Насилни протести во Чиле – Стотици повредени , над илјада уапсени демонстранти (ВИДЕО)

Стотици демонстранти се повредени , а над илјада се уапсени во големите протести во Чиле , објави денеска тамошното Министерство за внатрешни работи.

Смените во Владата и мерките за намалување на нееднаквоста не успеаја да го смират протестниот бран во Чиле, кој трае речиси еден месец.

Повеќе од 100 продажни места, претежно продавници и трговски центри, биле ограбени претходните две ноќи, објави порталот Емол, повикувајќи се на податоци на Министерството за внатрешни работи.

Околу 30 згради биле запалени, а 20 полициски станици нападнати.

Запалени се и четири автобуси, а оштетени се 49 полициски возила.

Меѓу повредените има 347 полицајци и 46 демонстранти.

Според извештајот на Франс Прес, Националниот институт за човекови права објави дека 197 лица се здобиле со повреди на очите од почетокот на протестите на 18 октомври, а некои биле трајно ослепени од полициската интервенција со солзавец и гумени куршуми.

Вчера на протестните маршеви учествувале околу 250.000 луѓе, од кои 80.000 во главниот град Сантијаго.

Од почетокот на насилните протести загинаа 20 лица , а повредени се повеќе од 2000 .

Протестите избувнаа поради најавата за пораст на цените на билетите во метрото и иако претседателот Себастијан Пинера ја повлече мерката и најави социјални пакети за сиромашните, барањата на демонстрантите се проширија. Пинера вчера ги повика „сите учесници“ во протестите да почнат да работат заедно за изготвување на нов Устав.

Политичките немири ја погодија економијата и ја намалија проекцијата на владата за оваа година на 2 проценти од 2,6 проценти пред протестот. Денеска, чилеанската валута песо падна на најниско ниво од 1990 година во однос на доларот.

Пред кризата, односот беше 710 пезоси за долар, а вчера 790 пезоси , пишува агенцијата ДПА.

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

притисни ентер