Помеѓу правењето музика и настапите на концерти , Род изминативе 23 години работел на огромен , сложен модел на град во САД.
Тој го откри како дел од интервјуто за списанието Railway Modeller.
„Би рекол дека 90% од моделот го изградив самиот“, инсистираше тој. „Единствено што не бев многу добар и сè уште не сум електричар, така што некој друг го направи тој дел“.
Род Стјуарт има издадено 13 студиски албуми и беше на 19 турнеи во времето на изградба на градот, кој е модел и на Њујорк и на Чикаго во периодот околу 1945 година.
„Многу луѓе ми се смеат дека тоа е глупаво хоби, но тоа е прекрасно “, рече музичарот.
Тој работел на конструкцијата на моделот и додека бил на турнеи, па барал дополнителна просторија за неговите конструкции во хотелите.
„Кога преземам нешто креативно како ова, морам да се дадам 110%“, рече Род. "За мене тоа е зависност. Почнав, па морав да завршам. Среќен сум што имав простор за макетите . Ако на почетокот знаев дека ќе траеше толку долго, веројатно ќе се откажев'"
74-годишниот пејач, го поставил моделот на огромен град во поткровјето во неговиот дом во Лос Анџелес.