Пендаровски: Скопје и Белград имаат исти цели и грижи

Србија и Македонија се соседни земји кои немаат отворени прашања, а делат заедничка историја и имаат заедничка цел – членство во ЕУ, истакнува претседателот Пендаровски во интервју за „Политика" во пресрет на денешната официјална посета на Белг

– Немаме отворени билатерални прашања, а имаме заеднички цели и грижи, да градиме општества во кои нашите граѓани ќе имаат добар квалитет на живот и во кои младите луѓе нема да се иселуваат и ќе добиваат шанса да успеат дома, вели Пендаровски.

Врските меѓу двете земји, уакажува шефот на државата, не ги градат само институциите, туку и бизнисот, како и многубројните семејни релации меѓу граѓаните од двете земји.

Пендаровски очекува на денешната средба со српскиот претседател Александар Вучиќ да имаат позитивни разговори за многу теми од заеднички интерес, а пред се за политичките, безбедносните и економските прашања.

– Иако Македонија наскоро ќе стане членка на НАТО, а Србија има неутрална политика, двете земји имаат одлична одбранбена и безбедносна соработка, која очекувам да продолжи и во иднина. Како соседи, Србија и Македонија делат заеднички грижи за безбедносното опкружување и имаат многу програми за размена и обука. Имајќи предвид дека стратешка цел на двете земји е членство во ЕУ, соработката во одбраната и безбедноста ќе продолжи и во рамките на европските иницијативи, вели претседателот Пендаровски во интервјуто за „Политика".

ДИК : Силјановска Давкова со 37,80 % , Пендаровски 18,66 % од гласовите

Според податоците на Државната изборна комисија , на 59,61 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 37,80%

На второ место е Стево Пендаровски со 18,66 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 15,63 % , Максим Димитриевски 8,09% , Арбен Таравари 11,39 % , Билјана Ванковска 4,49 % и Стевчо Јакимовски 0,96%.

Стево Пендаровски

97.592 | 18,66%

Гордана Сиљановска Давкова

197.741 | 37,80%

Стевчо Јакимовски

4.997 | 0,96%

Бујар Османи

81.748 | 15,63%

Билјана Ванковска Цветковска

23.472 | 4,49%

Арбен Таравари

59.591 | 11,39%

Максим Димитриевски

42.296 | 8,09%

(21.05 ч.) ВМРО-ДПМНЕ на 61% : Силјановска 246977 , Пендаровски 115722гласови

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, на 60 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со преку 130.000 гласови пред Пендаровски

ДИК : Силјановска Давкова со 37,07% , Пендаровски 18,29 % од гласовите

Според податоците на Државната изборна комисија , на 50,24 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 37,07%

На второ место е Стево Пендаровски со 18,29 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 16,33 % , Максим Димитриевски 7,87% , Арбен Таравари 12,07 % , Билјана Ванковска 4,38 % и Стевчо Јакимовски 0,97%.

притисни ентер