МТСП: Месечен младински додаток по 3.000 денари за сите млади вработени во производна дејност

На 164-та Седница, Владата гo утврди Предлог-законот за младински додаток, предложен од Министерстовото за труд и социјална политика.

Со младинскиот додаток поттикнуваме вработување на младите лица во дејностите на производството по завршување на средното образование. На овој начин истовремено придонесуваме за подобрување на нивниот животен стандард и ги задоволуваме потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила. Младинскиот додаток ќе биде во висина од 3.000 денари месечно и ќе им се исплаќа на млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование.

Младински додаток може да користи младо лице кое ги исполнува следните услови :

-е опфатено со задолжително социјално осигурување по основ на вработување кај работодавач или самовработување со претежна производствена  дејност;

-е вработено во приватна агенција за вработување и е отстапено на работа кај работадавач со претежна производствена дејност или

-е опфатено  во задолжително социјално осигурување како индвивидуален земјоделец.

Со воведувањето на младинскиот додаток Владата продолжува посветено да работи на подобрување на условите за живот на сите лица во Македонија, вклучувајќи ги и младите лица, соопштува МТСП.

Ременски дојде во Обвинителството да изврши увид во доказите

Пратеничката Фросина Ременски дојде во Обвинителството за организиран криминал  да изврши увид во доказите кои ги собрало Обвинителството во истрагата за невладината организација  Меѓународен сојуз .

Можност за увид во доказите имаат и прво осомничениот Бојан Јовановски кој беше претседател на организацијата и неговиот татко Миле Јовановски .

Вчера увид во доказите извршиле осомничената Јасна Мандиќ, потпретседателка на невладината организација, и Христина Блажевска, асистентка на Јовановски.

 По отворањето на случајот „Рекет“, обвинителството отвори  истрага за невладината  „Меѓународен сојуз“. Овој дел на истрагата се однесува на измамите со изградбата на старски домови,

Сабота, 21 декември, неработен ден за припадниците на турската заедница

 Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно Законот за празниците, 21 декември (сабота), односно Денот на настава на турски јазик е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница во Македонија.

Од Министерството на граѓаните припадници на турската заедница им го честитаат Денот на наставата на турски јазик.

Османи: Владите на Македонија и Србија го усвоија Договорот за граничниот премин Лојане – Миратовце

 Владите на Македонија и на Србија го усвоија текстот на Договорот за отворање на заеднички граничен премин Лојане – Миратовац, објави на својот Фејсбук профил  вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Тој нагласи дека Владите ги задолжиле министрите за внатрешни работи на двете земји да ги потпишат договорите во рок од седум дена и да почнат постапка за ратификација во собранијата.

Османи во постот, кој го објави вчера прикачи и фотографија со Нацрт – записникот од 169 седница на Владата. 

притисни ентер