Балотели се степал на тренинг, па со полна брзина избегал дома

Не му требаше многу на Мауро Балотели за да направи прв проблем и во Бреша.

На денешниот тренинг, тој се степал со соиграч, јавуваат италијанските медиуми.

Тренингот предводен од тренерот Фабио Гросо започнал во 3 часот, а само еден час подоцна Гросо луто викаше по Балотели за да замине во соблекувалната.

Околу 15 минути подоцна, револтираниот напаѓач се упатил дома со автомобил. Се разбира, тој нагазил жестоко и дивјачки на гасот, така што сите можеле да слушнат дека налутен го напушта кампот за обука.

Портпаролот на клубот Матео Кавазути се обиде да го прикрие инцидентот.

„Балотели беше заменет од тренерот Гросо за време на мини натпреварот со тактички тестови и Марио отиде премногу бргу во соблекувалната“.

Сепак, нема објаснување зошто Балотели налутено излетал од кампот и нагазил на гасот на пат кон неговата куќа.

Контроверзниот 29-годишник е член на најлошиот тим во моментов во Серијата А во Италија , Бреша, за која има шест настапи и постигнато два гола.

Скудетото му носи нов договор на Инзаги

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги наскоро би требало да потпише нов договор со клубот, пренесуваат италијанските медиуми.

Интер игра одлично сезонава, во поголемиот дел од сезоната е лидер во италијанското првенство и само прашање на време е кога математички ќе ја обезбеди титулата, па нов договор за тренерот е само логичен редослед на настаните.

Неговиот актуелен договор истекува во јуни 2025 година, клубот сака да му обезбеди подолг престој, па ќе му понуди продолжување до 2027 година.

Симоне пристигна во клубот од Милано во 2021 година по неговиот ангажман во Лацио.

Оттогаш, тој освои вкупно пет трофеи – два Купа на Италија и три италијански Суперкупа.

Минатата сезона го предводеше Интер до финалето на Лигата на шампионите каде загуби од Манчестер Сити, а оваа сезона како што стојат работите ќе го освои првото Скудето.

Италијанските сили се дел од НАТО мисијата за воздухопловно патролирање над Македонија

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето денеска во Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец го потпишаа Техничкиот договор .

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето денеска во Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец го потпишаа Техничкиот договор со кој Италијанските вооружени сили и официјално се вклучија во НАТО мисијата за воздухопловно патролирање над македонското небо.

Министерката Петровска по потпишувањето истакна дека со вклучувањето на Италија во оваа НАТО мисија, единството во Алијансата го гледаме на дело.

„Често споменуваме дека Алијансата е приказ на сојузништво и единство, но зборовите не можат да го отсликаат тоа што можеме да го видиме на дело – италијански и грчки воени воздухоплови, во координација со македонското воено воздухопловство гарантирајќи ја безбедноста на небото на Македонија“, рече министерката.

Со Италија изградивме вистинско сојузништво и развивме силна соработка, рече Петровска, и додаде дека фактот дека италијански воздухоплови ќе ја гарантираат безбедноста на нашиот воздушен простор е приказ за целосна меѓусебна доверба.

Италијанскиот министер Крозето порача дека со денешното потпишување на овој историски договор, Италија заедно со Грција ја презема обврската за заштита на небото на Македонија и дополни дека сојузништвото во Алијансата значи своите сили да се стават на располагање на други земји кога има потреба за такво нешто.

„Италија има чест што може да даде свој придонес во оваа насока и ѝ благодари на Северна Македонија за довербата“, рече Крозето.

Небото на Македонија со официјалниот почеток на НАТО „air policing“ мисијата во нашата земја во декември 2021 година, и официјално стана дел од колективниот систем на Алијансата за воздушно патролирање. Досега, воздухопловното патролирање беше доверено на грчкото воено воздухопловство, а отсега тоа ќе се врши со воздухоплови на грчките и на италијанските воздухопловни сили, во координација со военото воздухопловство на Армијата на Република Северна Македонија.

Мисијата за воздухопловно патролирање на нашето небо ја раководи Сојузничката воздухопловна команда на НАТО, а тактичката контрола на мисијата е под раководство на Центарот за комбинирани воздухопловни операции во Торехон, Шпанија.

Министерство за одбрана

Бундесверот испраќа 10.000 артилериски гранати во Украина

 Германија ќе испрати 10.000 артилериски гранати од сопствените резерви во Украина како дел од долгорочниот план во три фази, изјави генералот на Бундесверот, Кристијан Фројдинг.

Фројдинг во интервју за Дојче веле вели дека по првата, итна фаза, на среден рок ќе биде поддржана чешката иницијатива за испраќање уште повеќе муниција.

„Ќе преземеме над 180.000 парчиња муниција, кои се планирани да бидат испорачани од почетокот на летото до крајот на годината“, рече генералот.

На „подолг рок“, Германија, покрај чешката иницијатива, потпиша и билатерален договор со кој се предвидува испорака на уште 100.000 артилериски гранати од четвртиот квартал годинава. Фројдинг не сакаше да каже со која земја е склучен договорот за испорака.

Според Фројдинг, моменталната најитна потреба на Украина е „артилериска муниција, друга муниција и наведувани проектили за модерни системи за противвоздушна одбрана и оклопни борбени возила“.

Фројдинг во интервју за Дојче веле зборува и за обуката на украинските војници во Германија. Минатата година, 10.000 припадници на вооружените сили на Украина беа обучени на германските воени полигони, а уште 3.000 до 4.000 луѓе ќе бидат обучени во првите месеци од 2024 година.

притисни ентер