Вонредна состојба во Венеција по катастрофалните поплави, во градот нема струја

Италијанската влада денеска ќе прогласи вонредна состојба поради природната непогода во Венеција, со цел што побрзо да се мобилизираат средства за да се избегне исчезнување на еден од најубавите градови на светот.

Непосредно пред полноќ, нивото на морето запре на 77 сантиметри, далеку од вчерашните 1,87 метри, што не беше видено во последните 53 години.

„Катастрофата што ја погоди Венеција е удар во срцето на нашата земја. Тешко е да се види градот толку уништен, неговото уметничко наследство е во ризик, трговските активности на колена“, рече премиерот Џузепе Конте, кој дојде во посета на градот.

Владата ќе се состане во Рим во денеска попладне за да прогласи вонредна состојба поради природната катастрофа во Венецијанската зона, постапка што и дава на владата „посебни овластувања и ресурси“ да дејствуваат што е можно поскоро.

„Ние сме подготвени да ги насочиме средствата“, рече Конте, кој на својата страница на „Фејсбук“ објасни дека ќе присуствува на состанокот на венецијанските локални власти за да разговара за штетата и да подготви решенија.

Порастот на морето вчера во комбинација со ветрови и дождови го поплави скоро целиот град: Гувернерот на регионот Лука Заја зборува за 80 проценти. Седумдесетгодишен маж загина од електричен удар.

Морето ги прекри гондолите, ги поплави продавниците, баровите, рестораните и предизвика прекини на електрична енергија низ целиот град.

Стотици туристи мораа да се пробиваат кон нивните хотели преку вода понекогаш длабока до коленото.

Најлошите поплави во Венеција во последно време се забележани во 1966 година кога приливниот бран достигна 194 сантиметри.

Градот, кој има 50.000 жители, секоја година прима околу 36 милиони туристи, од кои 90% се странци.

„Иднината на Венеција е во прашање. Не е веќе можно да се живее вака. Потребна е безбедност за да живее тука. Нашиот меѓународен кредибилитет е во прашање“, рече градоначалникот Луиџи Бруњаро.

Градоначалникот смета дека е приоритет да се заврши мегапроектот на браната МОИСЕ (експериментален електромеханички модул) што е можно поскоро за да се заштити целиот венецијански басен, а Конте смета дека најверојатно би можел да биде комплетиран до пролетта 2021 година.

Премиерот исто така вети дека ќе ја надомести штетата, за која рече дека не може да се пресмета во овој момент.

Министерот за животна средина смета дека причините за катастрофата се јасни: „Ова е директна последица од климатските промени и „тропикализацијата “со поројни дождови и силен ветер“.

Пендаровски: Високата корупција е закана за држава

 Неспорно е дека постојано вршиме прилагодување на домашното право со правото на ЕУ што е наша стратешка цел.

 Но, она што е моја лична дилема, а верувам и на најголемиот дел од нашите граѓани е дали државните институции суштински или само формално ги имаат усвоено и ги следат европските вредности и принципи во оваа област, рече претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на денешниот Регионален форум за борба против корупција на тема „Исполнување на ветувањето за проширување на ЕУ: 30 години добро управување и антикорупциски реформи во Централна и Источна Европа".

Претседателот Пендаровски повика на соработка меѓу институциите, невладиниот и приватниот сектор затоа што, подвлече, тоа е еден од успешните начини во справувањето со корупцијата, а транспарентноста и отчетноста се темели на доброто управување и владеење на правото.

– Долги години се занимавам со прашањата од областа на безбедноста и слободно можам да кажам дека во изминатите 10 до 15 години во нашата држава високата корупција прерасна во една од најголемите безбедносни закани за иднината на земјата. Тука морам да го издвојам т.н. случај „Рекет" кој дискредитираше голем дел од нашите напори и надежи за справување со криминалот и високата корупција. Лично не очекував дека носители на толку важни и одговорни функции толку ќе потфрлат во даден момент. Овој случај останува да биде лакмус за правната држава, а со тоа и тест за отпорноста од политички влијанија на клучните институции, истакна Пендаровски.

Според него, искрената борба за правна држава подразбира да се истражуваат криминалите на претходната, но и криминалите на актуелната власт, а истовремено е многу значајно да не се дозволи преку намерно застарување на предметите да се случи таканаречена скриена амнестија на сторителите на дела поврзани со високата корупција.

-Сметам дека е добро што се овозможи да постои континуитет и што предметите од поранешното СЈО беа преземени од редовното Обвинителство. Не постои земја членка на ЕУ која не ни укажува дека мора до крај да го истражиме тој огромен скандал во кој имаше милиони снимки кои мораат да имаат разрешница, во спротивно не може да очекуваме да не третираат како сериозна држава, потенцира Пендаровски. Тој очекува во наредниот период тоа да биде најтешката задача  со која системски и сериозно ќе се зафатиме откако ќе почнеме да преговараме со ЕУ.

Шефот на државата смета дека за ефикасна борба против високата корупција потребен ни е нов закон за  Јавно обвинителство кој ќе ги задоволува највисоките европски стандарди, наместо, како што рече, преку непринципиелни политички договарања зад сцена да ја компромитираме борбата со високата корупција.

Пендаровски се осврна на принципите на Конвенцијата на ОН за борба против корупцијата која укажува на тежината на проблемите и заканата што таа ја претставува за стабилноста и безбедноста, за демократските и за моралните вредности.

– Нам ни е неопходно системско справување со корупцијата и воспоставување нов вредносен систем за што е предуслов јасно изразената волја на релевантните политички фактори во државата, истакна претседателот Пендаровски  и повтори дека неопходните реформи во сферата на владеење на правото и правната држава не треба да ги правиме за да ги задоволиме критериумите за членство во ЕУ, туку за да ја вратиме довербата на граѓаните во институциите и во сопствената држава.

СДСМ: И Сиљановска го впери прстот кон Јанушев за незаконскиот долг од 400.000 евра

И кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори Гордана Сиљановска посочи дека за финансирањето на нејзината кампања одговорен бил генералниот секретар Игор Јанушев.

А токму за таа кампања ВМРО-ДПМНЕ има незаконски долг од 400.000 евра кој не може да се наплати.

ВМРО-ДПМНЕ го прекршила членот 71 од Изборниот законик каде е јасно наведено дека  сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка.

За ваквото прекршување на законите , мора да има одговорност, а овластен потписник на сметката бил генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Христијан Мицкоски треба веднаш да го повика на одговорност неговиот генерален секретар Игор Јанушев.

Во спротивно, Мицкоски ќе покаже уште еднаш дека е ист како неговиот ментор Никола Груевски, кој надвор од законот сметките за изборни кампањи ги затвораше со долгови од над 3 милиони евра.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Ременски дојде во Обвинителството да изврши увид во доказите

Пратеничката Фросина Ременски дојде во Обвинителството за организиран криминал  да изврши увид во доказите кои ги собрало Обвинителството во истрагата за невладината организација  Меѓународен сојуз .

Можност за увид во доказите имаат и прво осомничениот Бојан Јовановски кој беше претседател на организацијата и неговиот татко Миле Јовановски .

Вчера увид во доказите извршиле осомничената Јасна Мандиќ, потпретседателка на невладината организација, и Христина Блажевска, асистентка на Јовановски.

 По отворањето на случајот „Рекет“, обвинителството отвори  истрага за невладината  „Меѓународен сојуз“. Овој дел на истрагата се однесува на измамите со изградбата на старски домови,

притисни ентер