ВМРО-ДПМНЕ: Измамникот Заев денеска повторно пред Форумот на Жени на СДСМ лажеше

Зоран Заев повторно ветува прогрес, а ги погази достоинството и перспективите на сите во Македонија.

Следниот пат кога Радмила Шекеринска ќе му пишува говор нека спомене барем збор за одговорноста на власта за аферата Леонардо, за тендерите на Анѓушев, за концесиите и марихуаната на кланот Заеви, за торбата Луј Витон со рекетираните милиони.

Во овој говор на Заев не слушнавме ни збор за 500 000 граѓани кои живеат во сиромаштија, за иселувањето на младите, за очајните земјоделци, за пропаднатото здравство, колабираното образование и за тоа што СДСМ направи за надминување на проблемите на граѓаните.

Тоа е реалноста со која се соочуваат и жените и мажите и младите и возрасните во Македонија. Наспроти розевите очила на Заев, граѓаните живеат со јадот и чемерот како да го преживеат месецот.

Заев може да бега од одговори, но нема да побегне од одговорноста. Одговорноста ќе го стаса како катастрофален пораз на претстојните избори.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија гласа на првиот круг претседателски избори

Македонија по 7 пат бира претседател на државата. Гласачките места  ќе бидат отворени  до 19 часот. 

По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава нашата екипа е на отворањето на гласачките места во Влае. Таму е Игор Манасивски.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Лични документи можат да се подигнат и денеска

Лични документи можат да се подигнат и денеска, на денот на изборите, информираат од МВР.

- Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот, соопштуваат од МВР.

Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.

Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавниот превоз денеска ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи, соопшто Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

притисни ентер