Брзината со која автомобилот ја губи вредноста зависи од неколку фактори и затоа не сите автомобили ја губат својата вредност подеднакво.
Според неодамнешното истражување на повеќе од 7,7 милиони нови и користени автомобили од iSeeCars.com, просечното возило губи половина од својата вредност по пет години.
Сепак, постојат и модели кога тоа се случува со многу побавна брзина, пренесува Телеграф.
1. Subaru WRX - 40% загуба на вредноста
На оваа скала, ќе видите значително помалку модели на седани и хечбек, како што е Subaru WRX отколку што веројатно се очекува. Но, ова не е големо изненадување бидејќи купувачите во моментов целосно се воодушевуваат од SUV моделите.
Ова е особено точно за WRX, кој првенствено е насочен кон ентузијасти, и затоа ја држи цената.
2. Nissan Frontier - 39,5% загуба на вредност
Frontier не е премногу конкурентен производ, но овој модел е стар пет години и е направен кога производството на пикап со средна големина не беше толку распространето како што е денес.
3. Nissan GTR - 39,4% загуба на вредноста
Овој модел е популарен и како Godzilla, и го заработи прекарот благодарение на 3,8-литарскиот дво-турбо V6 мотор кој испорачува 480 коњски сили на сите четири тркала.
4. Porsche 911 - 37,2% загуба на вредноста
Тоа е легендарен модел кој секогаш ќе биде во побарувачка затоа што претставува сон на многу возачи.
И го има фактот дека Порше со децении не го менува основниот изглед на овој модел, што значи дека петгодишниот модел сепак изгледа како нов.
5. Toyota Tundra - 35,9% загуба на вредност
Тојота Тундра е единствениот голем пикап на оваа скала, а неговата репутација за исклучително сигурен автомобил не му ја намалува вредноста.
6. Jeep Wrangler - 31,5% загуба на вредноста
Ова не е преголемо изненадување бидејќи Wrangler има издржливост и легендарен статус. Верните фанови не треба да бидат занемарени, заради чија побарувачка Jeep едноставно не може да направи доволно модели за да ги задоволи.
7. Jeep Wrangler Unlimited - 30% загуба на вредноста
Jeep го воведе Wrangler Unlimited со четири врати во 2006 година и веднаш успеа да се наметне.
Побарувачката за овој модел исто така покажува дека Wrangler Unlimited е возило што најмалку губи од својата вредност.