Самит „Македонија 2025”: Да се инвестира во младите и да се слуша гласот на бизнисот

Во државата има услови, политичка волја и посветеност од сите за економски развој во кој клучни ќе бидат младите кои треба да останат тука и да ги искористат можностите за личен и за општествен развој.

Неопходно е продолжување на борбата против корупцијата, целосно владеење на правото, доследна примена на законите. Бизнисите од своја страна треба да го креваат гласот и да даваат иницијативи.

Ова беше порачано на отоврањето на осмиот Самит Македонија 2025 на кој денеска и утре шеесетина говорници ќе дебатираат на 15 одделни панели при што фокусот ќе биде на работните вештини и иновациите во борбата против загадувањето на воздухот.

Шефот на државата Стево Пендаровски порача дека за создавање модерна и просперитетна држава со млади кои ќе бидат задоволни во неа и со постојан економски развој е потребна соработка на политиката и бизнисот и градење политики според потребите на економијата.

-Без владеење на правото, доверба во институциите и нивно непристрасно и професионално функционирање нема подобрување на бизнис климата. Свесен сум дека оваа фраза ја повторуваме и дека на бизнисот и граѓаните им е доста од чекање. Но, навистина верувам дека по сите искушенија конечно е криерана позитивна атмосфера кај клучните чинители и во власта и кај опозицијата земјата да истрае во намерите и развојот на економијата да стане наш апсолутен приоритет, рече Пендаровски.

Според него, дигитализацијата е гранка на која треба да се посветиме затоа што, потенцираше, државата може да опстане само ако инвестираме во младите кои мораат првата шанса да ја добијат тука.

За задржување на малдите во државата и вложување на нивните потенцијали во економскиот развој во државата, според премиерот Зоран Заев, може да помогне и дијаспората.

-Ве повикувам низ оваа иницијатива и низ секој можен поставен канал да ги поддржите нашите граѓани, а посено младите да разберат дека и овде дома се може. Низ серијата политики што ги креиравме треба да испратиме заедничка порака дека ние сме подготвени да бидеме економски хаб овде во Европа, рече Заев.

Како што потенцираше, Владата постојано работи на креирање на политики кои на нашата бизнис дијаспора ќе и го олеснат простапот до крирање нови работни места, а нивниот капитал да го донесат во својата татковина. Осврнувајќи се на можностите за нови инвестиции и севкупен развој на државата премиерот упати на можностите од владиниот План за економски раст, позитивните параметри за економската состојба и новите можности што се отвораат со регионалните инцијативи и членството во НАТО.

– Бидете креативни создавајте бизниси, дојдете дома да им овозможиме на младите напредок, рече Заев.

Според американската амбасадорка во земјава Кејт Мери Брнс, бинисот и граѓанското општество кај нас покажуваат неверојатна посветеност на содавање услови за добра иднина во држават, заснована на владеење на правото и воспоставување бизнис клима која ќе привлече нови инвестиции. Подобрувањето на владеењето на правото, постојаната борба против корпцијата и иницијативите од типот на тие што ги промовира организацијата Македонија 2025 можат да ја подобрат состојбата.

-Доследна примена на јасни закони се клучни за промовирање бизнис и промовирање на инвестиции, рече амбасадорката Брнс.

Како што оцени подоброто рангирање на државата според индексот за слобода е значаен знак дека државата напредува и во однос на држави членки во Европската Унија. Претприемачите се засегнати да го постават курсот на државата.

-Вие не смеете да бидете тивки, а оние што ги носат одлуките не смеат да ве игнорираат, порача Брнс.

Раководството на Мкедонија 2025 упати пораки за соработка и партнерство на сите за постигнување подобар животен стандард што сметаат дека е клучно за државата. Ќе работат на промовирање прлатформи и програми за поддршка на младите, размена на искуства за лидерство.

Загина полицаец во Пиреја- се урна зграда, повредени се три лица

Еден човек загинал, а тројца се повредени кога утрово при реновирање се урна просторија од стара зграда во кварт на грчкото пристаниште Пиреја.

Според првичните податоци, жртвата е 31-годишен полицаец кој бил заробен во товарен камион и згмечен од градежен материјал.

Несреќата се случила во двокатница во улицата Неорион во Пасалимани при реновирање на зградата, пренесува Катимерини.

Тим од 24 пожарникари и спасувачката единица за одговор при катастрофи (ЕМАК) се уште се обидуваат да утврдат дали повеќе луѓе се затрупани во урнатините. Полицијата привела пет работници, изведувачот и возач на камион.

НБА ѕвездата Блејк Грифин ја заврши кариерата

Легендарниот американски кошаркар Блејк Грифин реши да стави крај на кариерата по 13 сезони во НБА!

Грифин својата одлука ја објави преку социјалните мрежи, а сезоната 2022/23 му беше последна. Тогаш беше член на Бостон Селтикс и одигра вкупно 41 натпревар на кои имаше просек од 4,1 поен и 3,8 скока.

Грифин никогаш не освои НБА прстен, а во текот на кариерата играше за Лос Анџелес Клиперс, Детроит, Бруклин и гореспоменатите Селтикс. Ќе остане запаметено и дека победи на натпреварот во забивање во 2011 година.

Иако втората половина од кариерата на Грифин беше бледа во споредба со првата, пред сѐ поради повреди, тој на крајот постигна голем успех во целина. На 765 натпревари во првенствениот дел од сезоната забележа просек од 19 поени, осум скока и четири асистенции.

Хамас го отфрли предлогот за договор со заложниците

Палестинското движење Хамас ги отфрли сите клаузули од последниот нацрт-договор за заложниците, зголемувајќи го бројот на палестински затвореници што Израел мора да ги ослободи како дел од договорот, објави израелскиот весник „Тајмс оф Израел“.

Весникот наведува дека Хамас е подготвен да ослободи само 20 заложници, жени и мажи постари од 50 години, како дел од првата фаза од договорот.

Исто така, Хамас бара Израел да се согласи на шестнеделно примирје пред да ги ослободи заложниците.

„Лидерот на Хамас во Појасот Газа, Јахја Синвар, не сака договор. Нему воопшто не му е грижа дали народот во Газа продолжува да страда, дури и во услови на голема израелска флексибилност за сите параметри на американскиот предлог. “, рече неименуваниот функционер.

Како што претходно објави Си-Ен-Ен, Израел се согласил со американскиот предлог за размена на заробеници и заложници, со што ќе бидат ослободени околу 700 палестински затвореници, вклучително и 100 на издржување доживотни затворски казни за убиство на Израелци, во замена за 40 израелски заложници кои ги држи Хамас во Газа.

притисни ентер