Огромен помор на птици покрај езеро во Индија (ВИДЕО)

Никој не знае што можело да бисде причината за смртта на најмалку 2 400 птици , кои денеска се најдени угинати покрај брегот на соленото езеро Самбар во северозападната индиска држава Раџастан.

Шумските служби пронашле околу 2.400 мртви птици во езерската област, вклучувајќи и 20 преселни видови кои секоај година доаѓаат на местото.

„Овие птици преселници мигрираат низ средноазиската рута, која опфаќа региони како Сибир, Монголија, Иран и Авганистан“, рече шефот на шумската служба Аган Прасад.

На фотографиите на езерото Самбар се гледаат стотици мртви птици. Властите сè уште не откриле што го предизвикало поморот на птиците. Една од претпоставките е дека тоа се должи на високите концентрации  на соли и алкални материи во водата.

„Примероците од езерската вода беа испратени на анализа“, рече Ашок Шарма, директор на Државниот дијагностички центар.

"Во овој момент, се сомневаме дека причина за смртта на птиците е високото ниво на токсичност и соленост на водата. Ќе знаеме повеќе кога ќе пристигне извештајот", додаде тој.

Иако ова езеро е премногу солено за многу видови животни, околу него се собираат јата фламингоси, штркови, шљуки и слични птици. Не е познато точно кои видови птици починале. На снимките се гледа како работниците собираат мртви птици и ги ставаат во камион за погребување.

Русија развива технологија против опасните комети и метеори

Руската вселенска агенција Роскосмос создава центар за  набљудување на метеори, комети и астероиди за да се осигура дека тие нема да се судрат со Земјата - дури и ако треба да ги разнесат во вселената.

„Како дел од создавање на систем за набљудување и информативна поддршка за безбедноста на вселенските активности во просторот близу Земјата, планираме да го основаме  Рускиот центар за мали небесни тела, чија главна задача ќе биде да ги открие и следи небесните тела кои се приближуваат кон Земјата “, изјави Игор Бакарас, висок функционер во Роскосмос, за руската новинска агенција Спутник.

Се очекува центарот да почне со работа кон средината на 2020 година.

Русија исто така неодамна ги објави плановите за изградба на серија телескопи на Месечината за да ги следи потенцијално опасните вселенски карпи, па се чини веројатно новиот центар ќе има улога во остварувањето на тој план.

Бакарас изјави за „Спутник“ дека руските научници во моментов истражуваат различни начини за уништување или пренасочување на вселенските карпи што се движат кон Земјата, вклучително и преку употреба на сателити, ракетни мотори и соларни едра.

„Во моментов, работата во овие области е ограничена во голема мерка на теоретско истражување и математичко моделирање на разни контрамерки“, рече Бакарас .  Додаде дека истражувањето би можело да биде клучно за зачувување на планетата ако астероид се најде на патека преблиску или во правец кон  Земјата.

Германски Ромео поминал 260 километри во автомобил на баба му за да ја види девојката

14- годишно момче од Германија тргнал во романтична авантура со автомобилот на неговата баба , што и го зел без знаење , само за да ја види својата девојка.

Четиринаесетгодишно неименувано момче во текот на ноќта го укралo автомобилот на баба му и возел низ Германија 260 километри. Авантурата завршила кога вработени во бензинска пумпа се јавиле во полиција вчера во раните утрински часови.

Момчето избегало со автомобилот на баба му од местото Герден во Долна Саксонија, соопшти полицијата. Потоа се возел до градот Алсфелд во соседната држава Хесе, каде забележал дека останува без гориво.

Застанал на бензинска пумпа на автопатот за да го наполни резервоарот. Вработените се посомневале дека такво младо лице плаќа гориво и повикале полиција.

Момчето подоцна признало дека сакало да ја посети својата девојка во Франкфурт.

Полицијата му поднела прекршочна пријава за возење без валидна возачка дозвола.

Русин се шокирал , кога го видел лицето на бебето во машина за перење

Татко од Русија се преплашил кога видел маица со фотографија од лицето на своето бебе во машината за перење, мислејќи дека бебето е внатре.

Корисникот на социјалната мрежа „Имгур“, за кој се верува дека е од Русија, останал во шок пред да сфати дека тоа е само фотографија на неговото бебе и дека тоа е безбедно.

„Ве молам, ако некогаш ја перете омилената маица со слика на вашето бебе, само ставете предупредување на машината за перење или нешто друго “, ги предупреди другите корисници на Imgur со фотографија која предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Некои луѓе го советуваа да ја сврти кошулата наопаку додека пере, а за други беше чудно што воопшто има маица со лик на бебето, а имаше и такви кои признаа дека биле шокирани се додека не го прочитале објаснувањето со фотографијата.

притисни ентер