Прегласната музика добра за расположението, но штетна за возењето

Речиси секој возач додека вози, сака да слуша музика. Во зависност од вкусот и расположението, се слуша рок, поп, џез, фолк… 

Но, истражувањата покажуваат дека видот и јачината на музиката влијаат врз расположението на возачите, а со тоа и врз брзината на возење.

Експертите тврдат дека погласната музика и музиката со побрз ритам влијае врз адреналинот на возачот и го тера да вози побрзо, а потивката и музиката со побавен ритам не предизвикува адреналински скок кај возачот и тој вози повнимателно.

– Општопознат факт е дека возењето е мултитаскинг-активност која бара концентрација, внимание и посветеност. Основна задача на секој возач е внимателно да ги следи состојбите и случувањата во сообраќајот. Внимателното и будното следење на состојбите и случувањата во сообраќајот му дава можност на возачот брзо и ефикасно да интервенира во случај на непредвидени и несакани ситуации, кои неретко се случуваат во сообраќајот. Согласно наведеното, секое дејство, случување или настан (слушање гласна музика, зборување на телефон, јадење, козметичко средување, пушење цигари итн.) што го одвлекува вниманието на возачот, директно влијае во насока на загрозување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, бидејќи на тој начин се намалува возачката способност на возачот. Прегласната музика едноставно е штетна при возењето, велат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Едно истражување во кое биле вклучени волонтери ставени на симулатор покажа дека оние испитаници на кои им беше пуштена тивка музика или кои воопшто не слушаа музика ја променија сообраќајната лента околу 70 пати, а оние кои слушаа музика со брз ритам истата лента ја променија дури за 140 пати или двојно повеќе од првите.

Оттука препораките на експертите се да се слуша музика со помалку од 120 бита во минута додека се вози.

Британската кредитна и лизинг-компанија за автомобили Манибар анализирала 96 најпопуларни песни и има составено листа на најопасни и најбезбедни песни за возење.

Така, во групата најопасни песни за возење оваа британска компанија ги вбројува American Idiot – Грин деј, Party in the USA – Мајли Сајрус, Mr. Brightside – Килерс, Don't Let Me Down – Чеинсмокерс и Born to Run – Брус Спрингстин.

Најбезбедни песни за возење, пак, според Манибар се Stairway to Heaven – Лед цепелин, Under the Bridge – Ред хот чили пеперс, God's Plan – Дрејк, Africa – Тото и Location – Калид.

Според експертите, прегласната музика не само што влијае врз брзината на возење, туку е штетна и за самото возење бидејќи од јачината на музиката во автомобилот, возачот не може да ги слушне надворешните звуци во сообраќајот ниту, пак, звукот на моторот на автомобилот, кој е главниот репер за исправноста на возилото.

– Прегласната музика оневозможува возачот да ги следи и да ги регистрира надворешните звучни сигнали, како што се свирките од останатите возачи, сирените на противпожарните возила, полицијата, амбулантните возила и слично. Исто така, гласната музика оневозможува да се слушне звукот на моторот, кој може многу да кажува за моменталната состојба на возилото. Исто така гласната музика оневозможува да се следат реакциите и случувањата во околината, посочуваат од РСБСП.

Оттаму апелираат возачите да бидат внимателни и концентрирани секогаш кога се наоѓаат зад управувачот на возилото и да не преземаат никакви дејства кои на кој било начин, директно или индиректно, имаат ефект на одвлекување на вниманието на возачот и на намалување на неговата возачка способност. РСБСП препорачува да се вози со музика со бавен ритам и гласност која овозможува да се слушне моторот на автомобилот и која овозможува да се следат случувањата во сообраќајот.

– Внимателно, концентрирано и одговорно управување на моторното возило е предуслов за безбедно одвивање на сообраќајот, нагласуваат од РСБСП.

Во државава досега не е изготвена студија или истражување за тоа како влијае гласната музика врз однесувањето на возачите. Но, истражувањата од релевантни меѓународни организации покажуваат дека слушањето гласна музика, возењето на повеќе лица во еден автомобил или други слични активности се значаен ризик-фактор што ја загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот.

– Наведените ризик-фактори особено се изразени и влијаат на однесувањето на младите и неискусни возачи. Истражувањата исто така покажуваат дека на глобално ниво, бројот на сообраќајни незгоди кои се последица на одвлечено внимание се во континуиран раст и токму затоа оваа проблематика заслужува многу сериозно внимание во периодот што следува, посочуваат од РСБСП./МИА

Македонија гласа на прв круг претседателски избори: Гласачките места ќе бидат отворени до 19Ч

Во училиштето Георги Димитров каде што се гласа имало мал застој во гласањето поради уредот за идентификација.

По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи.

Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава нашата екипа е на отворањето на гласачките места во Скопско Влае, а во моментов е во училиштето Георги Димитров каде имало мал застој во гласањето поради уредот за идентификација, но гласањето нема да биде продолжено затоа што застојот траел помалку од еден час, таму е Игор Манасивски.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Дневен хороскоп за 24. април 2024 година

Дневен хороскоп за среда, 24. април 2024 година 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе продолжите да излегувате и да ја развивате својата врска на паметен начин . Некои тукушто ја започнале , па нека одат полека.

Кариера

Можеби ќе имате малку повеќе среќа од другите , бидејќи на работното место сега ви помагаат.Но , и тоа ќе помине.

Здравје

Одморете се за утре.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вашето љубовно расположение ќе биде во пад, додека партнерот ќе има потреба за повеќе нежност. Бидете тактични.

Кариера

Во деловната кореспонденција ќе бидете многу оригинални . Со своето изразување ќе поттикнувате , но и ќе ги збунивате другите.

Здравје

Денеска сте возач различен од сите други.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Помалку ќе приговарате , па вашиот партнер ќе станува се посреќен и позадоволен , а секако и вие со него.

Кариера

Би можеле да ги проширите вашите деловни хоризонти со нови знаења , помодерен пристап или со истражување без компромис.

Здравје

Вежбајте јога.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Немојте да се споредувате со другите , зашто нема добро да се чувствувате. Бидете мирни и трпеливи и уживајте во она што го имате.

Кариера

Имате одлични идеи како да ја унапредите дејноста во која работите. Ќе размислувате за тоа.

Здравје

Верувајте во подобро утре.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Сентименталноста или потребата од нежност ќе предизвика голем копнеж кај вас доколку сте сами , или пак желба да му угодувате на партнерот.

Кариера

Уметниците ќе имаат многу впечатливи настапи и денеска , а другите навистина ќе уживаат во публиката.

Здравје

Аплаузот е загарантиран.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Во текот на денешниот ден вашите лични односи ќе се доведуваат во ред и малку по малку ќе се подобруваат.

Кариера

Алтернативците одлично ќе ги води интуицијата , а креативците едноставно ќе уживаат во својата работа.

Здравје

Здружете се со младите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Оние во подолга врска успешно ќе го обноват својот сексуален живот. Оние кои сеуште се сами , нека излегуваат зашто ќе им биде убаво.

Кариера

Со која работа и да се занимавате , денеска би можеле успешно да го споите убавото со корисното.

Здравје

Игнорирајте го немирот.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

За вас ни денеска нема пречки. Отворени ви се многу љубовни врати , а ваше е да изберете.

Кариера

Количината на мислите во вашата глава ќе биде значителна , но ниту една нема да биде поврзана со работата.

Здравје

Поминете си убаво.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашата најдрага личност ќе може да се потпре на вас , а со тоа ќе ви се подигне самодовербата.

Кариера

Во моментов ништо не ве загрижува. Ако треба да се работи , во ред , ако треба да се оди во борба за работа , и тоа не ви пречи.

Здравје

Почнете да вежбате.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Како што ќе минува денот, ќе имате се поголема потреба дасе повлечете од другите и да се завлечете во четирите ѕида на домот.

Кариера

Некои меѓу вас ќе посакаат одмор . Можно е да посакаат и да добијате неколку слободни денови.

Здравје

Преиспитајте се себеси.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Доколку се контролирате и ја пшочитувате другата страна, може да очекувате подобрување на личните односи.

Кариера

Веројатна е многу пријатна соработка со деловни партнери од странство или со луѓе од иста професија.

Здравје

Ќе ви олесни.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе поверуваат дека се на прагот на конечно решение, но ќе се покаже дека треба уште да поработат на својот однос.

Кариера

Ќе ве интересира се што може да придонесе кон вашата сигурност. Некои ќе ги анализираат финансиите , а другите ќе ги проверат бравите во станот.

Здравје

Немате причина за страв.

Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. 

Кон крајот на денот ќе има локален слаб дожд, краткотрајно пороен, проследен со појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.

Во Скопје променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 22 степени Целзиусови.

Како што соопшти УХМР, утре ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи, а на повисоките планини ќе преминуваат во повремен слаб снег. Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време.

притисни ентер