Пресуда на суд во Франција: Патките може да квакаат колку сакаат ! (ВИДЕО)

Патките на мала француска фарма можат да продолжат да се квакаат, пресуди судот во Франција и ја отфрли тужбата од сосед кој се жалел дека звукот на патките му го направил животот мизерен.

Судот во градот Дакс донесе пресуда дека бучавата произведена од шеесет патки и гуски на пензионираниот земјоделец Доминик Дуте во подножјето на Пиринеите во југозападна Франција е во прифатливи граници, јави телевизијата Франс 3.

„Патките победија“, изјави Дуте за Ројтерс.

„Многу сум среќен затоа што не сакав да ги уништам патките“, истакна тој.

Судската жалба е поднесена од соседот, кој се преселил пред една година на имот оддалечен педесетина метри од фармата.

Спорот е последен во серијата судски случаи во кои се прави обид да се поткопа традиционалниот начин на живот во рурална Франција и да се заменат со модерни вредности, за кои се обвинети локалните жители од новодојденците.

Пред два месеци, судот му дозволи на петелот Морис да кукурика в зори и покрај поплаките од соседите кои исто така се доселиле од град на село.

Алонсо: Останувам во Леверкузен, тоа е вистинското место за мене

Чаби Алонсо ја потврди својата одлука да остане на чело на Баер Леверкузен. Така, тој ја пропушта можноста да ги преземе Ливерпул или Баерн Минхен, кои уште од летото го посакуваа во своите редови и влегоа во преговори со него.

Тој во принцип има договор со „аспирините“ до крајот на сезоната 2025/26. Според информациите во летото 2025 година во неговиот договор ќе биде активирана клаузула според која тој ќе може да замине како слободен агент.

Шпанецот моментално го води Баер до титулата во Бундеслигата, со солидна предност од 10 бода пред второпласираниот Баерн на осум кола до крајот. Одделно, тимот е во четвртфиналето на Лига Европа и е во полуфиналето на Купот на Германија.

Чаби Алонсо го води Леверкузен од октомври 2022 година.

Мицкоски и Ковачевски сметаат дека е добро што ќе имаат јавно соочување на Канал 5

Очекувањата на Ковачевски се дека неговиот политички опонент ќе одговори која е неговата стратегија за деблокада на преговорите, како едно од најголемите прашања кои останаа нерешени. 

Како до подобар животен стандард, кое е најдоброто решение за евроинтеграциите и чија програма е победничка- ова се дел од темите за кои лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Ковачевски и Мицкоски за првпат ќе ги судрат аргументите на ТВ дуел в среда во живо на Канал 5. Очекувањата на Ковачевски се дека неговиот политички опонент ќе одговори која е неговата стратегија за деблокада на преговорите, како едно од најголемите прашања кои останаа нерешени.

-Јас се радувам на овој ТВ дуел, бидејќи конечно ќе можеме да чуеме кој каков став има за најважните прашања за државата. Моите ставови веќе ги знаете, меѓутоа се надевам дека во среда ќе можеме да ги чуеме и ставовите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на интерацијата на државата во ЕУ, односите со соседите и за односите во државата виз-а-ви другите етнички заедници.- Димитар Ковачевски – претседател на СДСМ

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски очекува сериозна дебата за иднината на Македонија, со понуда за проекти и решенија за проблемите на граѓаните.

Очекувам на тој дуел да презентираме како ја гледаме Македонија во следните децении, барем јас така ќе бидам подготвен и така ќе настапам. Очекувам успешен дуел кој ќе го привлече вниманието на граѓаните и ќе даде одговор на многу прашања коишто досега немале можност граѓаните да ги слушнат. - Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ

ТВ соочувањето меѓу Ковачевски и Мицкоски ќе трае 2 часа, со еднаков простор за двајцата лидери. Досега дуели во студиото на Канал 5 меѓу лидерите на двете најголеми политички партии се одржуваа во три наврати, додека Зоран Заев беше претседател на СДСМ – во 2019, 2020та и последниот во септември 2021ва година, на еден месец пред локалните избори по кои тој си поднесе оставка од премиерската и партиската позиција.

Сиљановска: Граѓаните и Македонија треба да бидат повторни горди!

Македонија повторна горда. Ова е слоганот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и колицијата  за претседател Гордана Сиљановска кој го презениташе предмалку. 

Таа смета дека не само државата, туку и на граѓаните треба да бидат повторно горди. Таа обвини дека во земјава се правело културоцид.

притисни ентер