Секој девети возрасен човек во земјава има дијабетес

Во Македонија едно од девет возрасни лица имаат дијабетес во 2019 година или околу 175 илјади луѓе.

Продолжува да расте бројот на лица со дијабетес и во светот. Споредено со 2017 година кога се публикувани последните резултати од осмото издание на Дијабетес атласот, бројот на лица со дијабетес од 425 милиони е пораснат на 463 милиони, односно зголемен е за 38 милиони, според најновото деветто издание на Меѓународната Федерација за Дијабетес (International Diabetes Federation – IDF).

Ова зголемување на бројот на лица со дијабетес е еднакво на бројот на жители во една голема европска држава како Полска или повеќе од двојно повеќе од бројот на жители во земјите од Западен Балкан (Македонија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора). Се проценува дека до 2045 година оваа бројка ќе надмине 700 милиони или секој деветти човек во светот ќе има дијабетес. Десет отсто од здравствените трошоци во светот се трошат за дијабетес (760 милијарди долари), се наведува во соопштението од Асоцијацијата на на деца со дијабетес – БАЛАНС МК по повод Светскиот ден против дијабетес.

Според податоците на Меѓународната Федерација за дијабетес (IDF), едно од 11 возрасни лица (20-79 години) има дијабетес (463милиони), како и 1.110.100 деца и адолесценти на возраст под 20 години. Едно од две лица со дијабетес се недијагностицирани – 232 милиони. Едно од шест раѓања (20 милиони) е засегнато од зголемен крвен шеќер, од кои 84% се должат на гестациски дијабетес (дијабетес во бременост).

Преваленцата на дијабетес (процент на лица засегнатиод дијабетес во однос на вкупната популација) за лица на возраст од 20-79 години на светско ниво изнесува 9.3%, а се смета дека до 2045 година ќе изнесува 10.9%. Преваленцата во Македонија во 2019 година изнесува високи 11.1% што соодветствува на 175 илјади лица на возраст од 20-79 години, или секој деветти возрасен човек во Македонија има дијабетес.

Зголемената преваленца на дијабетес тип 2 е резултат на забрзаното темпо на урбанизација, стареењето на популацијата, седечки начин на живот, зголемена телесна тежина, недоволна физичка активност и поголем внес на нездрава храна.

Во светски рамки половина од луѓето со дијабетес се недијагностицирани, односно не знаат дека имаат дијабетес. Стапката на дијагностицирани случаи може да се подобри со зголемена свесност за симптомите за дијабетес тип 1 (жед, зголемено мокрење, замор, ненадејно губење на телесна тежина, глад) и зголемени можности за скрининг на лица со висок ризик за дијабетес тип 2 (напредна возраст, зголемена телесна тежина, компликации, ниско ниво на физичка активност и нездрава исхрана).

Тоа што треба посебно да загрижува, според Меѓународната Федерација за дијабетес (IDF), е што со растот на бројот на лица со дијабетес се зголемуваат и трошоците за дијабетесот. Се смета дека на дијабетес отпаѓаат 10% од вкупните здравствени трошоци во светот (760 милијарди долари).

Бидејќи се проценува дека 700 милиони луѓе ќе имаат дијабетес до 2045 година , неопходно е повеќе напори да се вложат во имплементација или подобрување на националните планови за превенција на дијабетес тип 2 и гестациски дијабетес и воведување на трошковно-ефикасни мерки за справување со дијабетес тип 1, тип 2 и гестациски дијабетес.

Во земјава е подготвена Национална Стратегија за справување со дијабетесот. БАЛАНС МК очекува од македонската јавност поддршка во Барањето за набавка на сензори за безболно мерење на гликемија на 500 деца и адолесценти во Македонија, како и исполнување на ветувањето за нивна набавка од Министерството за здравство, Владата и ФЗОМ час поскоро./МИА

Се намалува цената на електричните автомобили, некои се поевтини и за 2.000 евра

Портпаролот на Tesla денеска изјави дека компанијата ќе ги намали цените на некои модели на автомобили во одредени земји во Европа, вклучително и Германија, како и на Блискиот Исток и Африка.

Во Германија цената на моделот 3 со погон на задните тркала паднал од 42.990 евра на 40.990 евра, пренесува Ројтерс.

Таа компанија, чиј основач и директор е милијардерот Илон Маск, претходно најави намалување на цените во Кина и САД.

Така, во САД цените на трите модели ќе бидат за 2.000 долари пониски, а Model Y ќе чини 42.990 долари, Model S 72.990 и Model X 77.990, пишува ABC News.

На 15 април Маск објави дека 10 отсто од вработените во компанијата ќе бидат отпуштени.

Компанијата Тесла на почетокот на април објави дека испорачала 386.810 возила во првиот квартал од 2024 година, што е за 8,5 отсто помалку во споредба со истиот квартал минатата година, објавија медиумите.

На квартално ниво, испораките на возила на Tesla паднаа за 20 отсто во споредба со четвртиот квартал од 2023 година.

По тој повод, Tesla објави и дека во првиот квартал од 2024 година произвела 433.371 возила, што е за 1,7 отсто помалку од истиот квартал лани.

МОН: Наставата од деновите на гласање ќе се надомести во работни денови

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ во Скопје, наместо во саботи, ќе се надомести во работни денови.

Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците.

Потсетуваме дека наставната година за учениците од средните училишта трае до 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни и потребно е да го зачуваме најдобриот интерес на учениците, а тоа подразбира тие во целост и квалитетно да ја совладаат предвидената наставна материја.

Министерство за образование и наука

Четворица млади Германци се уапсени, додека полагале бели рози во куќата на Хитлер

Четворица Германци биле фатени како положуваат бели рози во куќата во која е роден нацистичкиот лидер Адолф Хитлер во западна Австрија на неговиот роденденот, а една жена меѓу нив го извела нацистичкиот поздрав додека се фотографирала.

Полицијата во провинцијата Горна Австрија соопштила дека четворица Германци, две сестри и нивните партнери, на возраст од 20-ти и раните 30-ти, отишле во зградата во саботата за да положат бели рози во прозорците, објави Политико.

Тие се фотографирале пред куќата, а една од жените го извела нацистичкиот поздрав. Патролните службеници ја забележале групата и ги однеле во полициска станица на распит.

Жената рекла дека не била сериозна во врска со поздравот, но полицајците изјавиле дека нашле разговор со други на нејзиниот мобилен телефон, во кој споделувале пораки и слики со нацистички теми.

Полицијата соопшти дека ќе ги пријави сите четворица пред обвинителството поради сомневање дека го прекршиле австрискиот закон за забрана на нацистички симболи.

Хитлер е роден на 20 април 1889 година во Браунау ам Ин.

По долги расправии за иднината на куќата во која е роден, минатата година почна да се работи за нејзино претворање во полициска станица, што требало да ги одврати оние кои го величаат Хитлер и имаат намера да ја посетат.

притисни ентер