Заев: Брендирањето на производите од регионот Македонија ќе го реши експертска комисија

Премиерот Заев е убеден дека брендирањето на производите од регионот Македонија во Грција ќе го реши експертската комисија.

Заев верува дека изнаоѓањето на трајно решение на ова прашање ќе биде уште еден мост на спојување на Република Македонија и Република Грција во делот на градење на пријателството и стратешкото партнерство.

„И договорот од Преспа и меѓународните стандарди јасно укажуваат како се решаваат ваквите прашања. Ние тоа прашање го имаме решено во договорот од Преспа, каде што ќе се создаде, односно треба да се дооформи меѓународната експертска комисија од двете страни каде што заедно ќе го реши трајно брендирањето на производите по потекло од регионот Македонија кој не спојува“, вели Заев.

„Може било кој самостојно да истакне нешто, тоа никаде не е забрането, тоа не е против Преспанскиот договор, но решенијата ќе се направат преку меѓународната експертска комисија. Зошто за сите да не биде Македонија, ние веќе имаме географска одредница“, додаде Заев.

Феенорд ја одби првата понуда на Ливерпул за Слот

Ливерпул не ја прекинува потрагата по наследникот на Јирген Клоп. Во текот на изминатите неколку дена, се појави информација дека напаѓачот на Феенорд, Арне Слот моментално е на врвот на потесниот круг на „црвените“. 

Англискиот гигант веќе стапил во контакт со своите колеги во Холандија. Ливерпул чекаа до финалето на Купот на земјата, кое го освои тимот од Ротердам, а потоа почнаа официјални преговори.

Сепак, првата понуда на Ливерпул за Слот беше одбиена од Феенорд, тврди „Атлетик“. Тимот понудил 9 милиони евра за раскинување на договорот со менаџерот. Холанѓаните одлучија дека оваа сума не е доволна за да го ослободат.

Иако се во преговори за Слот, Ливерпул се уште разговара за други опции за иден тренер.

Минатата кампања, Слот го предводеше тимот од Ротердам до нивната втора титула во Холандија во последните 20 години. Претходната година, Феенорд стигна до финалето на Конференциската лига, каде што загуби од Рома. Тренерот е на чело на Феенорд од 2021 година.

Клубот нема желба да се раздели со него, но тој е ентузијастички настроен да го преземе Ливерпул. /MIA

ДИК: Излезноста до 19 часот е 48,46%, најмногу во Новаци- 71,07%

Најголема излазност од 71,07 % е забележана во Новаци , а најмала во Центар Жупа со 16,19% ,соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски 

На по едно место во Липково, Могила и Делчево ќе се продолжи гласањето поради кус прекин.

ДУИ: Да им честитаме на сите граѓани, имавме мирен изборен ден

На прес конференција на ДУИ во Мала Речица беше речено дека денека имало мирен изборен ден, како и во целиот изборен процес. Ова е наш заеднички успех.

притисни ентер