Археолошки наоди: Трескавец е култно место повеќе од два милениума

Просторот околу манастирот „Успение на Пресвета Богородица-Трескавец" кај Прилеп од памтивека е култно, сакрално место каде жителите на овие простори наоѓале духовно исполнување и го почитувале божественото.

И тоа на преку 1.200 метри надморска височина. Затоа не е случајно што средишно место зазема манастирот Трескавец. Ова е резимето на 11-годишните археолошки истражувања на Институот за старословенска култура и археологот Бранко Ристески кои работеа на артефактите со откривањето на античката населба Колобаиса.

Годинава, вели археологот Ристески, ги заокружиле истражувањата од првата фаза и фасцинираат уникатните наоди.

-Годинашниве археолошки истражувања се заокружување на првата етапа од археолошките истражувања на комплексот Трескавец кои започнаа во 2008 година. Како резултат на овие седум обемни археолошки кампањи успеавме, во основни црти, да ја дефинираме историјата на културата на овој простор и при што издвоивме 10 основни етапи, почнувајќи од доцното бронзено време до средината на 20 век. Помеѓу овие десет етапи на користење на овој простор од особено културно-цивилизациско значење за поширокиот Балкански простор имаат етапите поврзани со користење на античката населба и манастирот „Успение на пресвета Богородица", Трескавец, вели Ристески.

Тој појаснува дека истражувањата, главно, беа насочени кон финално дефинирање на карактерот на античката населба Колобаиса во нејзините две основни етапи. Првата етапа е од крајот на првиот и почетокот на вториот век па до последните децении на четвртиот век, и втората етапа, таканаречената Рановизантиска е од петиот и шестиот век.

-Успеавме да ги дефинираме архитектонските, функционалните решенија на двата влеза во населбата. Главниот влез е позициониран на западната страна од бедемот и помошниот простор (потерната) на источната страна. Она што е најбитно како заклучок е дека конструкцијата, или техничките решенијана овие влезови јасно упатуваат на тоа дека немаат нагласена фортификациска (одбранбена) улога што ја потврдува нашата почетна теза дека овој простор уште од праисторијата па до ден-денес, има нагласено сакрално, култно значење. Имено, дури и во периодот на 5 и 6 век кога Колобаиса е вклучена во одбранбениот систем на Северна Пелагонија како просторна заштита и уште тогаш нема нагласени фортификациски објекти, туку само комуникациски пункт, посочува Ристески.

Според Ристески, тоа отвора дополнителна димензија во поширокото заштитено подрачје „Маркови кули". Имено, посочува, овој гранитен простор во целиот културен период за кој говори е интегрално третиран. Секој од гранитните огромни делови има своја функција. Така, ридот „Маркови кули" има одбранбена и функција на населба, гранитното извишување Кукул-Баба има стопанска функција, а возвишението Златоврв-Трескавец има единствено сакрален карактер.

-Во тоа е уникатноста на материјалните траги. Тие говорат дека на една, исклучително, висока позиција, од 1200 до 1400 метри надморска височина со големи финансиски и човечки инвестиции се инсистирало да се создаде еден култен простор, од длабоко во антиката до денеска. Сето тоа му дава дополнителна димензија на она што нам ни беше приоритет. Наодите се во контекст на заштитеното подрачје „Маркови кули", нагласува археологот Ристески.

Самиот простор Трескавец во кој Манастирот со Црквата „Успение на Пресвета Богородица" го има централното значење, наведува тој, добива дополнителна димензија.

-Се потврди дека форумот во кој централно место зазема Базиликата е ремоделиран во средниот век, во 12 век, во Манастир, со нагласено култно значење, потенцирано во втората половина на 13 и во раниот 14 век. Тогаш, еминентни византиски великодостојници инвестирале во градбата на Манастирот како таков. Главно му се припишува на големиот византиски великодостојник Михаило и сознанијата покажаа дека тогаш се највисоките дострели на манастирската архитектура на овој простор. Да резимираме, овие два нови момента: историјата на културата на античката Колобаиса и новите сознанија за корените, односно, највисоките точки на дострел на манастирскиот комплекс се нова димензија која ни овозможува овој простор, во пошироки научни рамки да го промовираме и да му ја дадеме онаа димензија што нам ни е битна за постојаната листа на УНЕСКО, изјави Ристески.

По завршувањето на оваа прва фаза може в година да се аплицира за завршните археолошки истражувања и конзерваторските работи на античката населба Колобаиса.

-Уникатноста на овој простор е култноста и сакралноста кои како да се дадени од природата кои човекот само ги опредметува од праисторијата до денес, го заклучува објаснувањето археологот Бранко Ристески и директор на Институтот за старословенска култура од Прилеп.

Отец Калист, единствениот жител на манастирот Трескавец кој е во завршната фаза на обновата, вели дека со овие истражувања, со идниот нов лик на околината на Трескавец ќе продолжи да се раскажува приказната за овие, би рекле „свети" простори кои отсекогаш го привлекувале вниманието на патниците-намерници од цел свет, а ќе има и практична намена – оформувањето на бедемите на античката населба ќе го штитат Манастирот од пожари.

-Овие архелошки истражувања многу значат и се надеваме дека ќе се заокружи приказната за Колобаиса, за претхристијанскиот и за ранохристијанскиот период на просторот околу Трескавец. Сето ќе го збогати мозаикот во туристичката приказна која постои сега. Просторот ќе се видоизмени со сите тие градби кои сами ќе ја раскажуваат приказната. Би било едно интересно патување низ времето од антиката, преку средновековието до денес. За нас од исклучително значење е практичниот дел, возобновувањето на целиот заштитен бедем околу Колобаиса. Тоа ќе значи природна заштита, особено од пожари, зашто ги имаме речиси секоја втора година, вели отец Калист./МИА

Трет ден потрага по изчезнатата двегодишна Данка во Србија

По три дена, српската полиција ја прекина потрагата по исчезнатата Данка во планинската област на Бањско Поле и истрагата се насочува во друг правец.

Досегашните информации покажале дека двегодишното девојче најверојатно не се наоѓа на подрачјето каде е досега барано, чија површина изнесува околу 10 квадратни километри. Полицијата сега води проверка на базните станици и ги вештачи телефоните на родителите на девојчето и се испитуваат соседите.

-Самиот факт дека е прекината потрагата, значи дека се дојде до некои нови информации кои ја насочија полицијата на оперативна задача. Со целото срце се надевам дека тоа се позитивни информации, и дека наскоро ќе добиеме информација дека Данка е пронајдена жива и здрава,- изјави, Славица Радовановиќ – полковник во пензија на мин. за внатрешни работи на Србија.

Паралелено со оперативната истрага, според српските медиуми, се чешла и дворот на куќата на семејството каде исчезнала Данка. На местото дошол и багер кој го прекопувал запуштениот имотот прекриен со шут и обраснат со трње. Во исто време, полицијата врши проверка на шахтите и јамите во населбата.

-Може да кажеме дека поголем дел е пребаран, но секогаш постојат тие пет до десет отсто веројатност, што не можеме да ја потврдиме, дека детето го нема, од различни фактори. Постои ситуација кога ветерт не го носи мирисот на страната од каде доаѓа куќето, туку го носи на друга страна,- Дејан Шевковиќ – планинарска спасувачка служба.

Потрагата по двегодишното девојче до вчера се вршеше од воздух и копно, со над илјада полицајци, спасувачи и доброволци. Се користеа дронови со термо камери, хеликоптери и кучиња трагачи, но досега потрагата не даде никаков одговор.

На Данка Илиќ ѝ се губи секаква трага од вторникот околу 13 часот во приградската населба Бањско Поље кај Бор. Исчезнала во моментот, кога мајката му давала вода на својот син. Полицијата дошла за 15-тина минути по пријавувањето, а последен пат, според мештаните, била видена како се упатува кон шумата.

Јанчев: Фудбалот во Кавадарци.... Некогаш и сега!

Цели 17 години кавадарчани го живееја сонот да го видат својот миленик повторно во првата лига, напиша на својот профил на Фејсбк, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Фудбалот во Кавадарци.... Некогаш и сега! [⬇️]

[📌] Цели 17 години кавадарчани го живееја сонот да го видат својот миленик повторно во првата лига. Од 2017 та година откако Митко Јанчев ја доби функцијата градоначалник на Општина Кавадарци, работите за ГФК Тиквеш кој играше во втората лига исток тргнаа кон подобро. Во сезоната 2018–19 Тиквеш играше бараж за влез во првата лига но загуби од Силекс со 2-3. По паузата заради КОВИД пандемијата, градоначалникот Јанчев покажа огромен сенс за спортот и уште повеќе го поттикна клубот решен на своите кавадарчани да им го врати прволигашкиот фудбал. Тоа и се случи веќе во сезоната 2020/21 кога Тиквеш заврши како втор и во баражот со 1-0 го совлада Силекс а кавадарчани по 17 години повторно добија можност да уживаат во прволигашки фудбал.

[📌] Во првата сезона по враќањето во првата лига Тиквеш

Ќе влијае ли глобалниот данок од 15% на новите инвестиции во ТИРЗ зоните?

Ќе влијае ли глобалниот данок од 15% на новите инвестиции во ТИРЗ зоните и за светските компании кои се веќе во земјава, по обврската да ја воведеме давачката која произлегува од членството во организацијата за соработка и развој(ОЕЦД)?

Според проценките, 50 странски компании кои работат во земјава ќе бидат опфатени од глобалниот минимален данок кој ОЕЦД го наметна од први јануари годинава. Првичните истражувања на „Прајс вотерхаус куперс“ покажале дека македонскиот буџет по овој основ ќе се соочи со одлив од најмалку 30 милиони евра годишно... Од советот на странски инвестиции при стопанската комора пак велат очекувале транзициски период.

Ние како Совет уште минатата година го покренавме овој разговор и оваа дискусија со економскиот тим на Владата, и ако тогаш на еден или друг начин ни беше кажано дека барем ќе има некаков транзициски период каде што ние како држава веднаш тоа нема да го воведуваме, сепак од први јануари оваа година овој данок е воведен на глобално ниво, така да голем број на компании без разлика дали работат во или вон технолошко-индустриските развојни зони, или дали тие добиваат државна помош или не, ќе треба детално да се разгледаат сите ефекти како тоа ќе влијае врз локалните компании...

Светските компании во земјава сега плаќаат данок од 10%, а со глобалниот ќе плаќаат вкупно15% со тоа што 5% ќе одат во нивните матични земји. Според првиот човек на ТИРЗ – Јован Деспотовски нема да се отежни процесот на привлекување на странски инвестиции. Според него сегашниот данок од 10% мора да остане поради придобивките за домашната економија... Предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за намалување на данокот за компаниите на 5% за него е неекономски...

-Нема да го отежнат за нас, меѓутоа очигледно ќе го отежнат за нашите политички опоненти, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ заговара нова стратегија на привлекување на странски инвестиции кои што се базираат на намалување на данокот на добивка што е „нонсенс“. Ние како држава сега треба да бидеме паметни, да ги спречиме негативните ефекти врз домашната економија, тоа значи да не се залетаме и да го воведеме тој данок од 15%. Исто така и не треба да бидеме глупави па да одиме со политиката од 10% на 5%, знаејќи дека компаниите кои плаќаат сега 10% ќе треба разликата до 15% да ја доплатат некаде на друго место,- -Јован Деспотовски – Директор на ТИРЗ.

Според наведеното, ОЕЦД со глобалниот данок сака да стави крај на трката со даночни ослободувања или олеснувања да се привлечат што е можно повеќе инвеститори од страна на земјите. Нивната иницијатива ја подржаа 140 земји, а тоа ги засега над 8.000 светски мултионационални компании со консолидирана добивка од над 750 милиони евра...

притисни ентер