Царовска: Минималната плата ја зголемивме на 14.500 денари, ги зголемивме и пензиите

Овие денови се боревме за зголемување на минималната плата. Сведоци бевме како пратеници закочуваат минимална плата. 

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вечерва во Делчево ја продолжи серијата граѓански трибини „На прав пат", каде се обратија министерката за труд и социјална политика и потпретседател на СДСМ Мила Царовска, членот на Централниот одбор на СДСМ Зоран Китанов и градоначалникот на Делчево Горан Трајковски.

-Овие денови се боревме за зголемување на минималната плата. Сведоци бевме како пратеници закочуваат минимална плата. Единаесет години ја држеа минималната плата под прагот, недостоинствено и неправедно. Најпрвин што направивме ја направивме минималната плата 12 илјади денари, а денес изнесува 14.500 денари. Но, растат и сите плати, во образование, во градинките, во здравството итн. Дополнително го стабилизиравме пензискиот систем и наместо популистички мерки заштедивме 3,5 милијарди денари за да го стабилизираме. Со тоа од јануари ја зголемуваме пензијата за 700 денари, а понатаму и над 800 денари, рече Царовска.

Стечајците на улица ги бараа своите права, но за само две ипол години, како што рече, опфативме 11 илјади стечајци за да остварат право на пензија.

– Оваа година ќе ја завршиме со 12 илјади стечајци. ВМРО-ДПМНЕ за нивниот мандат реши четири илјади стечајци, а ние за две години 11 илјади. Имаме 76 млади вклучени во Гаранција за млади, многу млади почнуваат свој бизнис. Ако продолжиме по овој пат нашата држава ќе си ја направиме поубаво место за живеење. Затоа ќе се борам за подобар живот на секој еден од нас, додаде Царовска во Делчево.

Китанов истакна дела целиот регион е во градежна офанзива, а најмногу се градело во Малешевијата.

-Кога ми ја доделија функцијата директор на Јавното претпријатие за државни патишта од Светска банка за малку ќе го земеа кредитот за рехабилитација на патот Кочани – Делчево. За само три месеци откако го презедовме проектот, ете го патот нов и асфалтиран. Тука беа и проблемите со одроните за нивна санација, требаше уште 7-8 милиони евра. Замислете како цела Триумфална капија. Но, и тоа се реши. Во Малешевијата се завршија многу патишта, Виница – Бигла – Делчево, Делчево – Пехчево, Делчево – Граничен премин. И сето тоа чинеше колку два проекта од „Скопје 2014", истакна Китанов.

Ја обвини опозицијата дека шири лаги. – Оставија бандери и далноводи на сред пат. Вистината е оваа, по финансиска книга платено и завршено 53 отсто од автопатот Миладиновци – Штип, за година ипол 47 посто. Кога некој лаже за нешто без усул, не можам да сфатам. Ветувам пролетта и експресниот пат Кочани – Штип ќе биде пуштен. Вашата желба ја знам, да имате експресен пат од Граничен премин Делчево до Кочани. Го имаме предвид, има елаборат за реализација на таков проект, додаде Китанов.

На трибината делчевскиот градоначалник се осврна на реализираните проекти во изминатите две години. – Вративме огромни долгови од 60 милиони денари со помош на Владата за да можеме порелаксирано да работиме. Го реконструиравме булеварот во централното градско подрачје, изградивме пешачки мост кој ќе ги поврзува жителите од стариот и новиот дел на градот и многу други проекти кои опозицијата не успеа да ги направи, иако имаа два мандата, рече градоначалникот Трајковски.

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Македонија, со седиште во Белград.

Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на акредитивните писма изрази уверување дека врз основа на принципите за демократско владеење, владеење на правото и почитување на фундаменталните права и слободи во иднина ќе се создадат можности за развој на односите и соработката помеѓу Македонија и Белорусија во домените каде што тоа е возможно.

Амбасадорот Сергеј Малиновски во своето обраќање истакна дека Белорусија очекува трговска соработка со Македонија, како и соработка за други прашања на билатерален и мултилатерален план.

Претседателот Пендаровски на амбасадорот Малиновски му посака добро здравје, како и многу успех во извршувањето на неговата одговорна мисија, соопштуваат од кабинетот.

Трендафилов: Половина од јавната администрација нема да добие усогласување со минималната плата

Вработените во здравство, полиција, образование, се само дел од секторите кои во месец април нема да добијат усогласување на нивната со минималанта плата – обвинуваат од Сојузот на синдикати. 

На 8 април излегуваат на протест, од пред зградата на ССМ па се до министерството за здравство, вработените во овој сектор ќе го искажат својот револт од не потпишување на анексот на колективниот договор. Првиот човек на ССМ ги повика сите административци да им се приклучат на протестот.

„Одредени сектори како што е дејноста здравство нема да добијат усогласување на нивните плати со порастот на минималната плата, нема да добијат ниту во дејноста образование, ниту во полиција, и неколку други дејности, каде ниту со колективен договор ниту со закон е предвидено вакво нешто, а протестот на 8 април ќе биде токму бо насока изразување на незадоволстовото од анкесот на потпишувањето на колективниот договор“, изјави Слободан Трендафилов – претседател на ССМ.

Една недела претходно, работниците ќе излезат и на протест за враќање на работничкиот дом. Од пред Врховниот суд ќе побараат преиначување на одлуката.

„Имаат можност а ние во вторник ќе ги охрабриме да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на работничкиот дом од работниците и за доделување на државата, на државата не и треба уште една зграда и требаат работници, “изјави Слободан Трендафилов – претседател на ССМ.

Најмалку 450 евра минимална плата во првите 100 дена на новата Влада, враќање платена хранарина и платен превозот за работниците се само дел од барањата, пак кои ќе бидат упатени на големиот традиционален прво мајски работнички протест.

Ѓоргиевски: Од Македонија се бара поврат на 2,2 милиони евра на ЕК злоупотребени преку Еразмус+

Европската канцеларија за борба против измами –ОЛАФ, бара  поврат на 2,2 милиони евра од Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година.

Европската канцеларија за борба против измами –ОЛАФ, бара поврат на 2,2 милиони евра од Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година, соопшти на прес-конференција, директорот на националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски.

Тој вели дека предметот е кај Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, но поради предистражната постапка не може да соопшти повеќе детали..

притисни ентер