале во 1934 година додека таа била во брак со еден барон. Набрзо станале љубовници но паралелно имале и други врски. Ен во 1948 година родила ќерка од врската со Иан, но бебето починало што додатно ги зближило љубовниците.

Парот конечно се венчал во 1952 година кога е роден нивниот син Каспар иобјавен последниот дел од сагата за чуениот агент 007.

Љубовните псма ќе бидат на аукција од 3 до 10 декември. Се проценува дека ќе бидат продадени за вредност од 33.000 до 349.000 евра.

МОН: Наставата од деновите на гласање ќе се надомести во работни денови

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ во Скопје, наместо во саботи, ќе се надомести во работни денови.

Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците.

Потсетуваме дека наставната година за учениците од средните училишта трае до 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни и потребно е да го зачуваме најдобриот интерес на учениците, а тоа подразбира тие во целост и квалитетно да ја совладаат предвидената наставна материја.

Министерство за образование и наука

Четворица млади Германци се уапсени, додека полагале бели рози во куќата на Хитлер

Четворица Германци биле фатени како положуваат бели рози во куќата во која е роден нацистичкиот лидер Адолф Хитлер во западна Австрија на неговиот роденденот, а една жена меѓу нив го извела нацистичкиот поздрав додека се фотографирала.

Полицијата во провинцијата Горна Австрија соопштила дека четворица Германци, две сестри и нивните партнери, на возраст од 20-ти и раните 30-ти, отишле во зградата во саботата за да положат бели рози во прозорците, објави Политико.

Тие се фотографирале пред куќата, а една од жените го извела нацистичкиот поздрав. Патролните службеници ја забележале групата и ги однеле во полициска станица на распит.

Жената рекла дека не била сериозна во врска со поздравот, но полицајците изјавиле дека нашле разговор со други на нејзиниот мобилен телефон, во кој споделувале пораки и слики со нацистички теми.

Полицијата соопшти дека ќе ги пријави сите четворица пред обвинителството поради сомневање дека го прекршиле австрискиот закон за забрана на нацистички симболи.

Хитлер е роден на 20 април 1889 година во Браунау ам Ин.

По долги расправии за иднината на куќата во која е роден, минатата година почна да се работи за нејзино претворање во полициска станица, што требало да ги одврати оние кои го величаат Хитлер и имаат намера да ја посетат.

Венеција почнува да наплаќа влезници за еднодневните посети

Од четврток, Вeнеција ќе почне да им наплаќа влез во градот на еднодневните патници, што е прв ваков случај во светот. 

Градското собрание на Венеција, минатата година соопшти дека ќе почне примена на целосно нова такса од пет евра за туристите кои доаѓаат на посета само за еден ден. Давачката, чија имплементација се одложува неколкупати, ги таргетира само туристите кои влегуваат во стариот дел од 8:30 до 16:00 часот по локално време, соопштија градските власти, појаснувајќи дека целта е да се подобри квалитетот на животот во градот. Потенцијалните казни за непочитување се од 50 до 300 евра. За деца до 14-годишна возраст нема да се плаќа таква такса.

притисни ентер