Се отвора првиот Нутела хотел

На сите вљубеници во светски познатиот намаз ќе им биде драго да слушнат дека во јануари во Калифорнија ќе се отвори првиот Нутела хотел.

Но, за жал веста се однесува само за неколку американци затоа што хотелот ќе работи само еден викенд. Среќниците ќе мораат малку да се потрудат за да ја добијат оваа награда.

Три најголеми фанови и нивните гости ќе уживаат во разните искуства, секако, базирани на Нутела од 10 до 12 јануари.

Сите заинтересирани можат да се пријават на службената страница, но за жал, играта важи само за жители на САД.

Нивната задача е да снимат видео во кој ќе покажат зошто баш Нутела ги прави нивните утра посебни. Со оглед на единствената неверојатна можност да уживаат во Нутела хотелот, со сигурно ќе има многу заинтересирани.

Тројца победници ќе освојат патување до хотелот со уште едно лице и таму ќе поминат три дена и две ноќи. А во хотелот ќе има познати слаткари и готвачи од светот кои ќе се погрижат за добитниците да си поминат незаборавно.

-Нутела хотелот на победниците ќе им пружи посебно искуство на појадување и ќе им овозможи уживање во омилениот намаз на нови и различни начини, велат од маркетинг тимот на најпознатиот намаз на светот.

Натпреварувањето трае до 8 декември.

Кој знае можеби еден ден ваков натпревар ќе се случи и на овие простори па сите ние ќе можеме да уживаме во Нутела хотелот.

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

притисни ентер