Две жртви однесоа големите поплави во Венеција (ВИДЕО)

Во историски најголемите поплави во Венеција во последните децении , загинаа две лица, додека нивото на водата достигна дури 187 сантиметри над нормалата.

Повеќе од 85% од Венеција е поплавена, соопштија локалните власти, вклучително и историската базилика Свети Марко.

Иако нивото на морето падна утрово, се предвидува дека големите бранови носени од силен ветер, повторно ќе го кренат нивото на морето 1,60 метри, соопшти „Гардијан“.

Две лица загинаа синоќа во големите поплави , кои ја потопија Венеција.

Старец бил погоден од гром додека се обидувал да вклучи електрична пумпа во неговата поплавена куќа, додека телото на другиот човек е пронајдено во неговиот дом.

Хезболах истрела неколку десетици ракети кон Израел

Либанското исламистичко движење Хезболах синоќа соопшти дека истрелало десетици ракети врз северен Израел како одговор на смртта на двајца цивили во јужен Либан, во напад за кој е обвинет Израел.

Борците на Хезболах истрелаа „десетици ракети Катјуша“ врз северен Израел „како одговор на нападите на израелскиот непријател врз домовите на цивилите, особено за масакрот во Ханин и смртта на цивили“, се вели во соопштението на проиранското шиитско движење.

Од почетокот на војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Појасот Газа на 7 октомври, секојдневно има размена на оган меѓу израелската армија и Хезболах, кој тврди дека го поддржува палестинското исламистичко движење.

Проиранскиот Хезболах, кој има арсенал ракети и прецизни проектили, гаѓа израелски воени позиции и локации во близина на границата, а Израел реагира со бомбардирање цели на либанска територија, претежно на југ, вклучително и целни напади врз припадници на Хезболах и Хамас. /МИА

Во Кавадарци отворени гласачките места, се гласа за претседател на државата

 Во Кавадарци утрово навремено беа отворени гласачките места, се гласа за претседател на државата, информираше претседателката на Општинската изборна комисија, Емилија Петровска. 

- Малку проблеми пак со убиг апаратите. Но, со помош на ИТ лицата, се е ставено во ред, нагласи таа за МИА.

Петровска потсети дека за вчерашниот ден, за гласање беа пријавени 110 болни и немоќни лица во домашни услови и 14 штитеници во Дом за вонсемејна грижа „Др.Јанески" во кавадаречкото село Чемерско.

- Согласно на законот, тие лица гласаа вчера, ден пред изборите за претседател на државата денеска. Во избирачкиот список за општина Кавадарци се евидентирани вкупно 31.868 гласачи, соопшти Петровска.

Таа појасни дека немаа пријавено лица од оваа општина што издржуваат казна затвор, а кои исто така можеа да гласаат во текот на вчерашниот ден.

Отворени се сите избирачки места во десетте општини во Југоистокот

Сите 273 избирачки места во десетте општини во Југоистокот се отворени утрово во 7 часот, а право на глас во првиот круг на претседателските избори имаат 141.167 гласачи.

Според информациите од општинските изборни комисии, гласањето веќе тече, а освен неколку мали технички проблеми со фингер и УВ апаратите не се забележани други проблеми. Според изборните комисии техничките проблеми се надминуваат и не влијаат на изборниот процес.

Инаку, во Југоисточниот плански регион се гласа во општините Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село, Конче, Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово.

Вчера гласаа болните и изнемоштените и затвореници од затворите во Струмица и Гевгелија.

притисни ентер