Британски монструм врзал жена и ја принудил да гледа како и ги силува синот и ќерката (ВИДЕО)

За време на денешното судење на Џозеф Мекен , осомничен сериски силувач, беше посведочено дека врзал жена и ја принудил да ги слуша врисоците на нејзиниот син и ќерка додека ги силува.

Неколку часа по овој монструозен чин, Мекен заробил 71-  годишна жена и 13 – годишно девојче , кои сексуално ги злоставувал.

Мекен, од Хароу, северен Лондон, се приближил до полицајците по ова признание и му рекол : „Ако ме фатевте за првите две силувања, останатите немаше да се случат“.

Мекен (34) е обвинет за силување, сексуална злоупотреба и киднапирање на 11 жени и деца, на возраст од 11 до 71 година. Тој ги изврши овие напади помеѓу 20 април и 5 мај годинава низ Лондон, Манчестер, Ланкашир и Чешир.

Во текот на вториот ден од судењето, јавноста дозна дека Мекен бил уапсен на 6 мај. Поточно, еден ден пред тоа се сретнал со мајка на две деца во еден бар во Хаслинген и се возел со неа до нејзината куќа. Кога стигнале таму, тој ја врзал со жица за креветот.

Потоа ги разбудил 17-годишната ќерка и 11-годишниот син и ги силувал и двајцата во соседната соба. Ќерката некако успеала да избега и да скокне гола низ прозорецот и да повика полиција од куќата на соседите.

Потоа Мекен го напуштил нивниот дом, киднапирал пензионерка на 71 годишна возраст и ја принудил со нејзиниот автомобил да го вози наоколу додека барал нова жртва. Тогаш, тој грабнал 13-годишно девојче и ја присилил жената да го преземе воланот додека сексуално ја злоставувал тинејџерката.

На денот на неговото апсење, тој застанал на бензинска пумпа за да купи кондом, бидејќи киднапирал две тинејџерки и имал намера да ги силува. Кога го забележал полицискиот автомобил, удрил со своето возило во друг автомобил и излегол и почнал да бега , додека тинејџерите останале во  автомобилот.

Тој при бегањето украл велосипед и се обидел да и избега на полицијата, но наскоро бил уапсен.

Русија развива технологија против опасните комети и метеори

Руската вселенска агенција Роскосмос создава центар за  набљудување на метеори, комети и астероиди за да се осигура дека тие нема да се судрат со Земјата - дури и ако треба да ги разнесат во вселената.

„Како дел од создавање на систем за набљудување и информативна поддршка за безбедноста на вселенските активности во просторот близу Земјата, планираме да го основаме  Рускиот центар за мали небесни тела, чија главна задача ќе биде да ги открие и следи небесните тела кои се приближуваат кон Земјата “, изјави Игор Бакарас, висок функционер во Роскосмос, за руската новинска агенција Спутник.

Се очекува центарот да почне со работа кон средината на 2020 година.

Русија исто така неодамна ги објави плановите за изградба на серија телескопи на Месечината за да ги следи потенцијално опасните вселенски карпи, па се чини веројатно новиот центар ќе има улога во остварувањето на тој план.

Бакарас изјави за „Спутник“ дека руските научници во моментов истражуваат различни начини за уништување или пренасочување на вселенските карпи што се движат кон Земјата, вклучително и преку употреба на сателити, ракетни мотори и соларни едра.

„Во моментов, работата во овие области е ограничена во голема мерка на теоретско истражување и математичко моделирање на разни контрамерки“, рече Бакарас .  Додаде дека истражувањето би можело да биде клучно за зачувување на планетата ако астероид се најде на патека преблиску или во правец кон  Земјата.

Германски Ромео поминал 260 километри во автомобил на баба му за да ја види девојката

14- годишно момче од Германија тргнал во романтична авантура со автомобилот на неговата баба , што и го зел без знаење , само за да ја види својата девојка.

Четиринаесетгодишно неименувано момче во текот на ноќта го укралo автомобилот на баба му и возел низ Германија 260 километри. Авантурата завршила кога вработени во бензинска пумпа се јавиле во полиција вчера во раните утрински часови.

Момчето избегало со автомобилот на баба му од местото Герден во Долна Саксонија, соопшти полицијата. Потоа се возел до градот Алсфелд во соседната држава Хесе, каде забележал дека останува без гориво.

Застанал на бензинска пумпа на автопатот за да го наполни резервоарот. Вработените се посомневале дека такво младо лице плаќа гориво и повикале полиција.

Момчето подоцна признало дека сакало да ја посети својата девојка во Франкфурт.

Полицијата му поднела прекршочна пријава за возење без валидна возачка дозвола.

Русин се шокирал , кога го видел лицето на бебето во машина за перење

Татко од Русија се преплашил кога видел маица со фотографија од лицето на своето бебе во машината за перење, мислејќи дека бебето е внатре.

Корисникот на социјалната мрежа „Имгур“, за кој се верува дека е од Русија, останал во шок пред да сфати дека тоа е само фотографија на неговото бебе и дека тоа е безбедно.

„Ве молам, ако некогаш ја перете омилената маица со слика на вашето бебе, само ставете предупредување на машината за перење или нешто друго “, ги предупреди другите корисници на Imgur со фотографија која предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Некои луѓе го советуваа да ја сврти кошулата наопаку додека пере, а за други беше чудно што воопшто има маица со лик на бебето, а имаше и такви кои признаа дека биле шокирани се додека не го прочитале објаснувањето со фотографијата.

притисни ентер