„Само Вистина“ со Љубиша Николовски и Сотир Костов

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа Љубиша Николовски и Сотир Костов.

- СДСМ е ненародна партија која мораше да издејствува гаранции дека сигурно ќе влеземе во ЕУ и НАТО па дури тогаш да го менува името на Република Македонија, рече вечерва во „Само вистина“ политичкиот аналитичар Сотир Костов. Новинарот Љубиша Николовски пак смета дека иронија е што опозициската десничарска партија ВМРО-ДПМНЕ се повикува на историски документи создадени од некогашната комунистичка власт

Дел од вечерашната #СамоВистина со Љубиша Николовски и Сотир Костов    

- Вечерашните гости во „Само вистина“, политичкиот аналитичар Сотир Костов и новинарот Љубиша Николовски имаа различни мислења за тоа каква предизборна кампања не очекува. Костов предвидува дека таа ќе биде една од највалканите до сега а Николовски вели дека во говорите на партиите сепак ќе доминираат економијата и ЕУ и НАТО

Дел од вечерашната #СамоВистина со Љубиша Николовски и Сотир Костов     

- Во вечерашното издание на „Само вистина“ анализирајќи зошто Македонија не доби датум за преговори двајцата соговорници, новинарот Љубиша Николовски и политичкиот аналитичар Сотир Костов имаа спротивставени мислења кој е виновен што Македонија остана пред портите на Европа

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Вистина".

Трамп со остра реакција: Отповикувањето е срамно!

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го нарече денеска процесот на отповикување измама и дека нема да му пречи долгото судење во  Сенатoт, додавајќи дека тој би сакал да го види свиркачот поради чии поплаки демократите го иницирале отповикувањето. 

Во обраќањето пред новинарите во Белата куќа откако Судскиот комитет во Претставничкиот дом одобри две обвиненија против него, Трамп го осуди процесот и го нарече „срамен“ и рече дека Демократите го тривијализирале инпичментот.

„Тоа е многу тажна работа за нашата земја, но изгледа дека ќе биде многу добро за мене“, изјави Трамп.

„Повлекувањето е измама. Срамно е“, додаде тој.

Одборот во кој мнозинство имаат Демократите денес ги одобри обвинувањата за злоупотреба на службената должност и опструирање на истрагата на претседателот Доналд Трамп и тој скоро сигурно ќе стане третиот претседател во историјата што ќе биде отповикан.

Судскиот одбор со 23 гласа „за“ и 17 „против“ го усвои обвинението против Трамп за злоупотреба на службената должност наводно вршење притисок врз Украина да го испита Jо Бајден, негов можен ривал на изборите во 2020 година.

Комитетот исто така го одобри второто обвинение за спречување на истрагата на Конгресот за аферата со тоа што Трамп ги повикал поранешните и сегашните членови на администрацијата да не соработуваат во истрагата.

Целиот Претставнички дом, каде демократите имаат мнозинство, треба да го одобрат обвинението следната недела, со што ќе се стави крај на истрагата за отповикување и испраќање на Трамп на судење во наредните недели.

Американскиот претседател рече дека е отворен за краткотрајно или долготрајно судење во Сенатот, што треба да започне во јануари.

„Ќе направам што сакам. Ќе го сторам тоа долго или кратко“, рече Трамп. „Не би ми пречел долгиот процес затоа што би сакал да го видам свиркачот што ја кажал оваа измама“.

Веројатно е дека Сенатот во кој доминираат Републиканците нема да го прогласат претседателот виновен за да го отповикаат од функцијата.

Унгарците загубиле 8 милијарди долари поради блокадата на ЕУ кон Русија

Унгарија загуби осум милијарди долари во можен извоз од кога се воведоа санкциите на Западните земји кон Русија, додека земјите од ЕУ ги прошируваат економските односи со Москва.

Ова денеска го изјави унгарскиот министер за надворешни работи Питер Сијарто на отворањето на новата канцеларија на унгарската агенција за промоција на извозот (ХЕПА) во Москва, пренесуваат унгарските медиуми.

„Работата на унгарската влада е да го следи примерот на западноевропските земји и да помогне во напредокот на унгарските компании на рускиот пазар“, изјави  Сијарто.

Во тој контекст, тој рече дека минатата година, од земјите од групата 7, Германија ја зголемила трговијата со Русија за 56 проценти, Франција за 40 проценти и Италија за 37 проценти.

Трговскиот промет меѓу Германија и Русија надминал 60 милијарди американски долари во 2018 година, додаде тој.

Наспроти тоа, унгарско-руската трговска размена, која достигна 10 милијарди американски долари во 2014 година, пред Русија да се најде под економски санкции, минатата година падна на само 6,4 милијарди американски долари, рече Сијарто.

Заврши блокадата на српската опозиција на РТС , и Вучиќ се огласи (ВИДЕО)

Лидерите и поддржувачите на Сојузот за Србија се повлекоа вечерва ,  откако осум часа го блокираа влезот  во зградата на јавниот сервис РТС.

Претходно денес, српскиот претседател Александар Вучиќ на прес-конференција рече дека „нема причина за стравување“ кога станува збор за блокирање на влезот во зградата на РТС.

Запрашан од новинар на РТС за блокадата што ја најави Сојузот за Србија, Вучиќ рече дека „гарантира дека никој нема да биде загрозен“.

"Не грижете се за блокирањето на РТС. Гарантирам дека никој нема да биде загрозен, дека ќе постапиме во согласност со законот, нема опасност. Ние ќе зачуваме сè што треба да се зачува", рече Вучиќ пред новинарите на заедничката прес-конференција со францускиот министер за одбрана.

Лидерите и поддржувачите на Сојузот  за Србија се собраа на пладне пред влезот во зградата на Српската радио телевизија и ги блокираа сите три влеза во зградата до 20  часот.

Меѓу собраните беа опозициските лидери  Драган Ѓилас, Вук Јеремиќ, Бошко Обрадовиќ, Марко Бастац, Борко Стефановиќ, Мариника Тепиќ, Никола Јовановиќ ...

„Неточно е дека  Сојузот за Србија уредно го пријавила денешниот митинг пред зградата на РТС, а организаторите не го испочитуваа законот за јавно собирање и немаше регистрација“, изјави Милан Станиќ, началник на полициската управа за Град Белград.

Насобраните бараа оставка од претседателот Александар Вучиќ и неговата тоталитарна власт. Во моментов пред зградата на телевијата и натаму е зголемено полициското присуство.


притисни ентер